18.10.2012, 09:29 Пак генерален штрајк во Грција
Во Грција денеска ќе се одржи генерален штрајк, што кој го закажаа двата најголеми синдикати во знак на протест против мерките за штедење.
Синдикатот на јавниот сектор АДЕДУ и грчката конфедерација на синдикати на вработени во приватниот сектор ГСЕЕ ги повикаа своите членови денеска да си заминат од работа и да учествуваат во протестен собир. Ова е втор генерален штрајк овој месец.
Денеска не работат јавните службеници, адвокатите, судиите, нотарите, лекарите во болниците и стоматолозите.
Лекарите во Атина нема да работат од пладне до 15 часот.
Вработените во Грчката железница (ОСЕ) исто така учествуваат во штрајкот што значи дека со метро нема да може да се оди до атинскиот меѓународен аеродром. ОСЕ оперира со метро линијата од станицата Дукисис Плакентиас до аеродромот.
Возачите на тролејбусите исто така штрајкуваат, а возачите на автобусите нема да возат пред девет часот и после 21. Таксистите денеска нема да работат од осум до 17 часот.
Со денешниот штрајк е погоден и воздушниот сообраќај затоа што контролорите на летање нема да работат од 10 до 13 часот.
Патничките фериботи исто така нема да пловат, затоа што нивниот синдикат ПНО бара фериботските компании да потпишат нов колективен договор со вработените. Она што е необично за денешниот штрајк е тоа што кон него ќе се приклучат и сопствениците на трафики што досега не било пракса. |