18.10.2012, 15:55 Двојниот убиец од Гостивар почина во притворска ќелија
Гостивар - Пред два дена од инфаркт починал 51 годишниот Менсур Идризи, жител на гостиварското село Чегране, во притворска ќелија во Истражниот затвор Скопје, осомничен за убиство и за обид за убиство. Идризи беше осомничен за убиството на 62 годишниот Имер Зеќир, од Гостивар и за обид за убиство на 39 годишната дебарчанката Ќание Р., која со тешки рани се наоѓаше на лекување во скопските клиники и таа од здобиените повреди починала меѓувреме.
Инаку, вооружената престрелка се случи на полноќ на 8 октомври годинава, во близина на железничката станица Гостивар, на улицата „Мара Угринова“. По жестока вербална расправија Идризи, прво пукал во главата на љубовницата Ќание и `и нанесол тешки повреди, а потоа и кон соперникот кој со два куршуми го убил на самото место.
Според кривичниот законик по смртта на убиецот ќе биде запрена и истражната постапка.(К.К.) |