16.10.2012, 17:18 Непартиски кандидат за градоначалник на Битола!?
ВМРО-ДПМНЕ го опипува пулсот на граѓаните за тоа кој е најпопуларен за да биде градоначалник, па го мери рејтингот и на непартиски луѓе
Битола - Непартиски човек за градоначалник на Битола, поддржан од владејачката ВМРО-ДПМНЕ! Оваа дилема се наметна во битолската јавност откако во последната недела битолчани интензивно се анкетирани за тоа што мислат за некои познати фаци од градот, кои имаат свои приватни бизниси или се спортски работници. Дел од оние што се политички неинволвирани велат дека се крајно изненадени што нивните имиња се вртат во партиските анкети на власта.
Владејачката партија во Битола се' уште тактизира со изборот кого би го понудила како кандидат за градоначалник на престојните локални избори. Иако првичните изјави беа дека сега им е многу полесно откако СДСМ го избра Менде Диневски во трката за Битола, па знаат со кого ќе си ги мерат силите, сепак, постапките тоа не го потврдуваат. Диневски по се' изгледа не е мал залак, па ВМРО-ДПМНЕ во Битола се' уште го испитува пулсот на граѓаните за тоа кој е најпопуларен нивен член за можен кандидат за градоначалник. Но, во исто време го мери рејтингот и на непартиски луѓе, барем во јавноста неизвалкани со партиски бои. Така, на листата од 13 лица, на која на почеток стојат имињата на актуелниот градоначалник Владимир Талески, на локалниот лидер Зоран Илиевски, заменик-министерот за земјоделство Зоран Коњановски, министерот за информатичко општество Иво Ивановски, актуелните и бивши пратеници Лилјана Кузмановска, Михајло Џолонга и Николче Котевски, се мери популарноста и на неколкумина чаршиски луѓе . Тука се имињата на Игор Божиновски, познат по брендот „Божиновски“ - златарница и часовници, исто така и претседател на Аеро-клубот во Битола, потоа познатиот угостител и слаткар Гоце Талевски познат како „ГТ“, тука е името и на Васко Крајчевски, приватен бизнисмен. На анкетниот лист стои името и на Александар Стефановски, компјутерски инженер, на Васко Драмбевски од женскиот кошаркарски клуб „Пелистер“ и, секако, Јорго Огненовски, познат меѓу битолчани како глумец на акциони филмови во Америка и сопственик на продукциска куќа, како и Светлана Петковска, сопругата на познатиот битолски новинар Менде Петковски, која доаѓа од граѓанскиот сектор.
Игор Божиновски во телефонски разговор вели дека е крајно изненаден што неговото име стои на анкетите за мерење на рејтингот на политичарите од власта. Што е уште посимптоматично, никој не го прашал за тоа досега.
„Никој ниту ме консултирал , ниту ме прашал дали моето име може да стои во такви анкети. Јас разбрав од некои мои пријатели, кои ми се јавија по телефон да ме прашаат дали е вистина дека имам такви амбиции. Јас не сум политички обоен, ниту, пак, имам желба да станам градоначалник“, вели категорично Божиновски.
Анкетата изненади многумина кои толкуваат дека владејачката партија дефинитивно веќе не го поддржува Талески, туку дека е подготвена да поддржи непартиски човек и така да ја задржи власта во градот под Пелистер.
Оттаму се отвораат прашањата дали со одлуката да се стави непартиски човек за градоначалник, централата во Скопје ќе ги надмине внатрепартиските поделби во комитетот во Битола? Дали на овој начин полесно ќе се избегнат критиките за работата на досегашната локална власт? Дали на овој начин би се поттикнале независните листи со што, пак, би се разводниле гласовите на гласачите?
Сепак, одговорот на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе на престојните избори со непартиска личност, го дава првиот човек на битолскиот комитет Зоран Илиоски, кој за добар дел од јавноста важи за еден од фаворитите на партијата за кандидат за градоначалник на Битола.
„Ова се должи на отвореноста на партијата кон граѓаните и не значи ништо конкретно. Оваа анкета ја прави централата во Скопје и ние како партија гледаме да најдеме квалитетно решение за кандидат за градоначалник“, вели Илиоски.
Според него, сите личности што се на анкетата биле консултирани од централата на партијата во Скопје. (А.Б.) |
|
Статијата е прочитана 1491 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Nikola, 17.10.2012 10:28:13 | Дпмне во Битола немаат вистински човек за кандидат,има премногу фракции чии апетити од ден на ден се поголеми и токму поради таквата искараност наводно ке бараат непартиски човек! |
| Трпе, 17.10.2012 10:35:58 | Штом толку си ги истрошиле сопартијците, да си увезат некого од странство.Можит да биде и од преку барата. |
| edno dete, 17.10.2012 14:37:30 | dpmne vo bitola nemaat covek koj sto moze da dobie na izborite .. rakovodstvoto vo bitola go forsira taleski , no clenstvoto e nezadovolno na dpmne vo bitola od rabotata na taleski , koj od obicen glumec stana eden od najbogatite luge vo gradot i kako sto se zboruva niz gradot , toj toa go napravi so lugeto koi 20 godini vladeat so bitola a toa se lokalnite moknici koj ocigledno ne bea del od dpmne |
| minabt, 17.10.2012 20:33:16 | ushte toa ni fali vo Bitola, i taka go zapusti Talevski gradot...pa sega Svetlana, ili Ilioski( koj e vsushnost badzo na Talevski-kerka mu so sin mu se vo vrska), pa od edna raka na druga da odi....abe ktastrofa...svestete se ni ja zaustivte partijata vo Bitola....ova vekje na nishtio ne lici....a za gradot da ne zboruvame....mozebi spored mene kako postar chlen najdobro reshenie e Konjanovski ...toj bi bil ednistveno prifatlivo reshenija za pogolemiot procent od nas starite chlenovi....se drugo kje bide gola voda i gubenje na vlasta vo Bitola |
| ТиМ, 17.10.2012 22:08:21 | Лично сметам дека во Битола се потребни промени, во однос на градоначалничката позиција. Во однос на тоа што СДСМ понуди слаб избор, Вмро-дпмне, би требало да изигра мудро и да понуди промена што се однесува на кандидатот за градоначалник, односно, би требало да излезе со НОВ ЛИК, баш НЕПАРТИСКИ кандидат. Мислам дека на градот, не му треба политичар на чело, ами ЛИДЕР, кој би знаел да раководи, анализира. да организира, мотивира и да координира. Поради многуте шпекулации, афери, наводни корупции, политички игри, доста е со истите ликови... Време е, да се даде можност на непартиските луѓе, да се даде шанса на жените, да се докажат, токму тоа и го налага ЕУ ...Добра е идејата и за човек од граѓанскиот сектор, некој кој што доаѓа токму од Невладините организации, бидејќи се покажа дека НВО покажуваат голема свест за општествена одговорност, а тоа е тоа што е потребно на чело на конзулска Битола!
Доколку, продолжат политичките игри, тогаш Господ нека ни е на помош! |
| robinhud, 17.10.2012 22:08:50 | Ако го предложат КОЊАНОВСКИ зихер ке изгуби,Котевски нема никаков речник,Кузмановска не е омилена меќу членството и битолчани,а Џолонга ви се молам немојте да дискутирате алчноста му нема крај ,ке го замини Талевски,Иво не ,Илиоски наивец со мега алчност ,точно дека нема човек за градоначалник ВМРО.Но едно нешто заборавивте ГРУЕВСКИ ,НАРОДОТ ГО САКА И МИСЛАМ ДЕКА ПОВТОРНО КЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИ,се додека е лидер,ВМРО ќе победува ,кога нема да биде лидер од вмро нема да биде ништо,ЈАС БИ ТИПУВАЛ ЗА ПЕТКОВСКА СВЕТЛАНА ИЛИ БЛАГОЈ -МЛИН СТОЈЧЕВ..... |
| alex, 17.10.2012 23:17:13 | Во редовите на Дпмне во Битола владее паника, немаат вистински кандидат, а фракции и поделби премногу, па на анкетите клаваат и куче и маче, само не ми е јасно кој ќе им се нафати за оваа работа. |
| bitolcanec, 18.10.2012 00:04:43 | NAJSERIOZEN nezavisen mozen kandidat za gradonacalnik na Bitola e poznatiot sportski rabotnik i aktuelen selektor na bodibilding reprezentacijata na Makedonija, Zoran Lazarevski Paljo ... Nikade ne ste go spomnale vo tekstot a vo Bitola postoi ogromen broj na gragjani, a posebno mladinata, koi mu davaat podrska i sugurno ke glasaat za Paljoto ... |
| ILE, 18.10.2012 02:54:25 | Vo Bitola tesko deka ke pobedime talevski ni ja zapusti partijata a i Bitola golema greska na Nikola Gruevski sto go kandidira nego a sega pak nemame koj kandidat da go stavime i se znae deka ke ja izgubime Bitola.Komunjarite ja dobivaat Bitola uste sega veruvajte.Imaat slab kandidat ama nie nemame nikakov izbor a i postoi raskol koj da bide kandidat site se alcni.Zal mi e za toa ali toa e. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 6°C
Ведро
|
Петок
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 8°C
|
Сабота
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 11°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (29)Јованка се обидува да го дискредитира Тито. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|