18.10.2012, 09:45 Регионална конференција за стогодишнината од Балканските војни во Истанбул
Конференција на тема „Од Балканските војни до балканскиот мир“ се одржува денеска во Истанбул, а на неа учествуваат министрите за надворешни работи на Турција, Македонија, Албанија, Србија и Босна и Херцеговина.
Форумот е посветен на стогодишнината од Балканските војни и ќе се одржи под раководство на турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу.
Денешната меѓународна конференција е заклучната од серијата иницијативи со кои Турција ја одбележува стогодишнината од Балканските војни. На тие иницијативи и манифестации учествуваа на��чници и аналитичари од сите балкански земји.
Конференцијата ќе биде отворена со обраќање на професорот Кемал Карпат, а поздравен говор ќе одржи Давутоглу.
Во програмата се вклучени обраќања на сите министри за надворешни работи, меѓу кои и на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, а по нив ќе почнат панели, на кои научниците и експертите ќе го анализираат значењето на Балканските војни, од историска гледна точка, но и од апект на соработката меѓу балканските држави во денешно време.
На маргините на Конференцијата предвидено е министерот Попоски да оствари повеќе билатерални средба со свои колеги од регионот. |