16.10.2012, 17:19 Мое ќоше
Премиерот вети победа
Ерол Ризаов
Во Македонија поради недостиг од демократија, и локалната самоуправа никогаш не ја доби својата суштина
Никола Груевски цели пет-шест месеци пред локалните избори вети победа. Додека неговите политички ривали се мачат меѓу распламтени суети да изберат кандидати за градоначалници, ВМРО-ДПМНЕ и Груевски веќе прогласија победа. Ами како.
Големите и вечни теми за името на државата, членството во ЕУ и во НАТО, економската криза, невработеноста, субвенциите, пензиите, пак ќе бидат главни мамци за гласови без оглед дали ќе се одржат само комунални избори или и предвремени парламентарни. Или можеби ќе биде тоа референдумско изјаснување во „рана фаза“ за името на државата ако нашите мачоисти и патриоти не ја расипат работата со зголеменото либидо. Како што тргнало, силната машкост, јавен презир и омраза кон хомосексуалците е добар рецепт да не добиеме датум за преговори во декември, а за тоа да бидат виновни европските и домашните педери. Само не знам дали се работи повеќе за тие по карактер отколку по сексуалната определба.
Нашите неколку стратегиски интереси се главен хит на сите избори, но секогаш се наопаку поставени и скриени во една голема шума од ветувања. Никогаш нема ветување дека главните приоритети ќе се симнат од дневен ред во добиениот мандат и ќе почне, конечно, европеизацијата на Македонија, туку секогаш обратно, тие служеа за ветување дека нема да влеземе во ЕУ и во НАТО со нарушено достоинство и повредена национална гордост. Сега првпат Европа не' става во временски рамки и нас и Грција да се реши проблемот со името и да почнат преговорите за редовно членство. Дали и сега по предлогот за паралелни преговори за членство во ЕУ и за името на државата пак ќе биде истата тактика или ќе има големи промени во кампањата, ќе зависи од одлуката на Советот на Европа во декември кога Грција ќе се изјасни дали го поддржува предлогот на еврокомесарот Филе и на Европската комисија или останува на својот ултиматум. Се разбира, ако пред Советот на ЕУ самите не расипеме некои работи како што намирисува последната кампања на провладините медиуми против сексуалните слободи на што посебно е чувствителна Европа.
Сите веќе заборавивме што би било главна тема за локални, или комунални избори, како што е тоа во една нормална држава.
Прво кај нас никој не зборува за суштината на локалната самоуправа, а тоа е децентрализацијата. Второ, никој не прашува каде се парите. Колку од средствата што ги остваруваат општините одат во државната каса, а колку во општинската. Тој процент во Македонија е на европско дно што јасно покажува дека се' уште сме централизирана држава со режимски карактер. Самостојноста на одлучувањето во градовите и во населените места ни оддалеку не се на ниво кое е неопходно за побрз развој. Локалната самоуправа во Македонија е силно ограничена. Градоначалниците не можат да заковат ниту еден клинец додека не се огласи партискиот естаблишмент, или владините институции. Градоначалниците наметливо и често без елементарно достоинство молат донации и бараат помош од странски фондации. За основните инфраструктурни објекти, улици, патишта, железница, мостови, училишта, градинки, канализација, амбуланти, наводнување, депонии, заштита на човекова околина, не можат ни да помислат без централната власт и амин од Скопје. Пари за вакви проекти можат да добијат само блиските на централната власт. Уште попроблематично е ако засегаат во кадровските решенија во општините без одобрување од највисоко партиско ниво.
Предизборната кампања на следните локални избори е крајно време да тргне со идејата за развластување на централната власт и, конечно, инсталирање локална самоуправа. Строгата централистичка партизација на локалната управа е катастрофална во споредба со локалните самоуправи во Европа.
Македонија може да поднесе претседателот на државата да не чувствува потреба да биде претседател на сите граѓани. Премиерот не го засега што тој заедно со сите партиски лидери и од власта и од опозицијата ја нема поддршката на над 50 отсто од граѓаните. На локално ниво тоа е неподносливо. Градоначалникот не може да биде градоначалник на половина зграда и на жителите од куќите на левата страна од реката, или само на половина село, или само на три маала. Во Македонија и локалната самоуправа поради недостиг од демократија, на ја доби својата суштина, како и многу други работи. Партиската заслепеност ги затскрива дури и највиталните интереси на граѓаните во секојдневниот живот. |
|
Статијата е прочитана 2866 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Kisela voda nema voda na gornite katovi, 17.10.2012 00:17:13 | Партиската заслепеност ги затскрива дури и највиталните интереси на граѓаните во секојдневниот живот. Ovaa konstatacija e sosema tochna. Na pr. gradonachalnikot na Kisela voda (VMRO-DPMNE) ne go interesira shto celata opshtina ima problem so pritisokot na vodata vo zgradite nad 5-ot kat, poradi izgradba na novi naselbi bez da se zgolemi kapacitetot na vodovodot. I namesto promptno da se prevzemat merki, toj, troshi pari za spomenici (Todor Aleksandrov), igralishta i sl.! Ni trebaat gradonachalnici koi kje se grizhat za toa shto im e rabota, OSNOVNITE POTREBI na gragjanite, a ne da vodat svetski politiki |
| jovan, 17.10.2012 00:52:46 | Problemot na Makedonija e sto so jaknenjeto na lokalnata samouprava ke se jaknat eden kup drzavi vo drzava. Tokmu poradi nemanjeto sila, ovaa drzava od petni zili se trudi da bide *centralisticka*, no sili ima se pomalku i pomalku, pa jaknenjeto na lokalnata samouprava ke doaga do izraz se poveke i poveke. Tek togas ke se iznagledame svasta vo stilot sekoe vlakno svoja politika(drzava) a drzavata samo nemokno ke posmatra, se dodeka ne se ugasi ili redefinira(federalizacija ili raspad) |
| demokrat, 17.10.2012 02:10:14 | Lokalna samouprava? Sto e toa? Vo 1996, koga pocnaa prvite lokalni izbori, vlastodrzcite vo kampanjata velea: SDSM e na vlast pa ako sakate lokalen razvoj glasajte za nasite kandidati. 2013 ist film, razlicni akteri. Vo MKD, za zal, se e isprevrteno. Namesto kukata da se pocne od dolu, od temelite, taa se gradi od gore, od krovot. Se e centralizirano do daska a nie sakame regionalen ili opstinski razvoj. Malu morgen! Dodeka ne odobri shefot od centralata nitu selsko fudbalsko igraliste ne moze da se izgeadi. Taka bilo odsekogas, taka e i denes. Toj sistem se srekava vo site sferi na politickiot ni sistem. Zivees npr. vo Vinica i ti treba sudski vestak. Toj doaga a ti sumata za vestacenjeto ja plakas direktno na budzetot na RM. Ti treba potvrda deka od togas do togas si studiral i od 1500 den. direktno vo budzetot na RM. A nie zamislete pravime lokalni izbori, se karame, se navreduvame, negde duri i se tepaat, trosime pari samo za da izbereme kukli na navivanje. Komika do besvest! |
| PAVLE ALIMASKA, 17.10.2012 08:32:18 | почитуван ЕРОЛЕ,и јас верувам дека Груевски ќе ги добие и овие избори што претстојат.Со дел од ваков народ кој не разликува црно од бело,кој е лесен плен за поткупување и манипулација,народ кој секогаш гласа за инает и против некого(читај против себе си).ВМРО ДПМНЕ длабоко навлегоа во психологијата на народот и ги превземаат вистинските потези во вистинско време.Ова од една страна,од друга страна непроменетиот,неосвежениот СДСМ не понуди ништо ново на политичкиот пазар.Со истите луѓе со кои изгубија неколку изборни циклуси,луѓе кои ги повторуваат истите фрази одамна го имаат навлечено гневот на народот поради својата ароганција и неработење.Бранко,ако веќе остануваш на чело на СДСМ,донеси нови луѓе,донеси деца од РАБОТНИЦИ,амбициозни и вредни деца кои го почувствувале вкусот и мирисот на сиромаштијата,а не синови од доктори,професори,директори кои цел живот живеат како бубрези во лој.Ќе губите уште многу ако не се промените |
| seirdzija, 17.10.2012 09:01:18 | Dpmne sigurno ke pobedi na sekoi izbori isto kako na poslednite.So falsifikuvani preku 100.000 glasa,so neposredni uceni i zakani ke dobie uste 50.000,a polovinata od ostanatite ke bidat plod na silnata mediumska kampanja koja ja vodat.Polovina od onie ostanati mozat da se smetaat za cisti glasaci(od interes) za aktuelnava politika.Najzalno e sto intelektualcite koi go podrzuvaat DPMNE stanaa AMORALNI ludje,servilni do neverojatnost za odredeni benificii!!!!Tuka se krie i odgovorot dali nekoj normalen moze da glasa za aktuelnata politika...Da,moze ama samo od licen interes. |
| Buntovnik, 17.10.2012 09:04:29 | Pa Erole da bideme stvarno iskreni. Pogledaj go narodot, pogledaj kako eden narod koj za 50 godini jugoslavija izgradi drzava, kultura, identitet, za samo 20 godini izgubi se i se strmoglavi vo opijatot na luge koj ne se ni makedonci. Ovoj narod Erole ne zasluzil nisto podobro. Za ovoj narod i ovaa diktatura na moleri, tisleri i vodovodgii od provincijata e premnogu dobrota. Za ovoj narod Erole samo Turskoto. Da navedne glava i da trpi. Togas ovoj narod e vo svojot najdobar element: kukanje |
| jovan, vlada @, 17.10.2012 09:33:18 | Почитуваниот новнинар заборава кој ја донесе територијалната поделба на Македонија ваква каква што е во 2004 година по се изгледа?Како заборавате или сакате да заборавите тоа е друга тема на разговор, но да се вратиме на темава.Нејсе, за ваквата децентрализација сме сами криви и ние граѓаните кој незаитересирани за нашите проблеми заеднички со силен притисок кон локалната власт да се притиска преку граѓански иницијативи и тоа автентични не дневно политички со единствена цел дискредитација на градоначалник кој не е по наша мерка. Проблемите се заеднички за сите и за власта и опозицијата, само на кој да му објаниш, СДСМ се длабоко навлезени во својата популистичка фаза каде што освен празни зборови и демагогии немаат што реално да понудат под превезот на решенија на граѓаните. Затоа и исходот на овие избори ќе биде познат уште пред да почне, СДСМ може да освои плус некоја општина од овие сега 7 актуелни каде што има свој градоначалник и тоа да ПРОГЛАСИ ЕДНА ГОЛЕМА ПОБЕДА ЗА МАКЕДОНИЈА :d |
| Mirko, 17.10.2012 09:58:38 | So narod, koj nema vo bitie slobodarski duh, tesko mozat da se ostvaruvaat promeni. Poradi toa, ni se slucuva i toa sto se slucuva. |
| od ostrijot, 17.10.2012 10:08:24 | edno e sigurno sedodeka lugeto nasednuvat na lazni obekanja se dotogas ke pobeduvat vmro-dpmne edno morame daim priznajeme za falbi i lazi se majstori. |
| Amdi folkloren motiv, 17.10.2012 10:15:28 | Kakov e kvalitetot na izborite i kolkava e demokratskata i elektorska svest kaj groito od narodot dovolno zboruva faktot sto sinot na Amdi povtorno ce stane gradonacalnik, a Amdi , osuden za kriminal i krazba, eve vece po tret pat e pratenik vo Parlamentot, kade so svojata prototilok i neznaenje gi zabavuva pratenicite.. Za drugi parlamenti toa bi bilo bruka, no za nas e folkroren motiv. Se dodeka imame vakvo izboiracko telo, daleku sme od demokratski izbori. |
| Дебелогазец Храбар, 17.10.2012 11:23:51 | На Егеецот-паторок- јас од срце му посакувам победа. Така ја замеша работава и не стави пред амбис, менување на него од власт сега би му било награда.Неее, остајте го уште некоја година, прво да банкротираме а после да не поделат по шавовската западна линија, за да може овој прост народ да се свести и да испее пак некоја песна за неговата несреќа. А тогаш овие да добијат најсурова казна. Ако некој го замени т.е. победи опозицијата и Алберт Ајнштајн да го донесат не може да ја врати веќе оваа земја на колосек, па така ќе наследат само проблеми. Оставете ги, сами ќе се насркаат. Иначе кој и да ги замени- во здрава нога трн ќе си стави. |
| nekoj, 17.10.2012 12:04:36 | A kogo toa pobeduvate? Sebe si? Edni protiv drugi? Politikata vie e svatena ne kako vo servis za narodot t.e. za vas podobar zivot zasto vie ste narodot, tuku za pobeda edni protiv drugi t.e. samite sebe si, i posle krivi vi se site deka vi ja rasturale drzavata. Ke e komicno da ne te tazno |
| жт вк, 17.10.2012 12:09:11 | Така е, Ероле. Груевски вети победа на 5-6 месеци пред изборите и не гледам ама баш ништо лошо во тоа. Зошто не си искрен и не напиша дека твојот Црвенковски исто вети победа и тоа пред почетокот на не��овото т.н. жешко лето, значи цели 10 месеци пред изборите? Но вистинската разлика меѓу тие двајца е што едниот се што ветил - остварил, а другиот се што ветил - излагал. Тоа добро го препознаваат граѓаните и покрај сите твои обиди (како и овој денес) да ги замајуваш. |
| Siromav sum druze, 17.10.2012 12:23:57 | Neka i pobedi, ama vrz osnova na rezultatite od ekonomska programa, a ne da see magla. Imeto i slichni demagoii, na koi se pali ovoaj narod, da se stavat po strana, posebno za lokalnite izbori. Popat, eden siten i konkreten predlog za politichkite programi, poshto najverovatno ke ima i parlamentarni: Zeleniot karton za avtomobilite da moze da se dobie od 25.06. - 10.09. (iskljuchivo za toj termin poradi g/o) za upola cena od godishnata (za 30 od 60 e). Ete kolku malku barame. Blagodaram! |
| tesko na nas, 17.10.2012 13:18:01 | Jas mislam deka nema sansa da izgubi sakaniot Premier! So site proekti koi gi napravi, ne vraboti site, ni go razubavi skopje so diznilendot, ni napravi prerodba vo 1001 cekori, ne napravi evropska drzava, gi amnestira teroristite i gi zede vo vlada, pobogati sme, posrekni, imame i po nekoj teniski teren vo Miravci i temeli za dve sportski sali i sto e najvazno voopsto ne laze!
A, da...na jovan@vlada i Feliks redovno im isplakja po 500 denari. |
| pretpriemach, 17.10.2012 13:28:30 | Zosto pobeduva VMRO-DPMNE vo kontinuitet??Zatoa sto go vrati optimizmot kaj glasacite, zatoa sto sfati deka sekoj od nas poveke saka da slavi otkolku da bide plukan od nekoi kvazi politicarcinja... Poglednete vcera vecer site bevme sploteni so pobedata na nasite fudbaleri.... Neka ucat ovie od opozicijata deka samo so plukanje ne se doaga na vlast.... treba da se raboti i koga si vo opozicija.... nikoj ne gi saka mrzlivite.. poveke se cenat tie sto rabotat i nosat rezultati, nekogas poveke, nekogas pomalku, ama se trudat, rabotat... |
| Vane-Kavadarci, 17.10.2012 23:28:04 | Текст кој е во центарот на метата ! За овие работи треба да расправаме и да се бориме да се остварат. Преку такво ми е од зависноста од Скопје. Поготово што скопската администрација е исто толку неспособна како и локалната. На локалната можеме да влијаеме, на скопската не. Дури, на сета мака, скопската администрација се изживува со провинцијалците. Позиција која им е дадена од централната власт и која скопјаните , секако, ја злоупотребуваат за да се прават мангупи. Незаслужено. Ред е локалните администрации да си ги преземат работите во свои раце, па после кому колку му е вреден газот! |
| cane-do jovan,vlada@; cn vk, 18.10.2012 00:19:51 | Јован, ПРОБЛЕМИТЕ НЕ СЕ ЗАЕДНИЧКИ! Ти сонуваш ли? По која таа логика можеш да обвиниш некој кој скоро 7 години не е на власт? Обама и Ромни имаа јавна ТВ дебата, во која беа прашувани од гледачите (ќе дебатира вака ли Грујо?). Ромни го обвини Обама за лошата состојба во стопанството во последните 4 години. Што требаше сега Обама да му рече? И ти си крив? Такви работи можат само во земја без земја, во која логиката е делогика и вистината лага.
жт вк - Ајде кажи сега ШТО е реално направено, освен игралишта, споменици. Во училиштата нема тоалетна хартија, еј жт, ама има многу бронзи. Се возев викендов со воз. Возовите пред 45 години беа во многу подобра состојба. Срамота. Иако се стари можат да бидат бар чисти ама се катастрофа. Груевски даде две стратешки предизборни ветувања - дека ќе ја внесе земјата во евроатлантските структури и ќе обезбеди 8 милијарди евра сди. Без разлика за причините, ова не беше остварено. Во нормални земји тој би летал ко партал. Ама ова е далеку од таква земј |
| zagrizen, 18.10.2012 03:59:56 | Do Vane - Kavadarci, i treba da ti e preku takvo od Skopje, imas pravo. E vidis a na Skopjani (ama stari skopjani) im e preku takvo od provincijalci. Provincijalcite lecejki si gi svoite frustracii od mladosta pretpostavuvam od mladosta, koga ziveeja na selo, go unakazija Skopje, a so toa i Makedonija. Znaci NE SKOPJANI, tuku PROVINCIJALCITE se vinovni za toa. No vo edno sme soglasni, PREKU TAKVOTO nie e! Cane, e sto mislis sega Felco alijas Jovan vlada@ i zt vk te razbraa nesto ? Se somnevam! Neli Felco? |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 6°C
Ведро
|
Петок
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 8°C
|
Сабота
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 11°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совла��етелка (29)Јованка се обидува да го дискредитира Тито. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|