Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
21.10.2012, 16:48

Мое ќоше

Во земјата на спомениците

Ерол Ризаов

Неделава што измина прочитав четири возбудливи вести: пристигна нова тура споменици од светот франко Скопје. Се истовараат како на кванташки пазар од шлепери, ѓутуре, има нешто и рефус. Ќе се редат на новиот, стар скопски театар, како што се стокмија паметниците на покривот на Министерството за надворешни работи и како што ќе се наполни мостот „Око“, на кој му дадов прекар „полно око празна рака“. Ете тоа е мојот фаворит, првата вест на неделата, која речито зборува за континуитетот на една успешна политика, за чудесната преродба со споменикоманија. Вратено е достоинството и гордоста на нацијата, излечени се повеќедецениските комплекси дека сме словенски варвари. Со помош на мудрата политика си обезбедивме минато какво што нема никој и кое допира до корените на човечката цивилизација. Докажавме дека човештвото и културата тргнале од Македонија. Деновиве успеав да прочитам во нашите весници неколку сјајни анализи што ги изнесуваат на чистина арамиите и фрлаат нова светлина на светската наука. Духовниот папок на светската култура бил во Македонија. Штета што ни ја украле комшиите. За жал, и тие не се офајдиле нешто многу од нашата култура. Ги казнил Господ.

Втората вест е дека телохранители ќе ги чуваат спомениците. Општина Центар во главниот град беше најбрза и најоперативна, бидејќи на нејзина територија има најмногу споменици по глава на жител. Веднаш откако се забележаа неколку хулигански инциденти и вандалистички напади врз уметничките дела со непроценливо богатство, оперативните функционери на најбогатата општина во земјата донесоа храбра одлука. Да издвојат 120.000 евра годишно од џебот на скопјани за одбрана на спомениците од разни словенски варвари и други зулумќари. Навистина, добро е што се презема ваква акција. Лично се уверив во тоа. Некни, квечерина, додека пешачев по кејот, забележав еден таков како моча кај нозете на императорот Јустинијан. Прав вандал, по суратот видов дека не ни знае кој е Јустинијан. Затоа итно треба да се охрабрат сите општини во Скопје и во Македонија веднаш да ангажираат агенции за заштита на спомениците. За секое мочање на јавно место или пред споменик глобата е 50 евра, така вели законот. Не видов колку чини голема нужда.

Вториот проблем е со гулабите и чавките што ги кашкаат спомениците. Тоа ќе се реши на поевтин начин. Ќе се ангажираат луѓе кои ќе се преправаат во плашила за птици. Така ќе се заштедат пари, а ќе се намали и невработеноста. Од плашила нема подобра заштита од птици. Најпогодни да изигруваат страшила се пензионерите опозиционери. Проблемот е што во нив не може да се има доверба. Затоа вмровците ќе си стават млади храбри патриоти да си ги бранат спомениците од птиците.

Третата вест е лоша, ме онеспокои. Една ретка агенција која не лаже „ТНС брима галуп интл“, членка на светската мрежа компании за истражување на јавното мислење „Галуп интернационал“, откри загрижувачка вистина: најголемиот и најскапиот владин проект „Скопје 2014“ ја губи поддршката кај народот. Според истражувањето на јавното мислење, дури 57,8 отсто од испитаниците не ги сакаат спомениците и не сакаат барок и рококо-архитектура. Само 26,4 отсто од испитаниците позитивно се изјасниле за нашата споменикоманија. Додека, пак, индиферентни, или баш ги заболе, биле 15,8 отсто. Ако се погледаат податоците од истражувањето на меѓунационален план, лесно се гледа дека Албанците се на мислење дека проектот стимулира омраза. Само 3,3 отсто од Албанците позитивно се изјасниле за „Скопје 2014“, а цели 88,6 отсто искажале негативно мислење со јасна алузија дека го сметаат за манифестација на македонски национализам. Кај Македонците и другите етнички заедници расположението за „Скопје 2014“ исто, главно, е негативно, односно 48,1 процент се со неповолно мислење, а една третина 33 отсто имаат симпатии кон проектот. За мнозинството граѓани на Македонија проектот е неприфатлив поради расипништвото и трошење на државните пари за историски манипулации, корупција и кич.

Четвртата вест, конечно, е најдобра и ги покрива сите други. Министерот за финансии, Зоран Ставревски, обезбеди нов заем од 250 милиони евра за буџетските дупки. Е, сега може раат да одиме на избори.


Статијата е прочитана 4134 пати.

Испрати коментар



Кризата ја става Европа на тест
Нобелова награда
Длабока држава
Погрешен начин за зголемена наплата



jovan, 22.10.2012 00:58:40
Kriminalot e dosta rasiren i veke vidliv, pa zatoa grcevito ke se borat za vlast, no grcevito se borat i vo slucaj na poraz posle izborite da si imaat obezbedeno zastita.Nema lesno seto ova da se donese vo nekakov red, no ne znaci deka e nevozmozno.Se blizat izbori(lokalni),no se zboruva i za Parlamentarni, pa ostanuva da se vidi dali onie koj pretendiraat za Vlast imaat volja, sila i plan kako da se spravat so ova sto ne snajde, ili ke bide povtorno dogovaranje, pregovaranje, prebojuvanje...i na kraj pak se isto i pak istite.Sega za sega se uste nikoj javno ne izlegol i ne vetil pred ovoj narod deka listata za apsenje stanuva se podolga i podolga i ke mora da se apsi sto pobrzo, inaku kasno ke bide.Takov se uste ne izlegol pred ovoj narod, a ovoj narod toa go ceka i poskauva.Sve izgubija(duri i decata gi izgubija po svetot)i do nisto ne im stalo osven da gi vidat onie koj toa im go napravija onamu kade pripagaat.Vo sprotivno ovaa banana drzava brzo ke bide izedena od lokalni majmuni.
PAVLE ALIMASKA, 22.10.2012 01:31:59
Ерол,понекогаш се срамам што сум дел од овој народ,не само од народот Македонски кој е прост и недоветен и лесно се лаже и манипулира,но се срамам што сум дел од интелектуалниот дел кој мирно го набљудува сето ова што му се случува .Како може кај овој народ се да помине,да го спротивстават народот едни спроти други пред собранието,па тоа ниту на афричкиот континент го нема.Дали тие што штрајкуваат против опозицијата видоа благодети од оваа власт.Дали се задоволни од астрономското поскапување на струјата,кое го прави ГРуевски,а ги убедува дека Бранко е крив.Па тоа е идиотска изјава и на која за жал многумина и веруваат,дали се воодушевени од ТВ претплатата,од цените на маслото ,лебот,сирењето,месото,БРАНКО ЛИ ГИ ПОСКАПУВА НИВ !!!
Marioec od Azija, 22.10.2012 04:42:29
Jas mislev na prvo mesto ce ja stavese vesta,za sudskio proces sto se vodi vo Gostivar.Ah zaboraviv,kakva vest toa ne e nikakva toj presudi vednas posle sluckata,pa ni kaza deka policaecot bil kriminalec i red drugi raboti,samo sto ne ni ja kaza visinata na kaznata.Kaj smee nekoj da se brani,koga go napadja glutnica,spored doticnio.Ne deka gi podrzuvam spomenicite i za mene se povece odosto e potrebno.Ama avtoro so negovoto pisanie za sluckata,sirese medjuetnicka omraza,i po negov avtomatizam makedoncite se vinovni,a isto i Makedonjija.
Бугарин, 22.10.2012 07:55:59
Македониjа не трябва да гледа назад во миналото. Ваша отговорност е да я спасите тази държава.Но явно няма да успеете. Със споменици не се прави държава.Държава се прави със съюзници. Ако не ги намерите................
ФЕЛИКС, 22.10.2012 08:05:27
Значи имаме по 123 пат навраќање на омилената споменичарска тема,некогаш опсервација лута,па разочарана па сега иронична.Дури имаме и напредок во перцепцијата на опсервирање анкети.Дури сега се откри да агенцијата имала супер бекграунд.Предходно многу-многу не и се веруваше кога прогнозираше изборни дебакли на некого.Инаку добро е што му ,,олесни,, на авторот околу споменичарството на театарот,па така заборави да упати апел до некогашните дејци од Водно да ги вратат бистите од театарот земени после земјотресот.И на крај останавме по навика покуси дали авторот се грижи каков ќе биде митингот на 28 октомври.Дали ќе чуеме нешто ново,или ново ќе биде само сонгот,,излези момче на тераса,,па дали митингашкиот амбиент соодејствува со споменичарството, па бројноста,па дали се најде кандидат за градоначалник на Скопје и т.н Да го почекаме 29 октомври па можеби ќе се смогнат сили за постмитингашки анализи.Иако не се сакаат идеи како ,,домашни задачи,,
Rezzilof, 22.10.2012 08:51:52
И што сега?Штом се вратат твоите нека си ги послушаат своите гласаќи и водачи па казмата или клучот и нека му го вратат “сјајот“ на плоштадот - пуста ливада со кампери,коњи и дечиња кои питачат и какаат каде ќе стигнат,а да не го заборавиме чичко Стоилко и чистачот на чевли.
Ајван Доктор®, 22.10.2012 08:55:55
За големата нужда ќе мора да се казни владеачката гарнитура!Поголемо с*ање од „Скопје 2014“нема!Такво нешто не може да се најде ниту во Боратовата Астана!Она што ме фрла деновиве во депресија е тоа што ни следува по изборите!Заемите на власта,непродуктивните енормни трошоци и оние од изборите ќе мора да се покријат на некој начин!Најлесниот начин е тоа да се стори преку грбот на граѓаните!Тоа ќе предизвика екстремен пораст на цените на мало,на комуналиите и огромно покачување на даноците,особено на оние на недвижностите!Портокаловата фурија,анемичната опозиција и индиферентниот народ заедно ќе допринесат за зголемување на хаосот!
Buntovnik, 22.10.2012 09:14:53
Me cudi kako e mozno da edna banda(ova sto imate kako vlada) da go promeni izgledot na gradot. Go promeni zivotniot tok na graganite vo Skopje. Go natrupaa gradot so metali koj tie gi narekuvaat spomenici. Site znaat deka tuka se izmieni i opljackani golemi pari, a nema nikakva reakcija od intelektualcite, od studentite od rabotnickata klasa. Isprativte mladi luge na protest koj bea ispotepani od lakrdite na familijata i tolku. Kraj. Dali ova znaci deka makedonskiot narod ne vredi ni pet pari, a familijata go znae toa i zatoa go eb.va narodot kako saka. Tie znaat deka ovoj narod ke prokenka malku i za dva dena se ke zaboravi. Jeb.ga, togas go zasluzuvate seto ova sto vi pravat.
Progresivni kazni za m...., 22.10.2012 09:27:09
Ubavo sto eve vlastive se resile da gi zastitat spomenicive od slovenski varvari i huligani preku so telohraniteli, a od cavki i drugi ptici so montiranje na plasila pokraj spomenicite. No kako sto znaeme edna od celite na ovie spomenici bese i privlekuvanje na stranski turisti.E sega treba da se pripremime za taa navalica i naezda na turisti koi ce navalat da gi vidat ovie cuda na umetnosta.Se se plasam dali ce imame dovolno kapaciteti,a eve so izgradba na hoteli slabo napreduvame. Ete i onaj hotel od procueniot lanec na hoteli ,zad Ramstor, kade Mile Janakievski obecavase uste pred tri godini deka sigurno ce pie kafe, za da im dokaze na nevernite Tomi deka placot e navistina namenet za hotel, a ne e nekakva ujdurma ne e ni zapocnat. I okolu ona mocanje. Mislam deka kaznite treba da bidat progresivni. Ne e isto da mocas kaj Justinijan ili kaj Konjanikot i negoviot tatko. Ete tie neka se dvizat od 50 evra do 1000 evra Ajde sega nekoj neka se resi na toa kaj nasiot slaven Konjanik.
od ostrijot, 22.10.2012 09:39:19
erole ako taka prodolzi lugeto nemorat dase prepravat vo plasila nije veke izgledame kako plasila pa zatoa cavkite i golubite nemadase plasat od nas.
zagrizen, 22.10.2012 10:02:23
Felco za sekoj normalen covek ludorijata narecena Skopje 2014 e katastrofa.Seljacka rabota.Znaes koga seljakot ima pari pa ke pocne da kupuva,kic namestaj,regali,sliki,i na kraj nema kade da se stapne doma.No toa e ona seljackoto,eve jas imam(selanec e dobar covek, no pokondiran selanec e SELJAK).Znaci ne mora da e mnogu,tuku treba da e estetsko,da e ubavo.Kako primer kamen most,Vardar,kaleto (sveto trojstvo).Felco kade e kaleto?Ne te citam na tvoite omileni temi za Cvetana,Vapcarov,Janeta (sto bidna,ke se sprovede zakonot ili ja menuvame istorijata, se molci),za parnoto,za novi zadolzuvanja so koi gi osuduvame uste nerodenite generacii na finansisko ropstvo,za sekojdnevnite ubistva,samoubistva,grabezi na banki,stedilnici,oblozuvalnici,za skapotijata,za himnite,za denot na Albanskoto zname,za armijata nevraboteni,za mladite koi se osudeni da baraat kako da si odat od MKD,za niskiot standard,za Hasana,za Djemota ima temi kolku sakas.Mnogu e ukakano,a?I nemoj te molam za BC,smeni lenta..
Mark, 22.10.2012 10:31:07
Do AjvanDoktorot - Astana, so dve-tri ,,vmrovski,, gluposti(triumfalna porta etc) e primer kako se koncipira i gradi grad na 21-viot vek! Povikani se najgolemite arhitekti na denesnicava - Frenk Geri, Ser Norman Foster, Rem Kulhaas - i sozdadeno e arhitektonsko cudo vo srceto na Azija, i od funkcionalen i estetski aspekt! Kamo srekja i ovde namesto poluobrazovani provincijalci za nasevo Skopje da odlucuvaa kosmopolitski orientirani intelektualci - nemase da ja imame ovaa nepopravliva karikatura od ,,metropola,,...
Oskar, 22.10.2012 10:31:45
Vrz osnova na vakviot stav na pogolemiot del od graganite, ovaa vlast koja se deklarira kako narodna i go pocituva mislenjeto na svoite gragani, bi trebalo vednas da prestane so realizacija na proektite koi se uste ne se pocnati, kako izvedba na barokni fasadi i barokni katni garazi, NBM, mostot so panoramsko trkalo za koj veke se formira gradiliste i dr. Vo kolku ne se ispocituva voljata na narodot veruvam deka vo Mart ke stasa kaznata. Bi sakal da potsetam deka mnogu od ovie proekti ne bea vo predizbornite vetuvanja, a se gradat, a imase vetuvanja koi sega nikoj od vlasta ne gi spomnuva pr. podzemnata soobrakajnica vo centarot, tramvaj, besplatni vakcini protiv grip i dr. Se izgradia premnogu administrativni objekti koi go iscrpija Budjetot.
Македонец, 22.10.2012 10:55:17
Јас мислам да го вратиме плоштадот и старата автобуска станица како што беше. Со трафики и со простор за уринирање и голема нужда, плус со доволно храна за добитокот на определени граѓани на Скопје. Како и темницата што си постоеше околу тогашно МНТ каде никој не поминуваше и за џабе имаше празен простор, и каде можеше некој поштено да те истепа (плус со зградите кај МОБ нема веќе да се плаќа кирија со НАРОДНИ ПАРИ на „некого“ за да имаат простор овие институции). Искрено претераа овие малце ПОВЕЌЕ, и стана ДЕГУТАНТНО, ама барем јавните тоалите ќе ги снема, и покрај тоа што определени некултурни манијаци и понатаму уринираат кај што стигнат. А за вишокот споменици е лесно... само треба да дојде некој кој има повеќе стил и умеење да премести дел од спомениците на други локации (да не личи центарот на циркус и шаховска табла), зошто ако се уништат не сме подобри од варвари и талибанци.
mile, 22.10.2012 11:27:56
Глупаци македонски !!! Прочитајте го коментарот од Бугарин, и се ќе ви е јасно.......
milan, 22.10.2012 11:56:17
Felco, pak treses zeleni,krajno vreme e da te prijavime na baba Evda da ti razjasni nekoi raboti. Ama po se izgleda ti nemozes toa da go razberes,ili pak ne se otkazuvas od dnevnicata za komentar.POZDRAV.
Toa spomenicite, 22.10.2012 12:13:22
Kakvi se toa ludje (IQ) koj go opravduvaat i branat ovoj kriminalen kicheraj? Ne mozam da gi razberam i svatam. Neka im e Grujo na pomosh!
seirdzija, 22.10.2012 12:56:15
SKOPJE 2014,nitu imalo,niti ke ima cel da go razubavi gradot.Osnovna cel e slevanje na drzavni pari vo privatni dzebovi,koj ne veruva neka si gi pogledne cenite zaedno so se ANEKS dogovorite.Od taa pricina Makedonija stana drzava kade spomenicite se povazni od zivi ludje!!!!
Силогизам, 22.10.2012 13:01:38
„Загрижен“ кога учев предмет логика во гимназија имаше нешто што се вика силогизам: од две точно работи се изведува трета точна.на пример: 1.Сите птици летаат 2. Чавката е птица 3. Заклучок: Чавката лета Во овој случај? 1. Секој нормален е загрижен 2. Фелчовци не се загрижени 3. Заклучок: Фелчовци не се ......
Mudrec, 22.10.2012 13:57:45
Konceptot na Skopje 2014 e toa sto mu trebase na gradot. Koga ke gi trgnete partisikite komunjarski ocila, ke vidite deka sega gradot e mnogu poubav otkolku sto bese pred nekoja godina.Ne mora da vi se bendisuva sekoja gradba ili spomenik, ama nemojte zaradi partiski pobudi da kritikuvate koncept koj e dobar.
Goce USA, 22.10.2012 14:09:53
Spomenicite nemaat nikakva vrska nitu so kulturata nitu so istorijata a najmalku so umetnosta. Toa e samo odlicen plan kako da se isperat 300-500 milioni evra. Planot e vnimatelno smislen uste koga VMRO dojde na vlast i do den denes permanentno go ostvaruvaat bez razlika na javnoto mislenje. Vo istiot toj plan spagjaat i ovie feliksovci i jovani po forumive koi se zadolzeni za odvlekuvanje na vnimanieto od vlasta. Po istata sema se kontroliraat mediumite i razno-razni nevladini organizacii a onie sto ne mozat da se kontroliraat - se zatvoraat. Za zal narodov nas uste ne moze da ja vidi sumata od drvata.
Трпе, 22.10.2012 15:32:01
Проектот Скопје 1014 година наликува на загубената битка на Беласица на Цар Самуил.Откако на актуелната власт им успеа да го победи, поточно да го доведе во бедотија, наивниот мирен македонски народ,го ослепи и само на секој стоти граганин му остави по едно око да гледа портокалово.Со овој проект остварувачката влада си врши самоубиство.Не рачунајки како по нив државичката ке ни опстане.
луди Милојко!, 22.10.2012 15:48:43
Дудаче Евдино! Али го прочита интерјвјуто од светки познатиот архитект што се изјасни за споменичарството и за барокококо на плошдадот? Нејсе ,ама кога почна да броиш ,барем како НЕГРО, ортакот од кАолицијата , брои во проценти, 102,345.%.А за митингот, не се скалдисувај ами Оди,Оди на митинг ,само со перика и окалки за швајцување и наместо сонгот “качисе на тераса“ , од упла�� да го запоеш сонгот од ОНЕ: СС АА КК АА ММ ДОМААААААААААААААААААААААААА !! Седиси поарно дома! Дома си е дома (при рака да ти е чаша со вода )
tihi, 22.10.2012 16:19:02
Ne deka se mi se dopagja bezpogovorno ,ama nekoj da me ubeduva deka pred toa bilo poubavo i pritoa sebesi da se smeta za esteta i toa gradski ,a deka drugiot e seljak i od drvoto ne ja gledal shumata ,a svojata raska vo oko ne ja primetuva.Za shto mi zborite be vie.A ako mislite deka se kje beshe poevtino ako ne beshe 2014 , togash vi nema spas ,raskata vi ostanuva vo oko dozhivotno.
BHC, 22.10.2012 16:21:01
Mudar chovek ovaj Mudrecot.Ubavo ni veli da gi izvadime komunjarskite naocari,i da gi stavime negovite anticki naocari,ako sakame da ja vidime ovaa nevidena anticka ubavina shto samo toj i ostanatite novokomponirani anticki patrioti ja gledaat.Ubavina so koreni dlaboki preku 2000 god.Neznam shto chekame.A i nemora da brzame.Sega taa ubavina ke ja vardat telohraniteli,pa mozime da pocekame.
Еден друг Македонец, 22.10.2012 16:26:42
Сакам силно да го пофалам коментарот на „Македонец, 22.10.2012 10:55:17“. Многу луцидно и паметно кажано. Се согласувам дека се претера со споменици на толку мал простор, како и дека некои од нев се кич и навреда за добриот вкус, но апсолутно паметам и дека пред Скопје 2014 нашиов град личеше на некој од посиромашните градови во Северна Кореја или Таџикистан. Едно големо ништавило, еден празен плоштад со одвратен босански камен место нешто посимпатичната коцка, Роми кои продаваат гаќи 3 за 100 на сред Центар, питачи итн. СУПЕР е идејата за дислокација на некои споменици, со што би се довеле работите во границите на колку толку добар вкус: 1) Споменикот на Ченто да оди во Прилеп. 2) Гемиџиите во Велес; 3) Цар Самоил пред Тврдината во Охрид; 4) Димитар Беровски во Берово; 5) Споменикот на Питу во Крушево; 6) Она кичерајското со Асном во Пелинце или во Прохор Пчињски ако дозволат Србите. 7) Четирите златни коњи зад Прометеј гаќестиот на плоштадот во Шутка; ... давајте предлози!
VMRO-DPMNE Dolzno kako grcka, 22.10.2012 17:51:51
Повисоки цени за еуросупер 98 и дизелот Цената на еуросуперот БС-98 се зголемува за половина денар по литар, а на дизелот и на екстра-лесното масло за домаќинство за 2, односно 2,5 денари...
suze, 22.10.2012 18:15:46
Абе мудрецу тебе значи на гробишта ти е најубаво затоашто таму е споменик до споменик исто како на плоштад!?
svetlana, 22.10.2012 18:31:25
covek da si pomisli deka se naoga vo egipetskoto carstvo so kralot gruevski
M A R I J A, 23.10.2012 00:14:11
Gospodine Erol, kolumnata Vi e fenomenalna, kako i sekogash. A shto da se kaze Skopje - 2014 .... grobarot na Makedonija ! Kolku generacii ke gi otplakaat ogromnite krediti i kolku generacii ke ziveat vo siromastija za ludoriite na Grujo i familija ? Ako ima generacii ... I shto e zaprepastuvacki .. lugevo go odobruvaat toa i utre ke trcaat da glasaat zatoa shto im e dobra siromastijata. Go pozzz Pavle sto veli - ponekogash se sramam shto sum del od ovoj narod, se sramam i jas ne ponekogas tuku sekogash shto ziveam vo edna nenormalna drzava kako nasava !
avstralia, 23.10.2012 01:17:45
Pozdrav do Erol. Odamna tolku slatko i dolgo ne sum se smeela, apsoluten genijalec. Samo ke gi prenesam moite cuvstva - Koga posle podolgo vreme se vrativ vo Skopje, pocustvuvav neizmerna sreka, ljubov i gordost sto sum del od seto toa.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 10°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 23°C, Мин: 6°C

Среда
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (33)
Првомајскиот ручек на Караѓорѓево. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Бро�� - Титова совладетелка“
Кокан Димушевски: МРТ ја минира турнејата на „Леб и сол“ во Австралија
Клавијатуристот Кокан Димушевски не добил одобрение од МРТ, каде што е вработен, да замине на турнеја со групата...
Охрид со развоен план ќе го штити културното наследство
Во проект за интегриран пристап во управување со наследството се вклучени и Венеција, Вилавска Долина - Словенија, Крф, ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |