18.10.2012, 14:48 Две жени жртви на сексуално малтретирање
Полицијата поднесе кривични пријави за силување против двaјца насилници од Крива Паланка и кумановско Опае. Според полицијата првиот инцидент се случил во авгист кога 34-годишниот Ф.А. од Опае, на 4 август, во Куманово без повод и причина и пришол од зад грб на 24-годишна кумановчанка и насила ја фаќал по гинеталиите и по телото.
Другиот случај бил на 26 септември. Како што велат од полицијата, 46-годишна жена додека го напасувала добитокот била нападната од Р.С. од Крива Паланка.
Тој прво ја наврдувал, а потоа и се нафрлил да ја силува, но откако пружила отпор, пријавениот извршил други полови дејствија над жената.
|