18.10.2012, 16:21 Петре Наковски и Ејуп Адеми прогласени за кодоши
Комисијата за лустрација ги објави денеска имињата на двајцата поранешни функционери кои во понеделникот беа прогласени за соработници на службите. Еден од нив е Петре Наковски (1937), поранешен амбасадор во Полска, а другиот е Адеми Ејуп Хетем, роден во 1962 година, поранешен државен секретар во МВР. На веб-страницата на оваа институција нивните имиња беа запишани во Регистарот на лица за кои Комисијата утврдила дека го исполнуваат условот со кој се ограничува вршењето јавна функција.
Покрај името на ексамбасадорот, се објавени и решение и еден документ, од кој се гледа дека поранешниот професор давал и��формации за друго лице. Неговата соработка била откриена преку досието на друго лице, а како негова линија за соработка со службите било наведено дека тоа е бирократизам и етатизам.
За поранешниот државен секретар не се објавени документи, бидејќи било оценето дека со тоа ќе се изнесат безбедносни информации. (Г.Д.)
|