Хороскоп
ОВЕН
Си поставивте план, зацртавте цели и сега сакате да го остварите она што сте го замислиле. Не дозволувајте да ве попречат, најдете сили и изборете се за она во кое што верувате. Сите сетила ви говорат дека сте на вистинскиот пат. Не верувајте им на неверните томовци.
БИК
Уморни сте и чезнеете за одмор, но сега едноставно тоа не можете да си го дозволите. Всушност, одлично би било кога би научиле некоја техника за одморање која ќе ви помогне барем на 5 минути да се одвоите од секојдневните главоболки. Таква техника постои- верувајте.
БЛИЗНАЦИ
Кога сите ќе се откажат, стапувате вие на сцена! Тоа е вашиот најголем квалитет кој денеска ќе дојде до полн израз, па колегите и пријателите ќе сфатат дека вие најдобро работите во време на криза. Најсмешно од се е што имате најдобра инспирација кога проблемот е поголем.
РАК
Забегавте малку повеќе во сопствениот свет на фантазија. Соочете се со реалноста и обидете се да им помогнете на пријателите да решат дел од проблемите за кои се самите виновни. Вечерва може да си дозволите повторно да се вратите во светот на фантазијата.
ЛАВ
Кога би покажале малку повеќе сочувство и сензибилитет - би добиле многу повеќе од семејството и блиските луѓе. Покажете ја вашата добра страна. Ако се занимавате со недвижности, денеска би можеле да имате еден од подобрите денови.
ДЕВИЦА
Послушајте го инстинктот зашто немате само добри идеи туку и партнери кои се подготвени да преземат дел од ризикот и да ви помогнат на сите можни начини. Можеби тоа нема да биде финансиски, но затоа се маестрални во компензациите, па може лесно да се случи да добиете нешто без вложување.
ТЕРЕЗИЈА
Новите идеи околу некој специјален креативен проект ќе ве одведат на патување. Со оглед на тоа што не можете да најдете соодветен партнер во вашата близина, може да се изненадите од контактите со странците. Додека преговарате обидете се да не раструбите на сите страни.
СКОРПИЈА
Размислете што се бара од вас и што е најпрофитабилно. Не губете ја е��ергијата на сто страни, туку посветете се на едно подрачје и одработете го со голема прецизност и внимание. Моментално сте најдобри на полето на промоцијата и маркетингот.
СТРЕЛЕЦ
Една личност со големо влијание врз вас ќе влезе непредвидено во вашиот живот. Таа ќе ви помогне да се ослободите од притисокот на околината и на најдобар можен начин да ги презентирате своите идеи. Сите ќе ве сфатат сериозно и ќе ве прифатат како одлична личност за дружење.
ЈАРЕЦ
Фрустрациите и притисоците би можеле да ви го расипат расположението, но имате феноменална самоконтрола со која можете да го избегнете тоа и да се потрудите се да ви изгледа розово. Пријателите ќе ви понудат заедничко вложување во една работа за која треба добро да размислите.
ВОДОЛИЈА
Обидете се да не донесувате никакви одлуки и заклучоци зашто во моментов не размислувате како што треба. Ги немате потребните информации и субјективни сте. Обидете се да најдете некој начин за релаксација. Наполнете ги батериите.
РИБИ
Пријателите ќе ви понудат добар серум за некои внатрешни грижи врзани за кариерата. Дозволете им да влијаат врз вас. Ќе сфатите дека туѓите стандарди едноставно не вредат за вас и додека не си поставите свои, не очекувајте никакво подобрување.
|