Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
19.10.2012, 09:05

Нови гафови и шеги во американските избори

Барак Обама и Мит Ромни се обратија на свечена вечера во Њујорк, каде имаа ретка можност да прават шеги на меѓусебна сметка.

Присуството на двајцата кандидати на меморијалната вечера во чест на првиот католички претседателски кандидат Алфред Смит е своевидна традиција во американската политика. Прв зборуваше Ромни, кој се шегуваше на сметка на притисокот на претседателот Обама врз Католичката црква, гафовите и смеењето на потпретседателот Бајден за време на потпретседателската дебата и ги обвини медиумите дека го поддржуваат Обама.

- Не сакам да кажам дека медиумите се пристрасни против мене. Сфаќам д��ка и тие и јас имаме задача која треба да ја сработиме. Мојата задача е да понудам позитивна визија за иднината на оваа земја, а нивна задача е да се погрижат никој жив да не дознае за тоа. Веќе знам какви наслови ќе извадат за оваа вечера. Ќе кажат, претседателот Обама доби поддршка од католиците, а Ромни беше на вечера со богаташи како него, рече Ромни.

Претседателот Обама се шегуваше за богатството на Ромни за кого кажа дека дошол во Њујорк на шопинг, да купи неколку продавници, но се шегуваше и на своја сметка, за лошиот настап во првата дебата против Ромни.

- Ова е моја трета средба со гувернерот Ромни во кратко време. Забележавте, имав многу повеќе енергија во нашата втора дебата. Бев навистина добро одморен, откако ја преспав првата, изјави Обама.

Католичките гласачи на кои им се обратија двајцата кандидати се еднакво поделени меѓу републиканската и демократската партија, а оваа година двајцата потпретседателски кандидати се католици.

Обама беше соочен со силни критики на католичките свештеници поради здравствените реформи, со кои на католичките институции им се наложува при обезбедувањето на здравствената заштита за своите вработени да вклучат и контрацептивни средства, па дури и абортус, нешто што се противи на статутите на многу католички образовни, здравствени и хуманитарни организации.

Ромни повеќе пати го осуди Обама за овој чекор, и ја повика Католичката црква да се бори за животот на секое неродено дете.

Во меѓувреме, голем број анкети ја анализираат состојбата на трката, во пресрет на последната, трета дебата која е предвидена за понеделник.

Анкетата на Галуп, која предизвика најмногу реакции вчера, покажа дека Ромни води пред Обама со дури седум проценти разлика, 52 наспроти 45 проценти.

Друга анкета спроведена во влијателната сојузна држава Пенсилванија покажа неочекувано водство на Ромни, кој досега не направи сериозни обиди да го предизвика водството на Обама во оваа држава.

Агенцијата Паблик полиси полинг покажа дека двајцата кандидати се изедначени, со по 48 проценти од гласовите, додека Обама ја задржува предноста во Колорадо, една од клучните сојузни држави за кои се борат двајцата кандидати.

Вчерашниот ден беше одбележан со нови гафови на потпретседателот Бајден, кој на собир во Лас Вегас двапати ја прашал публиката дали лично познаваат војници кои биле ранети во Ирак и во Иран. Потпретседателот мислел на Ирак и Авганистан.

Кампањата на Обама продолжува да го напаѓа Ромни за изјавата на дебатата во вторникот, кога кажа дека како гувернер на Масачусетс барал од советниците да му донесат квалификувани женски кандидати за високи функции, и тие му донеле ‘папки полни со жени’. Според Обама, Ромни со оваа изјава ги навредил женските гласачи.

Од друга страна, кампањата на Ромни возвраќа по настапот на Обама на хумористичната емисија на Џон Стујарт. Емисијата се` уште не е објавена, но во јавноста излезе инфорамција дека, прашан за нападот врз амбасадата на Бенгази и убиството на амбасадорот Кристофер Стивенс и уште тројца Американци, Обама рекол дека тоа ‘не било оптимален настан’. Со оваа изјава на Обама, нападот во Бенгази останува главна тема во медиумите меѓу двете дебати. (МИА)


Статијата е прочитана 848 пати.

Испрати коментар



Од манастирот „Света Богородица“ украдени 150.000 денари
��авалица во продавниците со користена стока
Субвенции и за земјоделците кои лани не добиле помош
Случајот „Монструм“ чека на одлука на Обвинителството
Црковните проблеми станаа политички
СДСМ - ЕЛЕМ е виновен за поскапувањето на струјата
Ивон - Потребно подобрување на односите со соседите
Ставен под напон далноводот Вруток – Полог - Тетово
Хиротонисан новиот владика Јосиф
Хиротонисан новиот владика Јосиф
Владата ќе финансира извоз и учество на саеми
Треневски со Расмусен во Авганистан
Папата ќе прогласи седум нови светци
Претставување на македонските вина во Холандија и Полска
Запленети 9,5 килограми хероин на Деве Баир
Македонската дијаспора ќе инвестира 15 милиони долари во Македонија
Игор Илиевски - Подготвен сум да се соочам со последиците
СДСМ - Спомениците од „Скопје 2014“ да ги чува само полицијата
Зафировски - Никогаш не било подобро да се инвестира во Македонија
Наместо помош од надвор, да се поттикнуваат сопствените бизниси
Македонските фирми имаат потенцијали
Мукаетов - Добра можност за градење мостови меѓу бизнисите тука и нашата дијаспора
Проговори заштитениот сведок за убиството кај Смилковци
Оставка на британскиот министер Ендрју Мичел поради навреда на полицаец
Еден загинат, а 12 повредени од возач на комби возило во Кардиф
Иванов очекува Македонија во декември да добие датум за преговори
Молотови коктели фрлени во студентскиот дом „Гоце Делчев“
Втор ден од Глобалниот инвестициски самит во Охрид
Рикер - Спорот за името не може да се реши со притисок на САД
Го сменил името, но не се спасил од убиство
Британски инженери произведоа нафта од „заробен“ воздух
Се гради тренинг-центар за туризам
(ФОТО) Крвав пир во Кумановско - го убил роднината, па си пресудил
Нови членови на Управниот одбор на Шпаркасе банка Македонија
Апелација ја отфрли жалбата на велешани
Наскоро пресуда за Американката со 256 монети
Ставрески - Нема да има криза на нафта
Ставрески - Потврдениот рејтинг предвесник за нови инвестиции
ОРМ - Со предложените измени не се намалуваат работничките права
Британската влада врбува деца и хакери
Бизнис дијаспората ќе отвори фонд за инвестирање во Македонија
Две убиства и едно самоубиство во Куманово
Клучното прашaње е како да се воспостави економски раст
Карл Билд - Визите ќе ги погодат обичните, чесни луѓе на Балканот
Бомба од половина тон ја испразни северна Будимпешта
„Златна зора“ трета по рејтинг во Грција
Спорот за името ги влошува внатрешните односи во Македонија
Кофи Анан - Македонија беше подготвена на решение, Грција не сакаше
Се централизира регулацијата на банкарскиот сектор во еврозоната
Над сто лица приведени по вчерашниот протест во Атина
Петре Наковски и Ејуп Адеми прогласени за кодоши
Романец се самозапали во Рим, откако останал без работа
Двојниот убиец од Гостивар почина во притворска ќелија
(ФОТО) „Кемет електроникс“ почна со работа во Бунарџик
Во сообраќајка загина 82-годишна жена
Адеми - ЕК забележа недоволно инвестиции во животната средина
Две жени жртви на сексуално малтретирање
Eвроинтеграциите гаранција за траен мир на Балканот
(ФОТО) „Ми се закануваа дека ќе ми ги убијат децата“
Владимир Георгиевски и Халил Зендели добитници на „23 Октомври“
Платен убиец избега од затвор
Штиглмаер - Воведувањето визи не е решение
(ФОТО) „Војводата на коњ“ и официјално Тодор Александров
Во Македонија прв меѓународен камп за мобилни апликации
И дел од бизнисот против отпуштање работници без најава
Се заострува реториката меѓу Обама и Ромни
Јапонската Влада ќе му подари машина за перење алишта на својот нобеловец
Двегодишно дете заболено од западнонилска треска
Регионална конференција за стогодишнината од Балканските војни во Истанбул
Пак генерален штрајк во Грција
Почнува Глобалниот инвестициски самит во Охрид
„Кемет електроникс“ ја отвора фабриката во Бунарџик
Скопјанец заработил 2,5 милиони евра, фармацевт со бруто-плата од 92 илјади евра
Студентка од Скопје скокна во смрт



od doma, 19.10.2012 15:26:02
Taka im trebe na pretsedatelskite kandidati vo SAD koga ne zele primer od nashite, pa voopshto da ne se pojavuvaat na debati...More i da ne predviduvaat takva moznost. I taka; ke si bidat mirni DO i PO demokratskite ( nasilni) izbori !

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Ведро

Понеделник
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 7°C

Вторник
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (31)
Власта ништо не може да ја замени. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Човекот поет нема друг избор освен да пишува
„Пазарната логика се наметнува како валиден репер дури и за книжевните вредности“, вели поетот Владимир Мартиновски...
Како умре Моамер ел Гадафи?
„Хуман рајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |