Хороскоп
Овен
Одлично време за љубов и емотивно задоволство, а лошо за работа. На план на работата нештата одат тешко и потребан е дополнителна сила, која за жал ја немате. Затоа се вртите кон партнерот или новата симпатија. Водолија и Скорпија имаат предност пред другите знаци.
Бик
Им излегувате во пресрет на барањата на околината. Се заземате за други, иако немате цврста потпора кога ќе се најдете во тешка ситуација. Треба да се биде помалку горд, а повеќе амбициозен за да поминувате полесно низ животот. Размислете за тоа.
Близнаци
Засилете ја дозата на реалност, вашите очекувања можат да ве доведат во незавидна ситуација. Тоа се однесува на деловната страна и финансиските вложувања. Пожелно би било добро да се размисли пред да тргнете во акција. Се уште не сте во состојба да остварите некои замисли.
Рак
Сентиментално сте расположени, приемчиви не само за туѓа мака туку и за туѓо добро расположение. Бирајте ведри луѓе, смејте се и радувајте се, тоа е прав лек за душа. Нагативците апстрахирајте ги, освен во случај да сте запослени во здраство па тие ви се во службата. Можна е несоница.
Лав
Нема време за губење. Бидејќи сте за тоа свесни, вложувате дополнителни напори за да извлечете максимум од моменталната ситуација. Едно каење во тој контекст не ви гине. Чувајте ја слабата точка на организмот-срцето. Бидете внимателни, бидејќи само на тој начин ќе избегнете повреда.
Девица
Наглиот прилив на енергија и желбата за успех прават да ги совладате тешкотиите и да постигнете успех во работата. Бидејќи наскоро ќе ги истрошите сите мотиви, можни се конфликти со партнерот, во желба од него да добиете подршка. За жал таа недостига, а вие останувате без помош кога ви е најпотребна.
Терезија
Насекаде околу вас има оган. Одлично се чувствувате бидејќи токму тоа ви одговара. Обидете се да не се конфронтирате со околината и да најдете внатрешен мир. Тоа не ви е јака страна, но бидејќи сте паметни и знаете што сакате, ќе успеете да ги пребродите слабостите.
Скорпија
Бидејќи сакате да се забавувате и тоа го правивте конечно сфативте дека таков живот не ви одговара, тргнувате во љубовно освојување. Работата ви оди тешко, бара многу труд, но затоа е поедноставно слободните моменти да ги поминете со некој кој ви значи.
Стрелец
Доколку очекувате подршка од страна, нека не ве изненади нејзиниот изостанок. Морате некои работи да ги одработите сами, да се ангажирате повеќе одколку што планиравте, до крајот на денот може да резултира со нервна напнатост. Извесна ситуација е ризична но морате да ризикувате.
Јарец
Сите обврски морате да ги ставите врз ваш грб. Бидејќи дозволивте околината да ве доживее како личност способна за се, а не умеете да кажете не, тогаш морате и да запнете. Од време на време користете ситна лага или изговор, доколку сакате да се заштитите од оние кои ве заморуваат.
Водолија
Пред вас има напредок, признание и успех во материјална и духовна сфера но под услов доколку ги разберете слабостите на околината и избегнувате задлабочување во расправии. Ќе можете уште повеќе да уживате во кругот на семејството.
Риби
Се наоѓате во конфликтна ситуација. Наместо тоа што окривувате други обидете се да најдете свој дел во одговорноста, за да ја пребродите кризата. Се советува конструктивно размислување во врската во која се наоѓате. Дали го идеализирате партнерот?
|