18.10.2012, 12:21 И дел од бизнисот против отпуштање работници без најава
Бизнис конфедерацијата на Македонија не ја поддржува иницијативата на дел од бизнис заедницата за промена на Законот за работни односи со која се бара отпуштање на работниците без најава.
„Во време на социо-економска криза, работодавачите треба да се консултираат со социјалните партнери за социо-економските состојби почитувајќи ги колективните договори и интерните компаниски договори за работен однос или колективниот договор на ниво на компанија. Вложените средства во безбедност и здравје, образование, обука, доквалификација и преквалификација на работниците е една од мерките за зачувување на највредниот капитал на компаниите - човечкиот капитал и ресурси кои се и основниот конкурентен капитал на компаниите“, велат од Бизнис конфедерација.
Како можни решенија за здржување на работниците на работните места, Бизнис конфедерацијата ги посочува флексибилното пресметување на работното време, вработувањето со ваучери за уплатени социјални придонеси за привремените вработувања, како и доследното спроведување на Законот за минимална плата. (Ек.Р.)
|