Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
18.10.2012, 17:15

Знаел како, па заработил

Ако некој ви донесе зделка од 25 милиони евра, сигурно е дека претходно сте договориле провизија и треба да ја платите, и тоа е сосема дозволено

Нина Нинеска-Фиданоска



Кој е човекот што минатата година успеал да заработи 2,3 милиони евра од повремено вршење услуги? Какви се тие услуги што вредат толку многу, дури 2,3 милиони евра за една година? Која е таа компанија или компании во земјава што исплатиле толку висока сума за услуги? Дали е можно исплатата да ја извршиле државни институции или јавни претпријатија,

и постои ли целосна транспарентност и легалност на постапката? Многу прашања, засега без одговори, за успешниот скопјанец што само лани својата сметка ја збогатил за 2,5 милиони евра, од кои дури 2,3 милиони од „повремено вршење услуги по претходно склучен договор“.

Управата за јавни приходи завчера традиционално ги објави анализите на податоците од годишните даночни пријави. Бурата во јавноста не стивнува и околу прашањето кој е тој вработен во фармацевтскиот сектор што лани земал месечна бруто-плата од 92.000 евра. Дали тој е само вработен, или е и сопственик или акционер во фармацевтската компанија од каде што примил толку висока плата? Ако има и сопственички удел, која е логиката преку неговата компанија да си исплатува толку висока плата?

Даночните власти не обелоденуваат лични податоци за милионерите, со образложение дека станува збор за даночна тајна и за заштита на личните податоци. Остануваат претпоставките и логичните констатации за да се дојде до какви било „насоки“ кои би не' одвеле поблиску до милионерите.

Приходите од услуги во брошурата на УЈП се дефинираат како „Примања врз основа на договор за повремено или привремено вршење услуги“. Притоа, нема прецизна одредба дали станува збор за услуги кои се даваат на приватни компании или на државни институции.

Според наши сознанија, ситуацијата кај скопјанецот со 2,3 милиони евра заработени од услуги е „чиста“, а тој е човек кој и досега остварувал високи приходи по тој основ, и исто така педантно си ги пријавувал. Може да се слушне дека станува збор за личност што не е анонимна, односно не е непозната за јавноста во земјава.

Кога станува збор за фармацевтот, пак, со бруто-плата од 92.000 евра, со оглед што и лани прв на листата беше исто фармацевт, со бруто од околу 60.000 евра, се извлекува заклучок дека станува збор за истата личност.

Всушност, може да се разбере дека на листите речиси секоја година се

вртат неколку исти личности, односно успешни луѓе кои добро заработуваат, па ако некоја година биле во првите 10, на пример, следната можеби нема да бидат таму, ама пак ќе се најдат меѓу првите 20.

Консултантите велат дека посредништвото за некоја зделка и провизијата што за неа ја добиваат лица кои го донеле или го испреговарале тој голем бизнис, се сосема законски и прифатени секаде во светот, и тука нема ништо спорно. Според нив, не е спорно и ако државата исплати таква провизија на оној што, на пример, ќе и' донесе милионска инвестиција, а потоа таа ќе има начин како тоа да го оправда.

„Посредничкото работење е една од најпознатите и нормални услуги секаде во светот. Ако некој ви донесе зделка од неколку милиони евра, сигурно е дека претходно била договорена провизија од, на пример, 5 отсто, и сосема нормално е компанијата потоа и да го исплати тоа што било наведено во договорот. Сигурно дека тоа посредништво се прави за пари, како и секоја друга услуга што треба да се плати. Тоа е најзаконски на свет. Алал нека му се парите на тој што ги заработил, дотолку повеќе што најлегално ги пријавил и за нив платил данок“, вели д-р Горан Рафајловски, консултант во „Рафајловски консалтинг“.

Но, дали доколку државата е таа што платила толку висока сума за услуги, работата повторно е сосема чиста? „Зошто да не е? Ако некој и' донел огромна милионска инвестиција, зошто да не плати провизија. Не знам дали државата може да потпише таков договор, но ако некој помогнал да се донесе инвестиција, тука резултатите се видливи и тоа треба да се плати. Има механизми потоа државата тоа да го оправда. Има Државен завод за ревизија, кој проверува колку пари државните органи исплатиле и за што, и дали средствата биле легално исплатени. Тие средства сигурно се некаде евидентирани, значи државата ќе има механизми да се оправда ако правилно се потрошени средствата“, објаснува Рафајловски.

Тој слично размислува и за највисоката исплатена плата, повторувајќи дека луѓето „знаеле да ги заработат и ги заработиле парите, и што е најбитно, за нив платиле данок, и затоа треба да се поздрават“.


Статијата е прочитана 2372 пати.

Испрати коментар



Кој зема највисока пензија
Унгарија отвори почесен конзулат во Битола
Тетово преплавено од сметки за телевизија



P.Petar, 19.10.2012 06:46:06
Ne sum privrzanik na nekakov poranesen kineski model SITE VO ISTI KOSULI nitu pak na amerikanskiot sistem EDNI NA BUNISTE DRUGI VO PRIVATEN AVION, no eden krevok i seuste megjunarodno neafirmiran makedonski ekonomski organizam ne e ZREL da isplatuva vakvi POSREDNICKI profitcinja! Ne sakam da analiziram koj e, koj go pokriva,dali so nekogo deli ili pere pari no edno e sigurno LOVI VO MATNO!,a za toa vo denesniot svet postaven naglava ,mnogumina bi mu cestitale! Zalosno no vistinito!!
Mirko, 19.10.2012 07:49:25
Nekoj investitor moze da dava provizija samo tamu, kade ima konkurencija od drugite konkurenti, ama takva slucka sigurno nee vo ovoj slucaj i da ima dobieno 2,5 milioni evra. Vo nasiot slucaj, nie davame mnogu pogodnosti, samo da dojde nekoj da investira kaj nas, a ne da barame. Toa se prikaski za malite deca. Po mene, toa e lov vo matno.
Bankar, 19.10.2012 09:10:22
Pocituvaniot profesor Rafajlovski spored negovite kriteriumi sto e uspesno sraboteno ili posrednistvo za donesena investicija e sosema normalno vo svetot zaborava deka nie obicnite gragjani sto ne sme D-r i konsultanti-ne cicame vesla.Jas isto taka menagiram proekti i naplakam provizija preku mojata kompanija i toa e normalno ovde na zapadov no vo Makedonija-malo morgrn. I vrapcite na granka znaat koi se tie lugje i so kogo se povrzani,razbira se od Vlasta,za da prijavat zarabotka od 2.3mil ili 92.000 mesecna plata vo edna od najsiromasnite ekonomii i zemji vo Evropa,so prosecna plata od 200 evra. Profesore,spusti se malku na zemja i pogledaj okolu sebe.Site znaat koi se vodeckite busines-meni vo drzavickata i koj gi stiti.A tie se so sekoja vlast,samo da mozat da crpnet od medot.No vreminjata i vlasta se mennuvaat i doagjaat novi vreminja za polaganje smetki-duri i od minatoot.A po onaa starata:koj posleden se smee-najslatko se smee.Sovet: pazi sto gi ucis studentite !
Vinci, 19.10.2012 10:16:13
Ubavo kaza bankarot ne cicame vesla, i ovoj profesor e od onie privrzoci na vlasta sto prodavaat veter i magla!!!!!!
Татунчо, 19.10.2012 11:31:45
Бидејќи од мај сум без работа, а сум на 58 год. возраст, нова работа ќе најдам кога врбата ќе роди грозје, па ги молам овие способниве да ме подучат како да заработам 5000 евра за една година, ништо повеќе.
Ајван Доктор®, 19.10.2012 13:52:24
Ете,наивно мислев дека се работи за некаква директна услуга!Во најмала рака мислев дека некој зготвил некаков софтвер,изработил некаква компјутерска анимација,измислил некаков нов изум,но…највисоката заработка да ти била продукт на имагинариумот на д-р Парнасус,зделка на меѓусебна спогодба во која е вмешана владата и лице кое посредувало при некаква гОоолеЕемаа инвестиција!Продажба на Ветер и Магла!Колку ми е познато,до сега најголемата инвестиција треба да вработи од 100-300 граѓани!Нема ниту трага од тоа кој и како ќе ги врати овие 2,3 милиони,бидејќи „државата секогаш има механизми за да ги оправда“и очигледно—да ги наплати од трето лице,преку зголемување на одредени цени и даноци!Значи,работата е легална,само матна е сумата и оправданието!Како и за „Скопје 2014“!Одлично!Алал да им е,кога има толку многу овци за стрижење!
Vesna, 19.10.2012 14:25:31
Barem prijavuvaat,uredno plakaat danok. A nekoi Poedinci sto kuouvaat kuki od eden milion, hoteli itn... Od kaj im se parite? Od prekuvremena rabota? Ovie barem rabotat nesto! Imaat poteklo..
lic, 19.10.2012 16:15:27
Se soglasuvam so komentarot na Mirko.Nasite investicii se odnapred privilegirani,pa uste i provizii????? A,neli imame tie agenti-promoteri ili kako i da se krsteni sto gi placame da donesat investicii i toa debelo sme gi platile.. Za sto tie zemaat pari???? Ilitie zemaat iprovizii???

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Ведро

Понеделник
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 7°C

Вторник
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (31)
Власта ништо не може да ја замени. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Човекот поет нема друг избор освен да пишува
„Пазарната логика се наметнува како валиден репер дури и за книжевните вредности“, вели поетот Владимир Мартиновски...
Како умре Моамер ел Гадафи?
„Хуман рајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |