Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
24.10.2012, 17:48

Македонија и Бугарија се' поблиску до заедничка историја?

Како се случи Борис Сарафов да биде единствениот заслужен Македонец за покривот на МНР?

Слободанка Јовановска


Македонија и Бугарија се се' поблиску до славење заедничка историја. Иако општиот впечаток е дека двете страни и натаму спорат околу историските личности, спомениците на Симеон Радев, на Тодор Александров, а од завчера и на Борис Сарафов не' водат во пресрет на барањата на Бугарија во иднина да славиме исти личности и историја.

Дали е тоа така и како се случи Сарафов да биде единствената личност поврзана со Македонија што доби почесно место на покривот на новото Министерство за надворешни работи е тема која вчера ја отворија први бугарските медиуми.

Според агенцијата Фокус, статуата на Сарафов изгледа многу неприродно меѓу Черчил, Аденауер, Вашингтон, Јустинијан и Ганди, која потоа го цитира текстот со кој се објаснува неговата личност „како единствен Македонец претставник“, „контроверзна личност на македонската историја“ и „Македонец кој мислел дека бил Бугарин и станал бугарски офицер“. Откако, според Фокус, не успеал обидот Симеон Радев да биде претставен како основач на македонската дипломатија во, како што се нарекува, „скопскиот Ермитаж“, била поставена фигурата на Сарафов, чија биографија е доволно „тивка“ за да не биде тргнат.

Поранешниот премиер Владо Бучковски не смета дека со овој гест државниот врв прави чекор кон заедничко славење на историјата, туку, напротив, дека се бега од тоа.

„Поставувањето на овие споменици ВМРО-ДПМНЕ го прави заради приближување на своето членство кое го задојуваше со идеите дека меѓу нашите дејци рамо до рамо се и Тодор Александров и Борис Сарафов. Од пиар-аспект, ја голтнавме таа приказна и како што тргнало ќе стане неспорна улогата на Александров и Сарафов, бидејќи се најдоа аргументи зошто да се слават“, вели Бучковски.

Тоа што испадна дека нема ниту еден Македонец освен Сарафов заслужен да се најде на покривот на МНР меѓу Черчил, Моне, Аденауер и други светски политичари, владетели и дипломати, за Бучковски е апсурд.

„Ако не можевме да најдеме некој од периодот кога не бевме држава, можевме од АСНОМ наваму“, оцени тој, посочувајќи ги како такви фигури Димче Беловски и Лазар Мојсов, кои очигледно сега се бело петно на нашата историја.

Стојко Стојков од ОМО „Илинден“-ПИРИН смета дека Сарафов не е контроверзна историска фигура како Симеон Радев, дека имал добри и лоши страни, но најјасно од останатите се изјаснувал како Македонец. „Можеби некои луѓе работат со таа мисла да се дојде до заедничко славење на историјата, но како Македонци не треба да дозволиме нашите историски личности да ни ги присвојуваат соседите“, вели Стојков.

Сепак, тој смета дека спомениците попрво ќе го распалат огнот меѓу двете држави отколку што ќе доведат до некое историско приближување, се' додека Софија сака да ја славиме историјата само како бугарска. Сарафов, според него, бил неосновано маргинализиран во македонската историја.

Поранешниот амбасадор Ристо Никовски смета дека станува збор за личности кои се' уште не се доволно расветлени, па поставувањето нивни споменици е избрзано. Според него, прво требаше да се утврди нивната вистинска посветеност за македонската кауза, па потоа да се претставуваат јавно.

„Не е спорно дека многу нешта во нашата историја треба да се преиспитаат и постават во реални рамки, бидејќи во минатиот систем приодот беше доста ригиден“, оценува тој, додавајќи дека, сепак, не го гледа ова како како некакво приближување кон бугарските позиции и како исчекор кон заедничко славење на историјата.

„Тоа не смее да се прави додека Бугарија не расчисти дека ние сме Македонци и зборуваме македонски јазик“, вели тој, оценувајќи, исто така, дека има Македонци од југословенскиот период кои заслужиле да се најдат со статуа на МНР. „Изборот е субјективен, но не е дефинитивен“, вели Никовски, според кого на покривот на новата зграда има уште место.

Професорот Стево Пендаровски не гледа план и концепт на државниот врв околу овие споменици, бидејќи такво нешто има само за антиквизацијата. „Славењето на овие личности може да биде признавање на дел од заедничката историја, но може да биде и причина да се изиритира некој од нашите соседи���, оценува тој, забележувајќи дека за него е спорно тоа што нема официјално објаснување зошто токму тие личности добија статуи на МНР.

„Се работи за криминален начин на поставување декорација на МНР. Никој не кажа досега имало ли комисија која го направила изборот, како се правела селекцијата, кој учествувал во неа. Можеби сите заслужуваат да бидат таму, но не ни е позната процедурата“, коментира тој, додавајќи дека овој е еден од најнетранспарентните потфати од проектот „Скопје 2014“.




Статијата е прочитана 6195 пати.

Испрати коментар



Боцевски не се гледа во „иднината“ на Црвенковски
„Окта“ повторно ќе проработи
Јакимовски вели не сака, тогаш кој?!
Писмо на Гералд Кнаус до ЕУ за азилантите
Државата да не се меша во верските прашања
Oпозицијата во Кочани со непартиски кандидат за градоначалник?
Кичево на пат да ги спои ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ



VP, 24.10.2012 21:41:14
Никого не би сакал да навредм - но има периоди во кои Македонци и Бугари навистина имале заедничка историја ... и проблемот не е во тоа. Проблемот е како денес тоа историско наследство ќе опслужува две одделни нации, со одделни национални атрибути / а историјата е најважната компонента меѓу нив / Бугарија не треба да инсистира за заедничко чествување на настани и личности. Доволно би било на 24 мај делегациите на двете земји да бидат заедно на гробот на Св Кирил во Рим или на гробот на Св Методиј во Словачка. Нема потреба од повеќе, мислам... Одамна веќе секоја од двете нации оди по свој одделен пат. Нема апсолутно никакво место за сарказам и конфронтација. Со почит!
Весна.С. од Прилеп, 24.10.2012 23:59:37
Наскоро и ванчо михајлов ќе го стават на покривот на мнр П.С.Само во Прилеп -Дабница и Ваташа бугарите нема да дојдат да слават
Aman od spomenici!, 25.10.2012 00:04:58
Se izgubi sekoja smisla vo vrska so spomenicite, osven kriminalnata. Ima li kraj?
jovan, 25.10.2012 00:13:04
Nesum istoricar za da solam pamet sto treba a sto netreba da slavime so Bugarite, no onaka cisto laicki ke kazam deka nie odnosite so Bugarija i so Srbija MORAME da gi nekako *usoglasime*, a so toa ke dojde do omeknuvanje na odnosite i so Grcija. Inaku site ke se zapletkame vo kasata simbolicno narecena Erdogan. Koj svaka, znae za sto zboruvam.
janko, 25.10.2012 00:20:34
A za car Boris nema li edno mesto na pokrivot.
zik, 25.10.2012 01:18:14
san stephano?
Daniel, 25.10.2012 02:56:13
Jas ne gledam nisto loso,sto stavile skulptura, na Boris Sarafov.Na proektot Skopje 2014,rabotat profesionalci.Nikoj, ne Treba da se somneva vo nivnata kompetentnos.
Blgarin, 25.10.2012 03:30:19
I za car Boris mesto ke ima pa i za drugite. San Stefano?A zasto ne?
Nikola, 25.10.2012 06:19:12
Kole25.10.2012god. So lazi i polovina lazi ne ide site videme.Jovan ja KAZA VISTINATA.
до Никовски, 25.10.2012 06:27:45
Како да бараме Бугарија да расчисти дека ние сме Македонци и зборуваме македонски јазик, кога славиме личности кои, иако биле Македонци, се чувствувале како Бугари и се бореле за интересите на Бугарија?
kavadarci, 25.10.2012 09:19:58
na zdravje bricehje patrioti.dojdete vo vatasa stavete spomenik na todor aleksandrov.
citatelka, 25.10.2012 09:49:21
Ako dobijam na slednite izbori muzejot na zrtvite na komunizmot ce go preimenuvam vo muzej na zrtvite na VMRO i vnatre ke gi stavam site ovie skulpturi koi go nakaradija Skopje (poradi sto ni se smee svetot, a narodot e se popodelen i posiromasen), kako spomen na ova neslavno vreme. Uste nesto: ne sum od drugata strana. Mislam deka edinstveno resenie za da pocne da se dise vo MK e da se trgne Branko od SDS. Itn
aleks, 25.10.2012 10:04:01
Boris Sarafov e eden od glavnite finansieri na Velskite gemidzii...
Mudrec, 25.10.2012 10:49:54
Go poddrzuvam Skopje 2014, no ova so statuite na pokriv e golema glupost. Ne zaradi kontroverznosta na Sarafov ili drugi likovi (na primer, Cercil ne napravil nisto dobro za Makedoncite), tuku zatoasto tie statui ke gi gledaat samo pticite. A za Sarafov se znae - protivnik na levoto anti-bugarsko krilo na VMRO predvodeno od Sandanski. Skrateno, Makedonec-bugarash, slicno kako Ljubco.
Puhpuhan4o, 25.10.2012 10:57:59
Аденауер, Вашингтон, Јустинијан и Ганди - сите слвани македони, ахахаахахахахаха
Kojco, 25.10.2012 11:14:05
I taka pola Makedonija ima Bugarski pasosi, za nekoja godina ke e trazi obidinuvanje so Bugarija i ke imame izlez na Crno more. Boris Serafov e BUGARIN zaedno so Aleksandrov i mnogu drugi spomenici vo Skopje.
Зоран, 25.10.2012 11:29:54
Ние Македонците не сме ни Срби, ни Бугари, ами просто Македонци. Ние ги симпатизираме и едните и другите, кој ќе не ослободи, нему ќе му речеме благодарам, но Србите и Бугарите нека не забораваат дека Македонија е само за Македонците. —Борис Сарафов, 2 септември 1902[3]
pameten, 25.10.2012 11:38:12
G-ne Nikolovski, nikoj ne go negira nitu sovremeniot Makedonski narod, nito sovremeniot Makedonski jazik. No shto da se pravi koga vo Sredniot vek i za vreme na Prerodbata golemoto mnozinstvo na ovie prostori se opredeluvale kato Bugari, svojot jazik kako Bugarski i se izborele za Bugarski uchilishta i crkvi, nezavisno od faktot deka nekoi poedinichno pochnale da zboruvaat za poseben Makedonski jazik. Formiranjeto na Makedonskiot narod bilo proces... Do Vesna: koga toshaj vo Prilep kje go slavat najgolemiot Bugarski pisatel od sredinata na 20 vek - Dimitar Talev. Kolko do sudirite za vreme na Vtorata svetska vojna tie bile pred se ideoloshki. Vo Selo Jastrebino, (Istochna Bugarija) fashistkiot rezhim istepal povekje deca od kolku vo Vatasha.
gjorgji_, 25.10.2012 11:48:35
ako se pocne so potpishuvanje peticija na iskreni i progresivni socijalisticki i liberlani sili vo makedonija i seto toa se predade na Sdsm i na Branko Crvenkovski, mislam deka efektot i rezultatot ke bide mnogu pozitiven, i covekot ke se trgne na strana gledajkji deka ima napredono, progresivno i liberalno naselenie koe razmisluva na idninata na mk i voopsto na socijal-demokratskoto dvizenje koe ne e partiski shablonizirano. no od strav i nealternativa Branko se plasi da se trgne deka i toa malku sto go ima opstpjuva deka ke propadne. zatoa ako sakame da se trgne DPMNE i da se povlece branko treba da se sluci socijalisticka revolucija vo makedonskot opshestvo, za da toa vrodi plod i se izdigne nov lider na socijal-liberalno dvizenje vo makedonija. druga alternativa nema. Vo toj slucaj i samo vo toj Branko ke se trgne. moe skromno mislenje. Da imashe pojak lider vo SDSM dosega Branko ke se ostraneshe no nema vo toa e problemot.
Damjan, 25.10.2012 14:45:39
Тоа што Сарафов бил бугарски офицер, нема некое посебно значење, ако се има во вид дека во тој период, имаме дипломати, политичари, универзитетски професори, писатели, еминентни сликари, новинари, научници - сите со македонски национален корен, а по сила на (не)приликите во нивната родна Македонија, работеле во рамките на Бугарија. Зборувале на бугарски јазик, како што денес зборуваат англиски нашинците во А��стралија и Америка, но тоа не значи дека тие не се Македонци. Разликата е во тоа што таму никој не го негира нивниот етнички корен, како што тоа што го прави дури и денес ,, еворопска,, Бугарија. Се што е рожба на Македонка, е Македонец. Нам ни останува објективно да го вреднуваме нивниот учинок за родната земја, без ниххелистичкиот синдром, што е присутен...
zagrizen, 25.10.2012 15:50:34
Pameten,a kazi mi bi te zamolil na 11 Okt 1941 godina protiv kogo se digna Makedonskiot narod vo Prilep i Kumanovo?Protiv Marsovcite ili satelitite na Hitler,koi sega dokazuvaat deka tie ne bile so Hitler,tuku deka tie bile so ?? kogo???Ideoloski velis bile sudirite,a za koi ideologii,za nacional-socijalisticka na Hitler i oskata,a voedno i teritorijalna dobit?Nekako ne si mi jasen.Cvetan,Straso,Vapcarov,ucenicite od Vatasa koi bile tie lugje?Fasisti okupatori ili Makedonci?I da ti e jasno, jas protiv B*lgarite nemam nisto protiv.Imam i mnogu prijateli, nekoi i familijarni od pokojnite mi majka i tatko.No imam protiv nacional sovinizmot koj nekoj so sila go turka vo Makedonija i da voveduva novi istorii.Kazi prvo za Makedoncite vo B*lgarija,nivnite prava,jazik,skoli,identitet?!Lugjeto odat vo vselena kako turisti,a nie se dokazuvame koj e pogolem patriot,da i amebite poteknuvaat od ovoj region,normalno posle nas.Nekoj e ovde lud so falinka, neli?!Jas ne se osekam falicen,a ti?!
Баба Евда, 25.10.2012 15:53:47
Се бара внуче , со шатест од и „поинакво“. Особени белези:бега од коментари на непријатни теми за ДПМНЕ! За награда на чесниот наоѓач баба-Евда ќе му даде субвенционирана слива!
do neinformiranite, 25.10.2012 17:02:16
Onie sto mislat deka ovie dva spomenika ke znacat slavenje zaednicka istorija so istocniot sosed se vo zabluda.Spomenicite ne znacat zaednicko slavenje zatoa sto Sarafov jasno pisuval deka e etnicki Makedonec,a Aleksandrov bil ubien po naracka od istocniot sosed.Ovie istoriski licnosti pripagjaat samo na Makedonija i na nas Makedoncite.Ke ima spomenik od Vanco Mihajlov i car Boris ako se vrati Ljubco na vlast.No nema.Eden period zaednicka istorija imale Poljacite i Cesite no ne znaci deka se ist narod.Imale period na zaednicka istorija i Svegjanite so Dancite,no ne znaci deka se eden narod.Prerodbata i vrakjanjeto na makedonskiot jazik na ovie prostori se slucilo vo 16 vek.Ima i dokumenti vo Vatikan od 17 vek kade sto pisuva deka postoele i togas etnicki Makedonci so makedonski jazik.I vo ruskite dokumenti od 19 vek pisuva za etnickite Makedonci i makedonskiot jazik.
Дон_пп, 25.10.2012 18:26:13
Редно време да се изправи неправдата кон македонската историја што беше направена во СФРЈ , тогаш секој што се борел за македонија бил преставуван како бугарин со чес на исклучоци и така бугарите си почнаја да присвојуваат дел од нашата историја , но денеска македонската свес е на високо ниво и народо сам можи да отцени кој и за кого се борел
wiki, 25.10.2012 19:49:18
Борис Сарафов (12 јули 1872 – 28 ноември 1907) бил македонски револуционер, раководител и војвода. Бил водач на Врховниот Македонски Комитет (ВМК)
Логичар, 25.10.2012 20:40:42
Зошто некој е контроверзна личност ако бил “Македонец кој мислел дека бил Бугарин и станал бугарски офицер“? Ова стално некој некој ни го наметнува, но веќе му дојде крајот на перењето мозоци.
ПП, 26.10.2012 00:27:46
Извинете што вака че се изразам ама се изначитав еден куп глупости! Како можи Брис Сарафов кој е Македонец од Македонија по потекло да го споредувате со Цар Борис! Па во многу наврати со своите изјави јасно Борис С. се декларира како Македонец различен не само од Србите туку и од Бугарите! Тоа што во некои изјави не прави јасна разлика меѓу нас Македонците и Бугарите не го прави предавник туку тоа е карактеристиката на времето во кое што живеел! Македонските револуционери по илинденското востание најголем дел зеле активно учество на страната на бугарската армија во првата светска војна. Тие ја сочинувале 11тата Македонска дивизија во рмките на Бугарската армија, се со цел да издејствуваат слобода за Македонија и формирање на Независна или автономна Македонска држава.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
  


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Претежно облачно

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 20°C, Мин: 9°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 23°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (36)
Tито во дилема дали да се разведе од Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ФОТО) Обама гласаше во Чикаго
Со предвременото гласање тој стана првиот американски претседател кој гласал пред денот на изборите...
Верски профит во Мека
Милиони луѓе секоја година доаѓаат и и' носат милијарди долари на саудиската економија...
Доналд Трамп во отворена војна со Обама
Ќе даде пет милиони долари во добротворни цели ако Обама ги објави своите документи...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |