18.10.2012, 11:40 Јапонската Влада ќе му подари машина за перење алишта на својот нобеловец
Макико Танака, министерка за образование, наука и технологија на Јапонија предложила колегите од Владата да дадат поединечно по 5 до 10 илјади јени (60 до 120 долари) за да купат нова машина за перење алишта за нобеловецот Шинја Јаманаки, објави „Јапан тајмс“.
Јаманака оваа година заедно со Американецот Џон Гурдон доби Нобелова награда за медицина за описот на механизмот по кој клетките може да се репрограмираат и од нив во иднина да може да „израснат“ ткива и органи што би помогнало за подобро лекување на сериозни заболува��а.
На идеја за подарокот дошле откако дознале дека на 8 октомври Јаманака (50) професор на Универзитетот во Кјото, поправал машина за перење алишта кога му заѕвонил телефонот и му било соопштено дека е добиник на Нобеловата награда за физиологија и медицина за истражувањата врз матични клетки.
- Предложив сите како членови на Владата, да го поделиме трошокот, изјави Танака на прес-конференција и додаде дека никој немал ништо против тој предлог, но ќе мора да проверат дали тој потег би бил законски. Јаманака за наградата од Нобеловиот комитет ќе добие 1,1 милион долари. |