18.10.2012, 18:30 Мислења
Министерска казна
Ана Павловска-Данева
Сопственик на дуќанче со два рафта плаќа 3.000 евра казна ако му најдат 30 денари в џеб наместо во каса, а министер на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе плати 500 евра за изборни уцени и трошења државни пари! Има ли некој што може да ја оправда ваквата небулоза
Од шупливо во празно! Оваа народна умотворба е најсоодветна за предлог-измените на Изборниот законик, кои ги предложи Владата, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе ги усвојат во Собранието.
Помпезно најавуваниот став на премиерот дека заради заштита на достоинството на македонскиот народ е подготвен и да си оди од функцијата и да распише предвремени парламентарни избори, очекувавме да биде придружен и со соодветни изборни правила кои би се вградиле во Изборниот законик за да го трасира патот до изборите. Ништо од тоа! Министерството за правда цела година се подготвуваше, консултираше, формираше работни групи, ги читаше и препрочитуваше препораките на ОБСЕ и ОДИХР, за на крајот да излезе со предлог технички и несуштински измени на Изборниот законик, кои ќе се однесувале на претстојните локални избори, а во иднина ќе се работело на некои нови измени кои ќе се однесуваат и на парламентарни избори!?
Во светот не е познато слично искуство, властите да си носат едни правила пред локални, а други пред парламентарни избори. Ништо чудно на нашава Влада да и' падне на ум и пред претседателските избори да прави трета „рунда“ измени на изборните правила. Тоа од стручен аспект е недозволива и компаративно непозната практика. Од друга страна, следејќи ја политичката логика, Владата значи, „абер немала“ од предвремени избори! А, македонското достоинство? А, подготвеноста да се напушти функцијата? А, храброста веднаш да се излезе на избори...? Ништо од сето тоа. Празни зборови, како што беа празни зборови ветувањата за економски бум, за огромни странски инвестиции, за реформи во јавната администрација, за независно судство, за подобро образование и здравство, за меѓуетничка толеранција и соживот...
Конкретно, измените на Изборниот законик што ги предлага Владата не се ни празни зборови, тоа се празни корици. Цела година работеле, за на крај да ни кажат дека минатите избори биле супер, ништо не треба да се менува, единствено ДИК ќе треба да ја надополни својата веб-страница со некои податоци, а министрите што ќе ја злоупотребат својата функција во текот на кампањата ќе треба да платат 500 евра глоба! Ако многу ја злоупотребат, до степен да поткупуваат гласачи, да вршат насилство врз населението, да ги уценуваат вработените, е тогаш ќе платат дури 1.000 евра! Еве тоа Владата на Република Македонија ни го предложи, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се согласија да го усвојат.
Не знам дали до сега имало законско решение кое било поцинично од ова. Не верувам дека постои друга законска одредба со која власта на ваков директен начин се подбива и се мајтапи со сопствениот народ. Знам дека нема друга држава во светов во која власта однапред кажува дека е подготвена на избори да мами и за тоа легално и легитимно ќе уплати од 500 до 1.000 евра на буџетска сметка. Ако мамењето биде докажано на суд, се разбира. Ако нема судска пресуда, нема да има ни 500 евра казна. Како што немаше на претходните избори во 2011 казна за уценувачите од Фондот за здравствено осигурување кои имаа наредба да дозволуваат „ин витро“ оплодување само на жени кои ќе потпишат дека ќе гласаат за владејачката партија, како што немаше казни за министрите кои во кампања се шетаа и делеа решенија за откуп на државно земјиште по 1 евро, како што немаше казни за министрите кои непосредно пред избори во своите министерства вработуваа гласачи, како што немаше казни за сечењето ленти и трошењето буџетски пари за партиски реклами непосредно пред избори, како што немаше казни за премиерот кој среде кампања им упати писмо на сите вработени во Владата со кое ги повикува да се справат со опозицијата итн.
Објаснување за ваквиот чекор да се казнува министерската злоупотреба на функцијата во изборна кампања со 500 евра е тоа што изборите во 2011 биле фер и демократски, немало насилства и убиства; значи се' било во ред, нема потреба од поригорозни казни.
Абе луѓе, сопственик на дуќанче со два рафта стока плаќа 3.000 евра казна ако му најдат 30 денари в џеб наместо в каса, а министер на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе плати 500 евр�� за изборни уцени и трошења државни пари! Има ли некој што може да ја оправда ваквата небулоза, да даде логично објаснување? Единствената добра работа е што на овој начин, манипулантите политикантски до крај се разоткрија, се разобличија, се разголеа пред народот кој со години го лажат.
Секогаш има скептици кои ќе речат: „Зар не сте сите исти? Само критикувате, а имате ли решение?“
Решение има, го предложија пратениците од опозицијата. Го предложивме ние што сме различни, а не исти. Го предложивме и бараме да важи за сите, и за градоначалниците од СДСМ и за оние од ВМРО-ДПМНЕ и сите останати партии. Предложивме решение кое ќе се однесува на оваа, но и на секоја идна власт. Решение кое ќе ги заштити граѓаните од притисоци и злоупотреби: функционер кој во исто време е и кандидат за пратеник или градоначалник доколку ја злоупотреби својата извршна функција, треба да понесе кривична одговорност! Независно дали е од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ или која било друга партија. Како и секој друг, обичен граѓанин, кој сериозно ќе се огреши од законот. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ беа против!
(Авторката е пратеничка и потпретседателка на СДСМ)
Наш став
Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација. |
|
Статијата е прочитана 1593 пати.
|
Испрати коментар
|
|
ФЕЛИКС, 19.10.2012 08:57:28 | За небулозите тука ако некој тука се обиде да ги опишува му треба простор колку што е просторот за коментирање на едномесечниот тираж на Утрински.Инаку небулоза еве на пример е да неказнето некој се рекламира со дисконт(власт 3.5мил евра-опозиција 6 мил.евра)и дисконтниот долг не се плати.Ем не се плаќа ем се критикува политичкиот опонент да прави вакви нешта.Инаку за тоа дали ланските избори биле сјајни говорат два факта.Првиот е извештаите на странците кој ова го подведоа под фер избори а вториот факт и тоа круцијален е честитката на фер изборната победа од страна на Шатевскиот лидер.Ако не беа фер тогаш се прашувам зошто честитки за успешни избори.Нема да се навраќам во далечната 1994г. за ,,сјајната и ептен фер победа на изборите,, по која некои собираа потписи за поништување и апстинираа од собранието цели 4 год. |
| Баба Евда, 19.10.2012 10:02:40 | Шатче мое небулозно , вреди ли да кинеш стално зелени за десет ќебапи?! Регуларни избори , со 1.850.000 гласачи при најмногу, можеби, 1.500.000 жители?! 5 дена пред да се прекине пописот преброени се само 970.000 жители. Дајте направете два списока на гласачи , еден за живи , друг за мртви , па се оди на избори! Тогаш ќе се види кој кај кои е посилен! |
| Vinci, 19.10.2012 11:23:45 | Avtorkata kaza kristalno jasno se sto trebase da se kaze, megutoa problemot e sto vakvite mislenja i konstatacii ocigledno ne dopiraat do eden dobar del od narodot, poradi sto ovie vlastodrsci i ponatamu se osekaat taka komotno i prodolzuvaat so nivniot majtapski i ponizuvacki odnos kon sopstveniot narod vo sekoj pogled.Vakvite nivni ujdurmi se prozirni za site normalni, i ne e samo do opozicijata kolku i da nudi dobri resenija vo instituciite na sistemot, pak ke da e do izborot na narodot!!!???P.S. Felco ne ni prikazuvaj basni za lanskiot sneg, kazi nesto za slivite i kalinkite!!!!????? |
| мене, 19.10.2012 11:44:58 | Што се однесува до изборите јас лично веќе немислам да гласам за никого од позицијата, па макар мојот глас и да биде злоупотребен, а ни за опозицијата, бидејќи несакам таа понатаму да прави коалиција со оној за кого јас не сум гласал, а исто така нема воопшто да гласам се додека не се заврши пописот ,на кој јас на овластено лице сум му ги дал моите лични податоци, а некој потоа го укинал од за мене и многумина непознати причини и без да сноси никаква одговорност. За следниот попис моите податоци се кај сегашнава власт и кому му се потребни нека ги бара од таму. |
| Predavnik, 19.10.2012 12:33:17 | Kaj nas e se isprevrteno, draga Ana! Nazalost vo seto toa golem udel ima i vashata (nekogash i nashata) partija ili podobro recheno, taa gi postavi temelite na ovoj sistem so isprevrteni vrednosti. Da bideme korektni kon vistinata, sebe i oponentite. Seto drugo e samo plukanje. Pozdrav! |
| Жт вк, 19.10.2012 14:24:14 | Јако решение сте предложиле, г-ѓо Данева. Кривично да одговараат министрите и градочалниците. Колку добро решение за тие што немаат ни министри, ни градоначаници. Зошто тоа решение, ако било толку добро, не го предложивте кога бевте на власт? Абе луѓе, на зборови имате многу „решенија“, а на дела - ништо. |
| VMRO-DPMNE Dolzno kako grcka, 19.10.2012 15:15:12 |
Решение има, го предложија пратениците од опозицијата. Го предложивме ние што сме различни, а не исти. Го предложивме и бараме да важи за сите, и за градоначалниците од СДСМ и за оние од ВМРО-ДПМНЕ и сите останати партии. Предложивме решение кое ќе се однесува на оваа, но и на секоја идна власт. Решение кое ќе ги заштити граѓаните од притисоци и злоупотреби: функционер кој во исто време е и кандидат за пратеник или градоначалник доколку ја злоупотреби својата извршна функција, треба да понесе кривична одговорност! Независно дали е од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ или која било друга партија. Како и секој друг, обичен граѓанин, кој сериозно ќе се огреши од законот. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ беа против!
|
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 6°C
Ведро
|
Понеделник
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 7°C
|
Вторник
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 8°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (31)Власта ништо не може да ја замени. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
Како умре Моамер ел Гадафи? „Хуман рајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“... | |
|