18.10.2012, 18:33 Си велам
Да си ја купиме рафинеријата
Ерол Ризаов
Ако ја чуеме цената колку сега чини нашата рафинерија, ќе разбереме колкаво е злосторството со нејзината продажба
Се продава најголемата грчка рафинерија „Хеленик петролеум“. Газдата, грчката држава, е на голем зорт, па распродава делови од својот имот. Така, топтан, галиба на акшам пазар не продаваат и нас, поточно нашата рафинерија која со мудрата и внимателна државна стратегија на нашите политички водачи и реформисти од времето на владата на Љупчо Георгиевски стана грчка сопственост за мали пари кои досега се исплатени повеќекратно. Единствената рафинерија под Сава и Дунав до Солун, нашата „Окта“, со години едноподруго е грчката златна кокошка и е меѓу 300 најуспешни компании на Југоисточна Европа. Сега е закачена на меѓународен оглас и се продаваат заедно мајката и ќерката со преостанатите браќа и сестри. Така е тоа во светот на бизнисот. Прво ќе те купат, па потоа ќе те продадат на друг газда. Ако имаш среќа, може да биде и подобар, оти можат и друго да ти направат. А, можеби итрите Елини ќе го продадат само грчкиот дел, а овој македонскиот што им работи без контрола како во село без кучиња ќе си го зачуваат. Не знам, не сум ги видел тендерските услови на оваа грчка распродажба, ама веќе се пријавиле некои заинтересирани големи компании за производство на никел, јавија светските агенции. Други детали нема.
Ако е за аир и за поарно, ќе почекаме да видиме кој ќе не' купи, ако не' купи. Не бидете чувствителни, емоциите кај деловниот свет се лош сојузник. Кај што има чувства, нема пари. Си велам, и ова ќе биде прогласено за уште еден наш голем успех. Кај нас кога нешто ќе продадеш, е поголемо достигнување отколку кога нешто ќе купиш. Уште поголема е фалбата и задоволството од успехот кога зајмувате пари отколку кога давате на заем. И во двата случаја одлуките се носат лесно. Имотот што се крчми е изграден од поранешни генерации, па неговата цена брзо се утврдува. А, новите заеми ќе ги враќаат идните генерации, што предизвикува, исто така, автоматски чудесна леснотија за трошење туѓи пари. Премиерот Никола Груевски вели да немаме гајле, уште сме нискозадолжена земја, што не е баш здраво во вакво опкружување од комшии-борчлии до гуша. Затоа со сите сили брзо работиме да станеме среднозадолжена земја, или уште подобро земја која не може да си ги враќа уредно долговите. Нека се секираат тие што ни давале пари, а не тие што ги трошеле. Што значи тоа нека му мислат оние што ќе јадат по сто стапа по својот грб и ќе ги враќаат нашите борчови.
Неодамна го цитирав познатиот словенечки економист и општественик Јанез Становник, кој уште пред 30 години во Охрид, кога го коментираше југословенскиот надворешен долг, рече дека висината на долгот не е вистинското мерило, туку дали можете редовно да ги враќате позајмените пари. Ако не ги враќате навреме, вие сте банкрот. Види богати. А, за навремено да ги намирувате преземените обврски треба паметно да ги потрошите позајмените пари. Тоа е патриотски и морален долг кон својот народ и кон идните генерации. Ако се расфрлате со туѓи пари, тоа е расипништво, недомаќинлук, кажано благо, а со вистински зборови тоа е кражба од устата на сиромашните. Чинам нема поголем грев. Што мислите каде отидоа овие пари од нашта ниска задолженост од едно пет-шест милијарди евра. Демек само две-три милијарди биле јавен долг, а другите биле приватен, на компаниите, банките, општините и не знам на уште кого, што божем не се сметало во јавниот долг на државата, иако за еден дел од нив државата презела обврски да ги врати парите ако не можат да го прават тоа позајмувачите. Ниесе, како и да е, ние се' уште сме нискозадолжена земја, со амбиции бргу да станеме среднозадолжена земја. Како ги потрошивме парите никој не кажува, ама се гледа прилично јасно и тоа што не се гледа. Најмногу на споменици, стадиони, игралишта, триумфални капии, музеи, театри и други чуда кои не носат пари, туку стануваат нови буџетски потрошувачи. Нешто од парите отиде и по некои патишта кои завршуваат во џепови. Кога сите ги кријат бројките, шпекулациите се природни, една од нив слушнав неодамна. За да ги вратиме парите вложени во споменици, еден професор по математика пресметал дека ако годишно ни доаѓаат по сто илјади туристи и ако останат тука по неколку дена и ни остават секој од нив чист ќар по 100 евра, за 30-40 години ќе ни останат спомениците бадијала. Само под услов за нив ништо да не трошиме. Тамам се израдував на оваа весела математика, расположението ми го расипаа колегите-новинари кои објавија дека само скопската Општина Центар годишно ќе троши околу 120.000 евра за да ги зачува спомениците од преголемата љубов кон нив. Толку многу ги сакале луѓето што веќе ги сквернават. Некои почнале под нив да се бербатат, па така ги поткопуваат.
Но, да ги оставиме спомениците и да се вратиме на „Хеленик петролеум“ и некогаш нашата никогаш непрежалена „Окта“. Штом Грците ја продаваат, си велам, зошто да не ја купиме ние. Што мислите што ќе се случи да им понудиме на Грците да ја купиме нивната државна рафинерија. И, како што велат тие за нас, да подадеме рака и да им помогнеме за нивната страшна криза со вложување во нивното стопанство на неколку стотици милиони евра, или ако треба нешто повеќе. Мислам дека тоа ќе биде посилен земјотрес во Грција отколку нивниот банкрот. Ако не сакаат да ни го продадат „Хеленик петролеум“, тогаш да си ја купиме нашата рафинерија. Што велите на тоа? Србите им го продадоа своевремено својот „Телеком“ на Италјанците, па се премислија и повторно си го откупија. Или, пак, мислите - што будала може да замисли тоа ни држава не може да плати. Се согласувам со вас дека ваква налудничава идеја е неизводлива кај нас. А знаете ли зошто. Не поради лудата идеја, туку, пред се', ако ја побараме нашта рафинерија назад, ќе ја откриеме големината на измамата. Мислам дека ако ја чуеме цената колку Грците ќе ни побараат сега за нашата рафинерија, што им ја продадовме бадијала, на сите ќе ни стане јасно колкаво злосторство е направено врз својот народ. Така е тоа кога се продава имотот што го стекнал татко ти и ти го оставил во наследство. Друга е приказната кога го продаваш имотот што си го создал и заработил сам. Со таков, велат Евреите, нема пазар. Нашите власти уште не можат ништо да продадат што направиле сами. Тешко оди тоа, а и не гледам дека таму има нешто атрактивно за продажба. |
|
Статијата е прочитана 2731 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 19.10.2012 00:41:56 | OKTA ja izgubivme i nema nikogas da mozeme da ja kupime.Nemame ni za leb, ne pa za nesto drugo.Sto se odnesuva do dolgot, se uste nikoj ne znae kolku drzavava dolzi.Otkako ke se doznae dolgot, toj iznos treba da se podeli so brojot na vrabotenite(tie stvaraat prihod)pa ke se dojde do vistinskata merka kolku sme zadolzeni.Uste sega kazuvam deka sme pre pre zadolzeni i nesposobni za vrakanje.Ne e isto da dolzi drzava kade sto nezaposlenosta e 5-6% i so minimalni plati od nad 1000evra, i drzava so nevrabotenost od 33%i min. plata od 130evra. Toa e isto kako da se pofalis deka imass plata 800 evra a dolzis rata za kredit od 300evra.So 500evra mozes komotno da zivees, no pod uslov da se izdrzuvas sam ili eventualno uste eden, no ako izdrzuvas doma 5 dusi, togas tie 500evra ne ti vredat nisto.Ako pa imas plata od 200evra, togas si nae...Nie sme onie so 200evra, pa kolku i da dolzime nie nemame ni za leb, ne pa dolg da vrakame za spomenici.Ke dojde vreme i koga ke gi topime tie spomenici za l |
| Vidovit, 19.10.2012 02:09:59 | Prodazbata na rafinerijata i na se drugo koe e od vitalno znacenje za stopanstvoto e zlocin.Sekako deka treba da se otkupi ako se moze.Putin ne bese budala.Vednas bese narecen diktator od zapadot.Tuku malku za Trajce od AUS i dusebriznicite.VERUVAM deka sinot zarabotuva 23000$/mes.No deka e toa BRUTO zarabotka.Od toa okolu 45% odbite i imate NETO.Drillerso iskustvo zema 180000 a inziner?Devojka inz. na 25 godini,pocetna plata za Shevron 80.000,po 2 godini 210000,no raboti vo kancelarija vo grad.Da odi na teren,50%.Kukata,veruvam da e isplatena za 19 godini.Ne od mama i tato, tuku od nego i zena mu.Toa e razlikata.Trajce stvori za eden normalen zivot za19 god.Sigurno ne mu bilo lesno.Intelektualci odat i rabotat se,nema sram od rabota,a se MNOGU posrekni i ziveat eden dostoen,normalen zivot.Mladite se skoluvaat i vklopuvaat vo opstestvoto.Doprinesuvaat za AUS,USA,GB,D,a ne za MKD.Strasno,bolno,porazitelno.Toa e toa,a dusebriznite si pretakaat od suplo vo prazno,perpetum mobile..... |
| Mirko, 19.10.2012 08:08:40 | Divno napisano, ama za kogo? Tie sto storile prodazba na Okta bas im gajle. Pari si otidoa na gluposti i vo dzepovi na poedinci. Nekoja idna vlast, treba da ispita ovoj i slicnite slucki, pa da nekoj zaraboti zasluzeno. Vaka, kucinja lajaat,a karvanot si vrvi. |
| ФЕЛИКС, 19.10.2012 08:45:42 | Одлична предизборна идеја да се отвори нешто што веќе поминало и е критички опсервирано од јавноста.Нормално изостана опсервација на modus procedendi на благонадежниот опозициски а коалициски партнер.Исто би подржал да се обидеме со прекупување на ЕВН.Би искажал жал за тоа зошто немаше прекупување на приватизираните фабрики своевремено кога олигарсите после ударничкото нивно урнисување ги препродадоа на странци.И би го цитирал авторот зошто ова е невозможна мисија.Ќе се открие тајниот договор со ЕВН од кој сега тој што овозможил организира протести за скапата струја.Ќе се открие кој ја дозволи и овозможи ,,законската,, криминална приватизација.Иако имавме блефирање со предлог законот за незастарување на приватизациониот криминал.Но тоа тема за некој иден аналитички предизборен напис. |
| Оливер, 19.10.2012 09:15:28 | Лошо е што се направи “Арената Филип II“ а? Зарем не се враќа самодовербата и достоинството во фудбалот? Гледате ли дека на последните три меѓународни натпревари дека имаше по 33 илјади на стадион?! Вие сериозни ли сте во ова што пишувате? Па пред 5 години странец немаше кај да го прошеташ бре Ерол, во главен град ејјјјј?! Во чаршија беше темница една сијалица немаше, врколаци шетаа. Добро Вие се сеќавате ли на што изгледаше местото кај поранешна автобуска? Се сеќавате ли до кој степен беше спортот во Македонија освен една светла точка (Кометал)? И пак спомениците. Среќен сум што на секој начин најдобра мотивација за пишување ви се спомениците и не можете да ги оставите никогаш. Што се однесува до „Хеленик петролеум“ добра ви е идеата, треба да си ја купиме пак рафинеријата ама по цена пошто-зашто. Ама не можеме оти по вашите кажувања во овие ќошина Македонија е најзадолжена во Европа, на работ на сиромаштија, Македонија е набедна на балканот. Е тоа ти се вика контрадикторност. |
| Баба Евда, 19.10.2012 09:16:07 | Шате бабино , пак се истрча без контрола!Ти кажал ли некој кој му беше потписник на договорот со ОКТА на „благонадежниот“ опозиционер и кој сведочеше во Лондон во корист на Грците?!Сакаш да им го земеш имотот на Минчо и на Камчеви?! Ти си против Ѕинго ван дер Кратово?! Каде е тајниот анекс за Окта? Не блефирајте , шатче мое мило , донесете го законот за незастарување на дела поврзани со криминална приватизација! Спремаш некој нов аналитички напис , тоа го научи во „Аналитико ОИ“?!
П.С. До кај си со субвенцијата за сливата? |
| Jordan, 19.10.2012 09:30:20 | FELIKS poslednive denovi veke ne moze da se iskontrolira. Treska kako Maksim po ... Eve zosto: 1. Vo vcerasniot broj se obide da ne ubedi site deka i bebe moze da bide diplomatski pretstavnik. 2. Denes zameruva na avtorot zosto pisuva za rafinerija a ne za EVN. Pa detule , zatoa sto se prodava rafinerijata a ne EVN, Osven toa na sitive ovie stranici povekepati e napisano deka vo strujniot denar EVN ucetvuva so okolu edna tretina a ostatokot se na drzavnite ELEM i MEPSO taka sto site ovie proporcionalno na svojot udel se vinovni za skapata struja. (Inaku dnevnata evtina tarifa ja ukina regulatorna komisija koja e vladina). Prostorot ne dozvoluva poveke... |
| Samo rudnikot ne spasuva, 19.10.2012 09:44:01 | OKTA je ja otkupime ,koga ce proraboti onaj rudnik na zlato, sto go pronajdoja prerodbenicite vo Malesevijata.Togas toa za nas ce bide pisliva rabota! Ama tolku se pisuvase za nego i eve sega zamolknaa?! Da ne e i toa nekoja ujdurma? A narodot tolku se izraduva i po ulici samo za toj rudnik zboruvase. Eden rasen prerodbenik duri vo kafana castese i vikase. Pocekajte braca Makedonci koga ce proraboti rudnikot so zlato, vo Makedonija ce tece med i mleko, Grcija ce ja klekneme na kolena da ne moli !Epa serga zosto molk? Tamam go izraduvavte narodot deka Makedonija ce se pozlati i sega zamolcivte. A jas ocekuvav napredok vo propagandata i deka ce otkriete rudnik na dijamanti. Mozebi Feliks nesto znae , no tae? |
| Hari, 19.10.2012 10:28:46 | Joj Felco, kako te samara Baba Evda pa to nije moguce :))))) |
| acko, 19.10.2012 10:35:24 | Iuste nesto do FELIX....... prijatele parite od prodazbata na ESM sdsm gi prfrli vo deviznite rezervi na Makedonija do evro sto znaci gi zacuva na naj domacinski nacin.Kako se potroseni parite od OKTA, TELEKOM za kolku se prodadeni e za analiza sto se nadevam ke bide eden den napravena i bidi ubeden deka mnogu ovci i pastiri namesto vo bacilo ke zavrsat vo sutka.Istoto vazi i za fabrikite tranziciono privatizirani................. |
| Mudrec, 19.10.2012 10:46:58 | Toa sto gradot rapidno se smeni na podobro nema cena. Ne se meri se niz parite. Od druga strana, apsurdno e da se kaze deka novi muzei, teatri, a osobeno noviot stadion ne nosat pari. Ne e isto da prodades 30.000 i 15.000 vleznici. Zosto povekje bi veruval na luzerite od opozicijata koi od strana vikaat deka sme na rab na bankrot otokolku na Min.za finansii koj ima sekojdneven uvid i vika dena nema problem? |
| od ostrijot, 19.10.2012 11:38:20 | togasnata vlada na lubco i denesnata na grujo imat
isto biznis iskustvo prodavat se za eftino a posle istoto go kupuvat skapo.sega vije jasno zosto sme na dnoto vo evropa. |
| VMRO-DPMNE Dolzno kako grcka, 19.10.2012 11:57:39 | Eeeeeeeeee moi prerodbenici ako ne ste za zalenje, i placenje togas ste za smeenje so se macorceto. |
| Okta, 19.10.2012 12:08:06 | Kolku shto znam, Okta e zvanichno prodadena za 32 milioni dolari, a plateni se 8. Pred da se isplatat drugite 24 nastana nekoj spor, poradi shto Helkenik Petroleum ne tuzi na sud kade svedok beshe nash Nikolche. Presudata na sudot beshe vo korist na grcite, so zastrashuvachka cifra od 45 milioni ushte skoro tolku zatezna kamata, pa smetkata beshe negde okolu 75 milioni dolari. Posle se, grcite rekoa deka ke se dogovorat so vladata. Shto dogovorija ni bog ne znae, ama mozeme da pretpostavime. Lichno mislam deka Okta e najgolemiot i najsufisticirano izvrshen kriminal. Poshto go opozicijata seto toa voglavno precute, najverovatno del od niv se isto taka vmeshani vo seto toa. A shto se odnesuva do EVN, Felko prashaj si go Buchko, posebno sega koga duvate vo ista shupelka, bidejci toj go prodade i si kupi vila na Halkidiki ili neznam kade i shto ushte ne. |
| seirdzija, 19.10.2012 12:30:17 | Baba Evdo,mislis deka feliks e glup i deka ke se ostavi na edna sliva???Za edna sliva nikoj ne se ponizuva vo javnost!Prva naredna vlast koja ke ja rascisti kompletnata kriminalna privatizacija ke vladee dolgo bez reklami i korumpirani mediumi.Storeniot kriminal e tezok i za mnogu pojaki drzavi od Makedonija i so nego mora da se rascisti,sto vo momentov e nevozmozno oti sega vlasta vo drzavata ja ima tokmu mafijata... |
| zamena na tezi na komentatorite na tekstot, 19.10.2012 12:59:16 | .....i, nikoj ne ja sfati ironijata na Rizaov so kupuvanjeto na OKTA. Interesno, kako lugjevo komentiraat bez da ja razberat poentata, tuku si trgnuvaat od svoite predubeduvanja i so amena na tezi, si komentiraat za deseti raboti. Eve go nekoj si Feliks, koj namesto za temata si diskutira za prodazhba na EVN i potoa drugite se nadovrzuvaat na nego, i.....otide izlozhenata poenta |
| Крт, 19.10.2012 12:59:26 | До Феликс дудукот (во превод шупелка). ,,Друже,, дали тебе понекогаш ти работи ,,рикверц,, светлото и така троа да се свртиш наназад и да погледаш, кој тоа стави ПАРАФ на договорот со ОКТА и кој тоа сеуште прима тантиеми за тоа злодело на столетието. Да не е случајно сеуште во владата, можеби е и на висока, висока функција. Веднаш ќе погодиш. Ај бре остави ги ЕВН, ЈОРДАН во својот коментар многу јасно ти ја објасни положбата со ЕВН,МЕПСО и ЕЛЕМ. Феликсе, имаш една чудна особина, стално се чешаш на погрешно место. ,,Болвите,, се опасна работа, посебно ако ти скокаат во очите. |
| Za Feliks, 19.10.2012 13:39:47 | Kolku da go potsetam Feliks i onie ostanatite sto se trudat da zarabotat 500 denari: Znaeme veke deka satevci se krivi za sve pa i za Okta. A koga veke go spomna EVN samo da se potsetime deka site pari od prodazbata bea vo budzetot i bea ostaveni na narednata vlast t.e. na VMRO (bidejki bese prodadena pred izbori). Prasanjeto za analiza e: gospodo od VMRO, KAJ SE PARITE? Aj ovde Feliks kako informiran da ni objasni sto se sluci so parite od EVN? |
| Ако ОКТА е криминално приватизирана, нека се затворат криминалците!!! Но..., 19.10.2012 14:02:54 | Како СДСМ успеа да ја направи ОКТА најголем загубар во 98-та, со 150 милиони марки долг, или 2 пати повеќе од нејзината вредност? Со домаќинско работење и без криминал? Да не се продадеше, денес ОКТА ќе беше старо железо и над 2000 работници ќе останеа на улица. Со продажбата на ОКТА, нејзината модернизација и нафтоводот влегоа вкупно 320 милиони долари странски инвестиции. Се изгради нафтоводот Скопје-Солун, инвестиција од 180 милиони долари. Македонија денес има своја рафинерија и не увезува бензин и други нафтени деривати. |
| Миле - Охрид, 19.10.2012 14:36:45 | Навистина е време да ги оставиш „ ... спомениците и да се вратиме на „Хеленик петролеум“ и некогаш нашата никогаш непрежалена „Окта“...“. Тоа е вистински пример за она што го велиш „...Имотот што се крчми е изграден од поранешни генерации, па неговата цена брзо се утврдува...“. Време е да се свртиме кон продажбата на Телеком, ЕВН и многу други гиганти и столбови на македонската економија и да не дозволиме продажба (такво нешто се заговара и е во повој преку т.н. јавно приватно партнерство). на водоводните и водоснабдителните претпријатија во Република Македонија по предходниот урнек. Се спрема „крчмење“ на оние јавни претпријатија кои не можат одржливо да работат (пр.„ Проаква“ и други). Тоа го спремаат локалните самоуправи и раководствата на ЈП кои ги доведоа претпријатијата во стојба да неможат да ги извршуваат своите функции. Остави ги спомениците затоа што економската анализа која ја правиш за нив ти е погрешна, а притоа си оптеретен и со предрасуди и стереотипи за историјата. |
| perica, 19.10.2012 14:37:40 | Pocituvan Erole,
Iako nema vrska so poentata koja ti e na mesto, moram da ti ukazam na nesto po mene mnogu bitno.
Otsekogas mnogu me nervirale faktogravski nepreciznosti vo novinarski tekstovi , makar tie bile i osvrti kako tvojot kaj sto konkretnite fakti i ne se mnogu bitni za poentata.
Velis edinstvena rafinerija pod Sava i Dunavkade sto prenosno re razbira deka asociras na bivsita ni zaednicka tatkovina. Problemot e vo toa sto pod Sava i Dunav ima ne edna tuku uste 3 rafinerii(Rijeka ,Sisak, Modrica).
razbiram vakvi gafovi da im se slucuvaat na pilistarcive ali ne in stari volci kako tebe.
Pozdrav. |
| Maki, 19.10.2012 15:03:44 | A da im ponudime trampa od spomenicite ni novi, od naj centarot na gradot nas glaven, levo i desno od rekata ni, od onie za koi e zainteresirana Grckata strana, a? Pa da vidime sto ke odberat umnite Eleni i koe rodoljubie ke se javi od tamu, ili ke preovlada gladniot im stomak i idninata na zemjata, a ne antikata kako kaj nasive so koja gi izmackaat ocite na narodot za da idi vaka slep.
|
| луди Милојко!, 19.10.2012 15:20:12 | Внучко Евдино!Не седи многу на слнце, глата станват бутур.Или имаш “амнестија “, ама не како онаа изгласана во парламент од вас “патриотите“.Во моментов Хеленик петролеум го продава имотот а ОКТА му е внука ,внучко Евдино ! Приватизацијата на ОКТА е најкриминална приватизација ,која, кога до крај ке се расчисти, ке се учи во економијата како пример за криминал. А продажбата на ЕВН да имаше трошка криминал , Шутка ке ја наполнеа .Прво кумот ја кририкуваше ЕВН и види богати за кратко време менаџерот на ЕВН ја фалеше владата како многу транспарентна?! Се “распеа “МЕПСО И ЕЛЕМ со 62,26% од цената по ,KW а ЕВН 37,74% од KW.. Трк внучко Евдино во аптека, купуј топломер...Ќе почнеш да бунцаш ,па баба може и дедо да ја викаш! |
| До Перица и Миле, 19.10.2012 15:22:09 | Перица не го знаеш изразот под Сава и Дунав. Сите три рафинерии што ги спмнуваш се над Сава и Дунав. Значи од Пначево надоле нема рафинерија. Таа граница Сава и Дунав е симбол на Исток и Запад. Тоа не е алузија на целата територија на бивша Југославија. Читај како пишува.
А, ти Миленце не го карај тој што пишува за најголемиот кич во историјата на Македонија за која се изјаснија најголемите македонски архитекти,карај тој што ги гради и распинички ги троши парите на сиромаштијата. Ти препорачувам да ја прочиташ последната анкета на Брима Галуп што мислат граѓаните за „Скопје 2014“. Катастрофа. |
| respekt, 19.10.2012 16:19:58 | Живееме во земја со изместени репери за вредности. Ако не е така, актуелниот Премиер кој дефакто е потписник на Документот за продажба на Окта-ке си извршеше карикири. |
| цане соколовски, 19.10.2012 20:51:29 | Човекот почнал да се бави со уметност, култура, архитектура (рококо, кококо и сл) кога ги задоволил своите основни потреби. Се разбира со текот на времето тие потреби се менувале, и растеле. Немам ништо против споменици, ни административни згради ниту театри, ама после задоволување на ОСНОВНИТЕ ПОТРЕБИ на Македонецот, а тоа е достоен човечки живот за секого.Сето друго е дезавуација на животот ан џенерал. Не знам дали Ј.Становник мене ме чул (хаха) или јас него ама сум го рекол ова- Ти ибам ниската задолженост кога за да ја отплатиш достигнатата рата треба да земеш друг кредит. И да видиш никому ништо-плашливиот Македонец општо ќути ко риба, ама само кај нас. Луѓето во основа немаат свое мислење, туку наметнато од средината во која живеат. Сопственото мислење е инхибирано некаде длабоко во потсвеста. Само силен карактер е способен да се спротистави на средината во која живее. Затоа, не ми се чудни тие како Феликс. Тие се само полтронизирани човечки елементи. |
| BitolaHamiltonCanada, 19.10.2012 22:17:41 | Nemora da ja kupime,ne trebashe da ja prodavme.Dali se gcite gazdi ili bilo koj drug,se edno,se dodeka drzavata obezbedi dobri uslovi vo nasha korist.Na pr.51:49 ili 66:33 ili ushte podobro za nas 75:25. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 6°C
Ведро
|
Понеделник
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 7°C
|
Вторник
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 8°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (31)Власта ништо не може да ја замени. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
Како умре Моамер ел Гадафи? „Хуман рајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“... | |
|