18.10.2012, 16:09 Романец се самозапали во Рим, откако останал без работа
Романец се самозапали пред зградата на претседателството во центарот на Рим и во тешка состојба беше транспортиран во болница, пишува италијанскиот весник „Кориере дела сера“.
Инцидентот се случил околу 14.00 часот по локално време.
Мажот бил однесен во болница со тешки изгореници, но лекарите изјавиле дека животот не му е во опасност.
Станува збор за 55-годишен романски државјанин, кој живеел во градот Пинероло, во реонот на Пиемонт, во северна Италија. Тој имал две деца и останал без работа.
Карабинер, кој се замешал во гаснењето на огнот, исто така, бил зафатен од пламенот и се здобил со лесни изгореници на раката, посочува весникот. |