19.10.2012, 16:20 Се гради тренинг-центар за туризам
Демир Капија - Во центарот на Демир Капија започна изградбата на првиот тренинг-центар за туризам во Македонија, кој е дел од проект за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција во вредност од над 300 илјади евра.
За таа цел, како што рече градоначалникот на Демир Капија, Трајче Димитриев, старата зграда која се наоѓа во центарот на градот ќе биде целосно реновирана. Притоа ќе бидат изградени три училници, кујна, канцеларии и сала за состаноци, сите опремени со најсовремена опрема.
Се очекува објектот да биде завршен до април следната година. (А.Д.) |