19.10.2012, 14:59 Ставрески: Нема да има криза на нафта
Министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека не очекува да дојде до криза во снабдувањето со нафта во Македонија, затоа што Царинската управа ја санкционираше ОКТА. „Не очекувам никаква криза во однос на снабдувањето со нафта или што било во таа насока. Се разбира има увозници кои ќе го компензираат ова и ќе обезбедат доволно снабдување на нафтениот пазар“, изјави денеска Ставрески.
Тој потенцира дека Царинската управа си ја работи својата работа, со месеци врши анализи и проверка на состојбите и нивните констатации се верификувани и потврдени. (Ек.Р.)
|