21.10.2012, 17:55 Поглед
Погрешен начин за зголемена наплата
Мирче Јовановски
Наплатата на радиодифузната такса никако да се среди. Ниту најновиот обид да се воведе ред во списоците не даде плод. Напротив, наместо тоа, дополнително внесе хаос. На иста адреса почнаа да стигнуваат не едно, туку по две, три, па и повеќе сметки.
Граѓаните со право се револтирани и се чудат како се случило МРТ да ги добие податоците за сите членови на едно семејно домаќинство. Се прашуваат што да прават сега, особено ако на грешката што е направена во јавниот сервис се надоврзе и евентуална грешка на УЈП, па по автоматизам да почне да им симнува од трансакциските сметки и пари за сметката и казнена камата. Нема никаква гаранција дека такво нешто ќе се избегне.
Попусти се оправдувањата од страна на МРТ и од надлежните кои се затскриваат зад штуро соопштение. Уште повеќе, непристојно е топката и во ваква ситуација да се префрла кај оние што се најмалку виновни за настанатата каша-попара, а тоа се обичните граѓани. Притоа, од мала помош е што се даваат неколку алтернативи – тоа да го направат по пошта, да се јават на еден од неколкуте телефони или, што е најмалтретирачки, самите да се јават на шалтерите во МРТ.
Никој не спори дека МРТ треба да го реши финансирањето на сопствената дејност и финансиски да застане на нозе. Тоа е условот без кој не се може да се прави квалитетна програма каква што му прилега на еден национален јавен сервис и која ќе биде во функција на граѓаните и на националните, а не на партиските интереси.
Но, МРТ одбра погрешен рецепт за да ја зголеми наплатата. Тоа не се прави со вештачко зголемување на списокот на претплатници, туку со поефикасни мерки и со подобра ТВ и радиопонуда. Како што тргнала, вака само го зголеми раволтот кај граѓаните токму во моментот кога прави сериозни напори да го подобри имиџот, во што има и резултати – со прикажувањето престижни ТВ-серии и филмови, со ребрендирањето, визуелните измени во дневникот...
Што им преостанува на граѓаните? За жал, ништо. Освен можеби да чекаат своите податоци да ги видат на ТВ-екраните. Како што тргнала работата, заштитата на личните податоци кај нас е таква што нема да изненади и ако се случи такво нешто. |
|
Статијата е прочитана 1316 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Збунет, 22.10.2012 07:01:01 | УЈП, па по автоматизам да почне да им симнува од трансакциските сметки и пари за сметката и казнена камата.
А од кои трансакциони сметки ќе им симнува на невработените и починатите? Оти и за таквите се доставени покани за плаќање! |
| Трајче, 22.10.2012 09:03:21 | Радиодифузната такса треба да се укине во целост, како што е направено и во други земји. Вака граѓаните непотребно се малтретираат. Се започна со 2 евра, сега за претплата се потребни 3 евра плус едно евро такса, . . .. Граѓаните се молзат. |
| imiDZ za 46%, 22.10.2012 09:43:45 | Me zacuduva tvrdenjeto na avatorot deka Grujovizija, oh pardon MRTV, pravela seriozni napori da go podobri imidzot ,sto imalo i pozitivni rezultati?!Koj imidz ,koi rezultati, osven sto radiodifuznata taksa vo ovaa nemastija ja pokacija za 46% , od 130,oo na 190,oo den, a vo nekoi sosedni zemji( Srbila)ja ukinaa, pa eve i toa im e malku pa sega pracaat smetki na site clenovi na semejstvo, na pokojnici , a mozebi ce pocnat da ispracaat smetki i na domasnite milenicina?! |
| milan, 22.10.2012 11:07:27 | Na ovoj narod taka mu i treba,koga povikuva AMAN da izlezeme za poskapuvanjata i vakvite gluposti kako radiodifuznata taksa,nie si sedime doma pred tv.priemnikot i kukame,ama nasiot glas ne se slusa.Ovaa vlast ima mnogu leplivi prsti pa nikakvo cudo ako zirne i vo transakciskite smetki,normalno preku MRT i UJP. Se razbira treba da go naplatat sedenjeto pred tv. i neizleguvanjeto na protest.Pozdrav Mirce i fala sto ja zadirate taa tema. |
| seirdzija, 22.10.2012 12:59:52 | Neznam zosto se cudite kako ve kradat koga drzavata ni ja vodat klasicni kleptomani . |
| zagrizen, 22.10.2012 13:37:58 | Zosto da se plaka radiodifuzna taksa koga sega MTV zarabotuva ogromna suma na pari od reklami pred se T-mobile ili i tie se reklamiraat besplatno kako vladata, ke platam radiodifuzna takasa togas koga nema na MTV da pisuva besplatno emituvanje bez razlika dali e toa nekoja vladina kampanja, zasto sepak toa e stav na odreden broj na luge no ne i moj pa zatoa ke platam taksa samo togas koga sam sebe ke se reklamiram na MTV |
| Placach na ne posakuvana i ne barana usluga, 22.10.2012 13:42:43 | Krajno vreme e MRTV da se prepushti na pazarot i pazarnite zakoni, pod istite uslovi kako i site drugi. Ako drzavata (DPMNE) saka javen servis, neka si ja placa. Zoshto nie da ja placame? I so takvi zakoni neka odleprshat i Branko, ama bogami i Grujo. Ne e Branko bash za se kriv. Tolku mnogu se udira po komunizmot, a site loshi i nelogichni raboti od nego gi prevzedoa. Edino dobrite raboti za narodot gi isfrlija. Ushte ednash, nam ne ni treba javen servis, komu mu treba neka si go placa! |
| Трпе, 22.10.2012 15:12:04 | Кој користи услуга на јавна куќа мора да се плати.Дали само за гледање или нешто друго мора да се плати.Владата им го уништи афторитетот со своето однесување.Таа се однесува како макро. |
| robert, 22.10.2012 18:56:27 | nikoj da ne plaka se dodeka e partiska MTV.stom ja podrzuvaat vladata vo sekoj pogled togas oni neka ja finansiraat.koga ke stane narodna MTV togas narodot ke ja plaka pretplatata.dotogas NE za pretplatata.ja licno ne plakam.ne sum od VMROto. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 10°C
Ведро
|
Вторник
Ведро
Макс: 23°C, Мин: 6°C
|
Среда
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 6°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (33)Првомајскиот ручек на Караѓорѓево. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|