19.10.2012, 10:30 Бомба од половина тон ја испразни северна Будимпешта
Унгарските власти денеска почнаа евакуација на околу осум илјади лица од северниот дел на Будимпешта, откако беше пронајдена бомба од Втората светска војна на околниот железнички мост, тешка 500 килограми.
Полицијата ги проверува сите куќи во пречник од еден километар, станбените комплекси и околниот трговски центар.
Жителите на тој дел од градот се замолени да заминат кај свои роднини или пријатели или да се сместат во околниот центар за дневен престој, додека неподвижните лица ќе бидат префрлени со возила на брзата помош.
Се очекува експертите за експлозиви да ја отстранат и деактивираат бомбата во раните утрински часови, а на жителите ќе им биде дозволено враќање во нивните куќи по 18 часа. |