18.10.2012, 15:00 Во сообраќајка загина 82-годишна жена
СТРУМИЦА - Осумдесет и двегодишната Божија Милошева од Струмица, вчеравечер околу 19 часот го загуби животот откако во неа удри такси возило. Несреќата се случи на улицата „Маршал Тито“ во близина на некогашната Памучна станица.
Автомобилот „рено меган скеник“, управуван од А.К. (68) од струмичкото село Добрејци, се движел во правец на крстосницата со улицата „Крушевска Република“ и со предниот дел од автомобилот удрил во пешакот, кој ја преминувал улицата. Старицата веднаш била пренесена во струмичката болница, но таму им подлегнала на повредите. На оваа фрекветна улица во Струмица досега се случиле повеќе сообраќајни несреќи, во кои најчести жртви се пешаците. (С.Т.)
|