Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
16.10.2012, 17:12

Фабриките да бидат далеку од луѓето

Охрид - Во Македонија конечно да се разграничи каде може да се градат тешки индустриски капацитети, а каде не. Ова е иницијативата на дел од македонските еколошки здруженија, кои вчера почнаа национална кампања за дополнување на Законот за животна средина.

Со оваа кампања која има за цел да не се повторат лошите искуства со Топилницата во Велес, се бара ограничување или дефинирање на растојанието на кое може да се градат нови индустриски капацитети, зависно од типот на индустријата, како и потенцијалното загадување кое го предизвикува соодветната фабрика.

Од Еколошкото друштво „Грашница“, од Охрид, потенцираат дека ако фарми и отпади се градат надвор од населени места, тогаш тоа мора да важи и за индустриските капацитети.

„Оваа иницијатива е позитивна и за граѓаните и за потенцијалните инвеститори затоа што нејзината цел е да се забрани градење на тешка индустрија во близина на населени места и заштитени подрачја, со што ќе се определат строги растојанија од населените места каде што би можело да се изгради еден таков капацитет“, вели Ѓоко Зороски, од ЕД „Грашница“.

За поднесување на оваа иницијатива до Собранието потребно е да се соберат 100 потписи. (Е.М.)


Статијата е прочитана 220 пати.

Испрати коментар



Обвинување за непотизам на Биотехничкиот факултет во Битола
Хомосексуалците без партиска поддршка

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Ведро

Понеделник
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 7°C

Вторник
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (31)
Власта ништо не може да ја замени. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Човекот поет нема друг избор освен да пишува
„Пазарната логика се наметнува како валиден репер дури и за книжевните вредности“, вели поетот Владимир Мартиновски...
Како умре Моамер ел Гадафи?
„Хуман рајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |