Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
17.10.2012, 17:56

Поглед

Улица за легендата Младеновиќ

Тина Иванова

На „Дечкото од вода“ кој „пушташе глас од своето грло“, култниот Милан Младеновиќ, еден од најпопуларните музички ликови на поранешниот југословенски простор, фронтменот на „Екатерина Велика“, деновиве постхумно му се укажа уште една граѓанска чест. Откако лани, по предлог на една од политичките партии на Србија, белграѓани го крстија платото пред Домот на младите по рок-иконата Младеновиќ, сега и Загреб ќе носи улица со неговото име. Оправдувајќи го овој возвишен потег, претседателот на Одборот за именување населби, улици и плоштади на град Загреб, Марин Кнезовиќ, рече: „Улиците и плоштадите во Загреб не мораат да добиваат имиња само по воени херои и политичари, туку и по личности од популарната култура“.

Сето ова за нас не би било чудно доколку не живеевме во средина со искривени репери за вредност. Би рекле, повеќе тажно отколку чудно, затоа што да го направевме ние она што нашите соседи го прават за своите ликови кои оставија силна трага во историјата на музиката и, воопшто, на културата, немаше сега, па нека е и на шега, да ни велат дека сме тргнале кон праисторијата и дека ќе стигнеме до камена доба.

Кај нас премногу долго и длабоко молчиме. За сите големи ѕвезди од светот на културата и уметноста. Доаѓаат тивко, ги исполнуваат нашите животи со убавини и заминуваат како што дошле, тивко. Трагите од нивните дела ги носиме долго во нас за потоа и тие заедно со нас да заминат во вечноста. Единствено Тоше, македонската и балканска ѕвезда, е овековечен и „урбано“.

Инаку, нашите политички и општествени пораки обично не се однесуваат на нашите идоли. Во нашите конзервативни партии тешко може да помине идејата да се отвори простор за нови иницијативи. И добро е што за тоа имаме примери во соседството, уште еднаш да се присетиме како кулурните и творечките традиции се пресликуваат во нашето урбано секојдневје.


Статијата е прочитана 823 пати.

Испрати коментар



Како да и се каже збогум на сиромаштијата
Граници и имиња
Педесет години по кубанската ракетна криза
Судир на идеологии во САД
Трајче од Австралија



jovan, 18.10.2012 00:22:43
Eve, neka nosi nekoja ulica/plato/ ime *Leb i Sol*. Malku na sala go napisav ova, no koga se preslusav, dobro mi zazvuci. Od edna strana e ime na Makedonskiot najgolem muzicki bend, a od druga strana e i ime na edena Makedonska tradicija.
Leb i sol, 18.10.2012 10:53:24
I oslikuvanje na bedata, moj Jovane! Topansko Pole dusha dalo za edno takvo ime.
perica, 18.10.2012 12:08:09
Branimir Dzoni Stulic, roden e u Sk., ne mu dadovme drzavljnstvo koga trebase , barem ulica da mu dademe.
valeri, 18.10.2012 15:55:24
Luge bre i Leb i sol i Dzoni Stulic se zivi. I gospod neka gi pozivee! A skopskite sokaci mozat da pocekaat za nivnite iminja!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 6°C

Сабота
Облачно
Макс: 19°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (35)
Дали Јованка била параноик. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Моќните луѓе во Белата куќа
Ако Барак Обама го победи Мит Ромни, ќе стане третиот претседател едноподруго кој освоил втор мандат...
Осудени зашто не предвиделе земјотрес!
Шестмина сеизмолози од Италија се прогласени за повеќекратно убиство во местото Аквила каде што во 2009 година загинаа 3...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |