Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
24.10.2012, 17:39

Мое ќоше

Безвезен режим

Ерол Ризаов

Никој не може да има поголема одговорност од нас за нашите проблеми

Може ли да ни се случи да ги почнеме преговорите со ЕУ идната година, а оваа насушна 2012 да го изгубиме безвизниот режим со повеќе европски држави. Или не дај Боже уште полошата варијанта и по четврти пат со најповолен извештај стасан досега од Брисел пак да не добиеме датум за преговори и истовремено пак да стоиме во понижувачките веќе заборавени редици пред странските амбасади и конзулати во Скопје.

Гневен сум како и секој граѓанин на Македонија на ваквите европски и светски бариери бидејќи добро го знаеме колоритот на нивните големи градови, Париз, Лондон, Рим, Берлин... Њујорк, каде што милиони луѓе од сите бои, раси, вери дојдени од сите континенти во потрага по парче леб дринчат да го видат на јаве својот сон.

Хуманата Европа одамна не ги сака сиромашните, ама чинам најмногу е алергична на дојдениците од Балканот. Европејците не ги мразеа толку Србите, Албанците, Грците, Македонците и Турците кога се копаа патиштата, кога се чистеа улиците, канализациите, депониите и, се разбира, кога се копаше руда во рудниците. Тогаш и физичките работници и азилантите беа добредојдени. Денес Германија и уште неколку земји се длабоко загрижени за наездата на азиланти кои сакаат под политички јорган со греење од социјалната помош на богатите да ја презимат зимата. Добро, ќе речете, секоја држава си презема мерки да си ги штити интересите, а острата политика кон дојдениците станува убава и благодарна популистичка мерка за се' поклаустрофобичната Европа. Економската криза, тероризмот, криминалот се извонредно оправдување за властите на Запад се' да се стави во исти кош.

Кога Брисел го симна визниот режим кон Македонија, ни се обрати со зборовите дека ова е награда за граѓаните на Македонија кои стрпливо со децении чекаа да ги остварат елементарните човекови права на слободно движење, една од фундаменталните максими и определби на кои почива Европската унија. Правото на слободно движење денес е загрозено од неколку илјади сиромашни емигранти кои македонската држава не знае како да ги спречи, а да не ги повреди нивните права слободно да излезат од татковина по парче леб кое не може да им го обезбеди дома.

Тоа се манифестациските лесно видливи последици на се пожестоката економска криза и безработицата која го напаѓа се' посилно Запад. Подлабоките причини се во нашиот економско-политички систем. За 21 година слобода и независност Македонија не успеа да ја намали сиромаштијата и безработицата и да направи просперитетно општество. Сега се вртиме во круг, не можејќи да ја најдеме формулата како да не ги нарушуваме човековите права, а да не ги пуштаме бедните да заминат за корка леб која дома не можеме да им овозможиме чесно да ја заработат. Трагична е помислата дека Македонија за час може да се испразни како коритото на Вардар кај Гостивар само ако се отворат славините на Европа за слободен влез и доселување. Што мислите ако им се овозможи на сите што сакаат да си заминат од Македонија, кој ќе остане тука. Направете една слободна процена која е прилично логична. Ако досега, колку што официјално е соопштено, околу 50.000 македонски граѓани, главно, млади луѓе зеле бугарски пасош, колку пасоши ќе побараат граѓаните на Македонија од Црна Гора кога таа ќе влезе во ЕУ, колку пасоши ќе побараат нашите граѓани кога Србија ќе влезе во ЕУ, или колку пасоши ќе земат нашите сограѓани кога Албанија ќе влезе во ЕУ. Според некои процени кои се непроверени и спаѓаат во доменот на прогнози, ако навистина се случи ова и ако Македонија од кои било причини, дали поради грчко вето или што било друго, остане последна и осамена на европскиот пат, над 300.000 граѓани, работоспособно население, ќе побараат туѓо државјанство. Ако сето тоа се стави во семеен пакет, речиси една третина од Македонија би била подготвена за селидба. Е дури тогаш би добиле рецесија на нацијата, како последица на рецесијата во економијата и рецесијата на демократијата, моралот и сето она што претставува добро водење на државата. Тоа е многу пострашно од она на што премиерот загрижено и алармантно укажува: за проблемот со демографијата и депопулацијата која оправдано ја нарекува рецесија на нацијата. Нема ништо пострашно за исчезнување на нацијата, или како што сега го викаме рецесија на нацијата, од бедата, сиромаштијата и особено од безработицата. Значи, колку и да му се лутиме на Запад за опаднатите вредности на животот и на строгите контроли и себичноста со безвизниот режим, сепак, главниот проблем е кај нас, во нашиот ’безвезен‘ режим. Никој не може да има поголема одговорност од нас за состојбите во сопствената земја и за нашите проблеми.


Статијата е прочитана 2151 пати.

Испрати коментар



Џезот не' однесе далеку од Скопје
Дебатите во изборната трка
Ситнење на богатите
Иднината на опозицијата



Bez veza, 25.10.2012 00:10:42
Svoevremeno koga Todor Zivkov otishol vo poseta na SSSR kaj Breznjev, mu predlozil: Tavarish Breznjev, da gi pushtime ludjevo od VU slobodno da patuvaat vo stranstvo, po terkot na Tito i YU. Breznjev go poglednal i mu odgovoril: Da ne si lud, pa ke ostaneme samo jas i ti! Na ova Tosho promrmljal: Ne prijetelu, ke ostanesh samo ti! E, i kaj nas ke ostane samo Grujo! Inaku, kaj nas vo East Macedonian se zbori za 300 iljadi bugarski pasoshi, shto dobieni, shto vo procedura. Skoro da nema semejstvo bez bugarski pasosh, a dokolku se raboti za mlado semejstvo, site toptan. Bilo bi dobro Grujo povece da ne go brani dostoinstvoto na makedonskiot narod.
Itar Pejo, 25.10.2012 00:22:26
Taka i ce bide, Erole. Ce si otideme site a vo Makedonija ce ostanat samo vmrovcite vraboteni vo administracijata.
demokrat, 25.10.2012 00:28:39
Viznata liberalizacija mora fa ostane a EU i balkanskite drzavi mora da najdat model za sprecuvanje na navalata na laznite azilanti. Ako ne go napravat toa, znaci ne se sposobni da menadziraat so svoite drzavi. Inaku sto se odnesuva do emigracijata, taa e sosema normalna pojava koja e prisutna od pamti vek. Dali posledni ili uste utre ke vlezeme vo EU e skoro seedno. Razlikata e vo toa sto denes nasincite emigriraat vo bugarski. Vo slucaj uste na staneme clen na EU emigrcijata ke se sluci so mak. pasosi. Poglednete sto se sluci so Bugarija i Rimanija. Okolu 1 milion Bugari na napustija rodnata zemja i zaminaa vo zapadnoevropskite zemji. Skoro razgovarav so eden Bugarin, koj bez mnogu debata ja iskaza kobnata recenija koja ja maci Bugarija: ,,Bugarija se prazni. Istoto e i so Romanija, a tuka negde se i Makedonija, Srbija, BiH, Hrvatska...
nevinoven, 25.10.2012 00:36:19
Не е вистина дека ние сме виновни. Виновни се нашите влади. Јас како професор од странство не можам ама баш ништо да сторам ако некој го прекрстува училиштето каде што учев. За тоа си се криви ИСКЛУЧИВО владите во чиј мадат се случил настанот, а се покажал ефект силен колку и „море баш ми е гајле“... да се наберам пари па вила во Флорида, меѓу таквите и некои и со прво и последно вработување како премиер. Што сум тука јас виновен како македонец? - Затоа сега см „странец“ и баш ми е гајле за тие што баш им е гајле, нека им судат тие на коишто им е навистина гајле.
Goko, 25.10.2012 00:46:43
Duri narodecov formira zdruzenija za otpor so ime AMAN ne baraj nisto ovde pa rezimot ke bide bezvezen, ama decata nivni ke se vozat vo jahti i avioni, a na drugite ke crkavaat za jadenje. Prvo gi zedoa pretprijatijata za vo niv da si rabotat nivnite familii, a sega ovie vlastodrsci proceslaa i sobraa sve sto moze da se sobere, a nie ke vikame AMAN.
nekoj, 25.10.2012 00:50:08
Zapadot nema nitu opadnati vrednosti nitu e sebichen. Da beshe takov nemashe da se bara azil tamu. Zoshto baraat? Dodeka procedurata e vo tek dobivaat hrana, smestuvanje i pari bez rabota. Zar toa znachi deka nemaat vrednosti i se sebichni? Ne ve razbiram. Koj e vo sluchajov loshiot?
jovan, 25.10.2012 01:23:15
Problemot so laznite azilanti e i nas, no i nivni problem. Ako se saka toa da se resi, se resava za 5minuti. No i vo ova ima dosta politika i zavrzlami. Ovie lazni azilanti vo 90% od slucaevite se Romi i po nekoj Albanec. Denes, za zal, Romite se najnepozelniot narod vo Evropa/Zapadot, pa zatoa e ova*panicenje*. Da se tie azilanti*plavooki Makedonci*(ova se salam), ne bi se dignala tolkava prasina.Nekako taa EU me potsetuva na Hitlerova Germanija so Evreite.Denes EU apla i otvoreno pokazuva deka Romite za niv se narod od nekoja*posebna rasa*, i ednostavno ne gi sakaat tamu kaj niv.Oni imaat milion azilanti niz Evropa od Alzir, Maroko, Laos, Vietnam....pa nikomu nisto, a se uspanicija za nekolku avtobusi so Makedonski i Srpski Romi. Preku Bugarskite i Romanskite Romi apla pokazaa deka ne gi sakaat, iako toa se gragani na taa EU koj imaat pravo da se dvizat kade sakaat.Vizi nema da ni vovedat, no ke go koristat ova za stvaranje pritisoci.
nato-jato, 25.10.2012 07:59:30
Ima lazni azilanti i toa treba da se sankcionira , ne moze da dozvolime poradi dve iljadi lugje da stradaat dva miliona , kazni treba za toj sto zloupotrebuva , ane za site! Ako e taka treba da im zabranime na site lugje da vozat i avtomobili bidejki nekoj i so niv pravi prekrsok i zloupotrebi ???
ФЕЛИКС, 25.10.2012 08:01:18
Балканот одсекогаш е создавач на економски емигранти,па така ништо не зачудува да традицијата продолжува во разновидна временска форма. И тука ќе ја посочам последната анкета во Хрватска која е скоро влезена во ЕУ,таму веднаш би заминале на 80% од младите ако имаат шанса за вработување надвор од земјата.Таму наталитетот е во страотен пад,па така со последниот попис само Загреб е во позитива сите други поголеми градови се во голем пад.Инаку напливот на емигранти во ЕУ е и од страна на членките нивни а проткаено со ксенофобичен одговор.Па така треба да даде одговор ЕУ зошто ги прими Романија,Бугарија и др.за потоа сурово се пресметува (Франција) со нивните емигранти.А што е најперверзно се прокламира сите во ЕУ се рамноправни и дека заеднички целат кон иднината.По се изгледа некој се порамноправни и иднината им е различита.
citatel, 25.10.2012 08:44:25
Pa ne moze Erole da go glasaat Amdi za pratenik a posle da sakaat da begaat, istoto vazi i za drugite . Zapadnite zemji samo ni poracuvaat deka siromastijata e nas proizvod , nikoj ne ni go sozdal. Sakame da ne priznaat za evropska drzava a imame azilanti kako africkite.
kanagjanka, 25.10.2012 09:54:52
`Нашите граѓани многу добро знаат дека од нивен џеб се стипендираат и странски студенти кај нас.Ако останат е одлично за нас и нашата земја.А ако заминат, барем знаеме дека сме инвестирале во знаење кое ќе допринесе за подобра иднина на светот`....неодамна ми рече една постара, сосем обична госпоѓа - Холанѓанка...а ние можеме колку што сакаме да и се потсмеваме на Европа и понатаму!
Caki, 25.10.2012 10:08:27
Site shto se na moja vozrast (50g.) i shto uchele na vremeto ONO jasno im e deka protiv RM i Makedoncite kako narod ,se vodi specijalna vojna.Ova spinuvanje so vizite e da ne oladi malku ,t.e. pozitivniot izveshtaj od komiteot od brisel da se minimizira...kako bash dva dena posle izveshtajot , odednash se pojavija prikazni za azilanti...a sega slusham neshto ne stavaat na tapet i za losh odnos kon LBGT....
A koj im e vinoven?, 25.10.2012 10:30:41
Do Jovan: Evropa ne gi sakala Romite. A sto mislis dali i Romite so svoeto odnesuvanje ne pridonesuvaat kon toa. Koga dozvolile eden kriuminalec , sarlatan i tezok manipulator , so kupeni glasovi za maslo i brasno,da im bide vece po tret pat na koruptiven nacin prestavnik vo Parlamentot , a negoviot nepismen sin gradonacalnik na Sutka, togas sto mozeme da kazeme za nivnata politicka i demokratska svest.Pokraj toa toj isti matrapas im organizirase turi so avtobusi za Zapadna Evropa kade riomite baraa azil. I sto e cudo , nikoj ne go zede na odgovornost, bidejci e koalicionen partner na Grujo i familijata . E takvi , so takva demokratska, obrazovna i kulturna svest Evropa ne saka.
Mudrec, 25.10.2012 10:59:06
Ne bi se soglasil deka koga mozat site bi zaminale. Bi zaminale del kvaliteni lugje i najgolem del ckart koj cel den sedi po kafichi, trosi pari na pijacki i cigari i kuka deka nema rabota. Koga ke se soocat so Zapadot, del od niv ke se vratat i ke stanat najgolemi patrioti. Ova scenario go imame videno i do sega.
petar d, 25.10.2012 12:14:19
Na ovie od centarot za komunikacija im se place koga gi citaat tvoite kolumni,megutoa nikogas ne ti odgovorile nitu pak te demantirale.Pozdrav Erole.
pile, 25.10.2012 12:19:31
Populisticko vladeenje vo RM vo koe preovladuvaat politikanstva i politicki intrigi za da se ostane na vlast, ne zaradi vladeenje za dobroto na gragjanite, tuku zaradi privilegiite od vlasta koi niz pravniot sistem bez izgradeni kontrolni mehanizmi po megjunarodni standardi uspesno se menagjiraat preku instituciite na sistemot, za sto zboruvaat izvestaite na relevantni megjunarodni instituzii za R.M. kako i koga od obrazovanieto neplanirano izleguvaat kadri nespremni za ionaka slaboto stopanstvo,i koga Drzjavata rakovodena od populisticka Vlada koja namesto vo kapitalni investicii pred se od energetikata netransparentno vlozjuva vo neproduktivni objekti,i koga znaenjeto e sila znaenjeto e mok samo na hartija a lojalnosta sprema Drzjavata e izednaceno so lojalnosta na politickiot lider,a seto toa EU go tolerira pa duri i go podrzjuva za smetka na ,,visi interesi,ocekuvano e sekoj sovesen gragjanin da go pobara svoeto mesto kade civilizaciskite vrednosti se rangirani na dokazjano zavi
alan ford, 26.10.2012 00:20:59
Konspirativna Teorija: Ke gi primat vo EU site osven nas (Srbija, Crna Gora, Albanija, Kosovo). Isto kako so bugarskoto scenario, mnogu ludje od FYROM ke zemat niven pasos i ke se odselat. Vo drzavata ke ostanat okolu 400-500 iljadi makedonci. do togas ke ima okolu 700,000 albanci. Sto posle toa, zar treba da kazam. A sto mislite zosto ne ne primaat vo NATO. Da bevme vo NATO, 2001 koga Albancite se dignaa na bunt, NATO ke trebase da ne brani. Nema da ne primat nikade dodeka ne ne podelat pak, i ke cekame na nekoe novo vostanie uste 100 godini. Taka ke bide dodeka ne im tekne na politicarite deka treba so usul da se krade.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
  


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Ведро

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 21°C, Мин: 9°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 23°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (36)
Tито во дилема дали да се разведе од Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ФОТО) Обама гласаше во Чикаго
Со предвременото гласање тој стана првиот американски претседател кој гласал пред денот на изборите...
Верски профит во Мека
Милиони луѓе секоја година доаѓаат и и' носат милијарди долари на саудиската економија...
Доналд Трамп во отворена војна со Обама
Ќе даде пет милиони долари во добротворни цели ако Обама ги објави своите документи...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |