Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
18.10.2012, 15:22

(ФОТО) „Кемет електроникс“ почна со работа во Бунарџик

Фабриката на американската компанија денеска официјално почна со производство, а во неа првично ќе работат 100 лица

ФОТО: Петр Стојановски

Американската компанија „Кемет електроникс“ официјално почна со производство во фабриката во ТИРЗ Скопје 1. Инвестицијата вредна 20 милиони долари отвори сто нови работни места која за неколку години треба да постигне 500 вработувања. Ќе произведува електронски производи кои се користат во авионската, воената, автомобилската и друга индустрија.

Официјално фабриката ја отвори премиерот Никола Груевски со целиот владин економски тим, извршниот директор на „Кемет електронкикс“ Пер Луф и американскиот амбасадор во земјава Пол Волерс.

Фабриката се простира на површина од 11 илјади метри квадратни и 9 илјади метри квадратни производствен капацитет. Во моментов има две производни линии, а треба да се пуштат уште седум. Моментално се 100 вработени, до март 2013 треба да достигнат 150, до крајот на 2013 - 250, а до заокружување на инвестицијата со дополнителни 10-15 милиони долари ќе достигне 500 вработувања.

- За нешто помалку од две години откако почнаа разговорите, а за неполна година од почетокот на изградбата, „Кемет електроникс“ веќе има функционална фабрика во Македонија која почна со производство. Тоа е одлика на добар тим и на одлична организација, рече премиерот Груевски, обраќајќи се на официјалното отворање на фабриката во ТИРЗ Скопје 1.

Според него, од особено значење за Македонија е тоа што „Кемет електроникс“ е еден од најголемите светски брендови за изработка на високософистицирани производи кои се користат во речиси сите електронски уреди. - Присуството на „Кемет“ во Македонија претставува и своевидна покана за многу други фирми со кои соработува меѓу кои се ХП, „Сименс“, „Филипс“, „Нокиа“, „Бош“, „Ериксон“, „Алкател“, „Моторола“, „Циско“ и многу други. Верувам дека голем број од нив ќе го следат примерот на „Кемет електроникс“ и ќе ја разгледаат Македонија како своја следна дестинација, рече премиерот и додаде дека Владата е тука да им овозможи што полесни услови за бизнис, ниски даноци, намалени трошоци, кратки процедури и сето она што претставува интерес на компаниите и нивните менаџменти.

Главниот извршен директор на „Кемет електроникс“ Пер Луф потенцира дека за инвестирање во Македонија се заинтересирале пред две години и дека ја одбрале оваа локација за изградба на нивната нова фабрика за што постоеле и други локации на друго место заради мудрата и паметна маркетинг тактика на македонската Влада. Според него, еден од клучните фактори да инвестира бил и квалитетот на луѓето во земјава.

Американскиот амбасадор Пол Волерс посочи дека искуството на „Кемет електроникс“ покажува дека Македонија може да биде добро место за водење бизнис. - Се повеќе станува јасно дека Македонија е вистински конкурент на светската бизнис-сцена дури и во овие тешки економски времиња, рече Волерс.

Според вицепремиерот за економски прашања Пешевски за Македонија е битно што „Кемет електроникс“ ќе произведува дел од нивните специфични делови кои се користат во сите електронски уреди.

- Ми претставува особено задоволство што продуктите на „Боинг“, „Филипс“, ХП, „Дел компјутери“, „Бош“ и ред други светски познати компании ќе ги сочинуваат делови кои ќе бидат произведени во Македонија од страна на македонските граѓани, рече Пешевски.

Вети дека Владата и во иднина ќе продолжи со политиките за подобрување на бизнис-климата и стратегијата за привлекување странски инвеститори.

Директорот на ТИРЗ Виктор Мизо нагласи дека отпочнувањето со производство на „Кемет електроникс“ претставува значителен чекор кон целосно исцрпување на „Бунарџик“.

- Извозот од „Бунарџик“ лани беше 16,3 отсто од вкупниот извоз на Македонија, рече Мизо, нагласувајќи дека „Кемет електроникс“ е првата од трите компании што треба да започнат со производство во зоната до крајот на годинава до кога во сите зони во Македонија ќе има 1.300 нови вработувања за разлика од лани кога имало само 500 вработувања, рече Мизо.

Досега седум компании одлучија да инвестираат во ТИРЗ Скопје 1 и да вложат над 225 милиони евра и да овозможат околу две илјади нови вработувања.


Статијата е прочитана 1187 пати.

Испрати коментар



Од манастирот „Света Богородица“ украдени 150.000 денари
Навалица во продавниците со користена стока
Субвенции и за земјоделците кои лани не добиле помош
Случајот „Монструм“ чека на одлука на Обвинителството
Црковните проблеми станаа политички
СДСМ - ЕЛЕМ е виновен за поскапувањето на струјата
Ивон - Потребно подобрување на односите со соседите
Ставен под напон далноводот Вруток – Полог - Тетово
Хиротонисан новиот владика Јосиф
Хиротонисан новиот владика Јосиф
Владата ќе финансира извоз и учество на саеми
Треневски со Расмусен во Авганистан
Папата ќе прогласи седум нови светци
Претставување на македонските вина во Холандија и Полска
Запленети 9,5 килограми хероин на Деве Баир
Македонската дијаспора ќе инвестира 15 милиони долари во Македонија
Игор Илиевски - Подготвен сум да се соочам со последиците
СДСМ - Спомениците од „Скопје 2014“ да ги чува само полицијата
Зафировски - Никогаш не било подобро да се инвестира во Македонија
Наместо помош од надвор, да се поттикнуваат сопствените бизниси
Македонските фирми имаат потенцијали
Мукаетов - Добра можност за градење мостови меѓу бизнисите тука и нашата дијаспора
Проговори заштитениот сведок за убиството кај Смилковци
Оставка на британскиот министер Ендрју Мичел поради навреда на полицаец
Еден загинат, а 12 повредени од возач на комби возило во Кардиф
Иванов очекува Македонија во декември да добие датум за преговори
Молотови коктели фрлени во студентскиот дом „Гоце Делчев“
Втор ден од Глобалниот инвестициски самит во Охрид
Рикер - Спорот за името не може да се реши со притисок на САД
Го сменил името, но не се спасил од убиство
Британски инженери произведоа нафта од „заробен“ воздух
Се гради тренинг-центар за туризам
(ФОТО) Крвав пир во Кумановско - го убил роднината, па си пресудил
Нови членови на Управниот одбор на Шпаркасе банка Македонија
Апелација ја отфрли жалбата на велешани
Наскоро пресуда за Американката со 256 монети
Ставрески - Нема да има криза на нафта
Ставрески - Потврдениот рејтинг предвесник за нови инвестиции
ОРМ - Со предложените измени не се намалуваат работничките права
Британската влада врбува деца и хакери
Бизнис дијаспората ќе отвори фонд за инвестирање во Македонија
Две убиства и едно самоубиство во Куманово
Клучното прашaње е како да се воспостави економски раст
Карл Билд - Визите ќе ги погодат обичните, чесни луѓе на Балканот
Бомба од половина тон ја испразни северна Будимпешта
„Златна зора“ трета по рејтинг во Грција
Спорот за името ги влошува внатрешните односи во Македонија
Кофи Анан - Македонија беше подготвена на решение, Грција не сакаше
Се централизира регулацијата на банкарскиот сектор во еврозоната
Над сто лица приведени по вчерашниот протест во Атина
Нови гафови и шеги во американските избори
Петре Наковски и Ејуп Адеми прогласени за кодоши
Романец се самозапали во Рим, откако останал без работа
Двојниот убиец од Гостивар почина во притворска ќелија
Во сообраќајка загина 82-годишна жена
Адеми - ЕК забележа недоволно инвестиции во животната средина
Две жени жртви на сексуално малтретирање
Eвроинтеграциите гаранција за траен мир на Балканот
(ФОТО) „Ми се закануваа дека ќе ми ги убијат децата“
Владимир Георгиевски и Халил Зендели добитници на „23 Октомври“
Платен убиец избега од затвор
Штиглмаер - Воведувањето визи не е решение
(ФОТО) „Војводата на коњ“ и официјално Тодор Александров
Во Македонија прв меѓународен камп за мобилни апликации
И дел од бизнисот против отпуштање работници без најава
Се заострува реториката меѓу Обама и Ромни
Јапонската Влада ќе му подари машина за перење алишта на својот нобеловец
Двегодишно дете заболено од западнонилска треска
Регионална конференција за стогодишнината од Балканските војни во Истанбул
Пак генерален штрајк во Грција
Почнува Глобалниот инвестициски самит во Охрид
„Кемет електроникс“ ја отвора фабриката во Бунарџик
Скопјанец заработил 2,5 милиони евра, фармацевт со бруто-плата од 92 илјади евра
Студентка од Скопје скокна во смрт



Skopje 1689, 18.10.2012 19:32:59
Auuu - glej go kako posmatra vo toa mashinata... abe, ovoj i bravar da ti bil, kako Tito !!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Ведро

Понеделник
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 7°C

Вторник
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (31)
Власта ништо не може да ја замени. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Човекот поет нема друг избор освен да пишува
„Пазарната логика се наметнува како валиден репер дури и за книжевните вредности“, вели поетот Владимир Мартиновски...
Како умре Моамер ел Гадафи?
„Хуман рајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |