16.10.2012, 18:08 Мислења
Филе VS Груевски – шах, мат или пат
Нано Ружин
Три сценарија му се на располагање на премиерот во одговорот што треба да го подготви до декември, кога треба да се состанат европските лидери. Од нешто треба да се жртвува, но што би било тоа
„Вие сте на потег, драг премиере“. Со овие метафорични зборови на древната игра може најкусо да ја изразиме пораката на еврокомесарот Штефан Филе содржана во извештајот за напредокот на Македонија во реформите и позитивните препораки за утврдување на датумот на почетокот на преговорите со ЕУ за членство. Како што е познато, извештајот беше позитивен, охрабрувачи, кредибилен и со перспективи во дадениот контекст навистина да биде прифатен од Европскиот совет во декември оваа година.
И покрај многубројните критики и забелешки кон македонските состојби во државата, извештајот или поточно претприемачот Филе по изумот на високиот дијалог (ХЛАД), со кој настојуваше да го премости досега изгубеното на Македонија, сега предложи условено одвивање на преговорите. Неговата основна премија е: отпочнување на преговорите со ЕУ и решавање на спорот за името со Грција веќе во првото поглавје на овие преговори. Во епохата на пред- и постбукурешкиот период, поради упорното грчко „не“ таквата можност проструи и низ дипломатските кулоари на НАТО - испраќање покана за членство на Македонија со задолжително изнаоѓање компромисна формула за името во првите три месеци. Оваа формула беше наречена „регата“, инспирирана од трките на чамците на мирни води. Како што се движат кон целта, аспирантите пoпатно ги решаваат проблемите. Таквата можност во 2008 година не беше прифатлива за Атина, а уште помалку за Груевски. Грција беше и лута и осоколена од јакнењето на позициите на ЕУ во рамките на НАТО и слабеењето на претседателот Буш во заминување. Згора на тоа, Атина не сакаше да се стави во пасивна позиција бидејќи со попуштањето кон Македонија немаше што да добие. Груевски си имаше сопствена интелигентно испланирана агенда: „Ако не добиеме покана во Букурешт, ќе ја убедам Македонија дека го одбранивме името“.
Така и направи и ги доби изборите во 2008 година. Четири години подоцна, во четвртокот, премиерот изрази големо задоволство по повод извештајот на Европската комисија: „Работевме напорно и добивме реален Извештај... целосно сме свесни кои се предизвиците...“ Овој пат улогата на туркач во ЕУ ја презеде Штефан Филе, исто како што тоа го правеше претседателот Буш во 2008 година. Позицијата на Грција не е иста како во 2008, но сепак таа е доволно моќна да го оневозможи Европскиот совет да ја прифати препораката на Европската комисија. Не е исклучено и ЕУ да го имитира НАТО од 2008 година. На пример, да и' даде рок на Владата на Груевски да се договори со Грција околу Меморандумот и да овласти некое друго тело, како што НАТО во Букурешт го овласти Северноатлантскиот совет на ниво на амбасадори. Штом би бил изнајден компромисот автоматски би се одредил датумот за почетокот на преговорите.
Значи, се' се врти околу името и предизвиците со кои се соочува Груевски. Кои се вистинските предизвици за Груевски. Секако, се' е сврзано со изнаоѓањето солуција за името по пат на компромис. Во оваа операција тој се покажа како мошне тврд преговарач. Со талентот на добар патриотски популист даде до знаење дека секоја солуција за името ќе оди на референдум. Во однос на референдумското прашање имплицитно изјави дека тој е против промена на уставното име. Токму тоа може да биде и најголемата пречка за добивање условени преговори со ЕУ, со оглед дека и Атина се сомнева во решеноста на Груевски дека ќе понуди компромис. Од повеќе дипломатски извори беше потврдено дека со Папандреу биле на неколку милиметри од решавањето на македонско-грчкиот гордиев јазол, но во последен момент отстапил. Грчките дипломати изјавуваат дека предлогот на Папандреу се' уште е на маса и дека на потег е македонската страна. Значи, и според Атина и според Брисел даминиот гамбит или жртвувањето заради победата е во рацете на Груевски, со таа разлика што Атина инсистираше на жртвата пред отпочнувањето на преговорите, а Брисел со отворањето на пристапните преговори.
Дали Груевски ќе матира, ќе биде матиран или ќе се задоволи со пат-позицијата слична на тридецениската блокада на Турција? Во нашиот случајов се можни најмалку три сценарија. Првото сценарио е Европскиот совет во декември да ги прифати препораките на Европската комисија и да и' додели на Македонија датум за отпочнување на преговорите. За да се убеди највисокото тело на ЕУ ќе бидат потребни големи дипломатски напори и умеења за Атина да попушти.
Засега таквите изгледи се минимални, но постојат. Доколку Македонија добие зелено светло, Груевски ќе може да се пофали дека добил поддршка од ЕУ и не ќе размислува за предвремени избори пред да го реши проблемот. Охрабрен со датум за преговори и несебичните 250 милиони евра кредит на Светска банка ќе може и натаму да си поигрува со македонската дипломатија и да биде охрабруван, се' додека изјавува дека ќе го реши прашањето со името. За ЕУ е битно, какви-такви, реформите да продолжат, потоа да се одржува меѓуетничката стабилност и да продолжат преговорите околу името.
Овде се поставува централното прашање: дали Груевски ќе ја искористи широкоградоста на Филе да добие датум за преговори, а потоа да го „заборави“ името и затвoрањето на првото поглавје? Второто сценарио е Груевски да прифати компромисно решение на името и затворање на првото поглавје и брз прием во НАТО. Меѓутоа, токму овој влог му создава страв на Груевски, бидејќи тоа е отстапување од неговите популистички принципи – чувар на името благодарение на што победи на парламентарните, локални и претседателски избори. Дали ќе поседува моќ и сила да жртвува за Македонија да добие? На ова место можеме да искажеме и охрабрувања и сомнежи.
Третото сценарио е сценарио на статус кво, односно воопшто да не отпочнат пристапните преговори и покрај досега најпозитивниот и најохрабрувачкиот извештај за Македонија. Во тој случај, спин докторите и блиските интелектуалци на премиерот повторно ќе дојдат до израз и ќе истакнат дека Европа е расипана, Грците фашизоидни, а премиерот храбро го брани идентитетот кој не е за продажба. Од изнесеното може да се констатира дека се' повторно се сведува на „разумниот компромис“ на Ѓ.И. што треба да се направи со Атина и затоа претераниот триумфализам не треба да се предимензионира доколку Груевски не ризикува со даминиот гамбит. Во спротивно, Македонија и натаму ќе тапка во место пред вратите на НАТО и ЕУ.
Сепак, да го сочекаме возот од декември 2012 и да видиме дали приказната ќе тргне. Ако тргне, среќен пат премиере во решавањето на првото поглавје посветено на името. Останува дилемата дали Македонија мораше да изоди толку голем кружен пат, да изгуби скапоцени години на чекања и повторно да се најде на истата стартна позиција – изнаоѓање обострано прифатливо име? Да не заборавиме дека тоа на Груевски му донесе популистичка популарност, удобна фотелја, а на народот корумпирана власт, загрозена демократија, огромна сиромаштија, невработеност и иднина со долгови.
(Авторот е универзитетски професор и член на ЛДП)
Наш став
Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација. |
|
Статијата е прочитана 1355 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 17.10.2012 00:46:14 | Makedonija e povrzana i so slucuvanjata vo Srbija, a tamu naveliko se zboruva za prekinuvanje na pregovorite so EU (toa e pod Rusko vlijanie).Ako toa se sluci, Makedonija tesko ke se izvleci od toa scenario(ke bide vovlecena vo Ruskite igri za Balkanot).Mirka i slicnite novinari se veke*mobilizirani* za otpocnuvanje*vojna*so EU. Ako od ova se izvleceme, togas sledi taa*zrtva* koja Evropa ja bara od nas, a toa e promena na imeto, a so toa ovaa ZEMJA(ne drzava)ke vlezi vo EU no totalno redefinirana. Toa togas ke bide drzava koja voopsto nema da lici na ovaa Makedonija kakva sto ja znaeme i zamisluvame. Koe scenario e podobro za nas, bog te pita. Vrti suci, i dvete se za nas fatalni.Za treto neznam, iako postoi. Ostanuva od dve zla da vidime koe e pomalo, bidejki tretoto moze da bide dibidus. Igrata e pri kraj. Nema uste dolgo da trae. |
| Miki, 17.10.2012 08:21:51 | Kolumnistov izbegnuva da go potencira najvazniot a mozebi i edinstveniot relevanten faktor za rascistuvanje (i kreiranje) na site papazjanii na Balkanov - Amerikancite! Ne deka ne znae ama..Vo niv e klucot, i morkovot i stapot, a Evropjanite..pa tie i samite ne mozat da si go sredat dvorot a Bogami nazad im e zimata - Skotska, Belgija, Katalonija, Baskija..Amerikancite ocigledno ne brzaat da ja ,,resat,, drzavickava, i se poveke lici deka poleka odat kon realizacija na stariot no nikogas zaboraven proekt - Makedonija-Svajcarija na Balkanite! A ovaa macna igra so ime, prezime, nadimak - pa ne lici na drugo osven totalno iscrpuvanje i zatapuvanje na lugjeto, do stepen na potpolna rezignacija i prifakjanje na se kako neminovnost.. |
| nekoj, 17.10.2012 12:01:58 | Samo vie makedoncite moze da oslucite sto sakate i kako sakate i ako celta vi e jasna, nikoj nema da stoi na patot, niti Srbija, niti Rusija... Problemot e sto Makeodnija pojma nema sto saka, niti ima plan. Se se sveduva na daj da ukrademe dodeka mozeme (te ednite te drugite) pritoa razmisluvajki premnogu plitko i samo od denes za utre. Za zal taka drzava ne se gradi zatoa i sekoj ja poturnuva Makeodnija kako sto saka. |
| Ace Golemiot, 17.10.2012 12:36:59 | Matiran e toj ushte koga se javi na makedonskata politichka scena (go oseca cela Makedonija), pa makedonskite glasachi, koj od sozaluvanje koj od inaet, mu davaat glas. Upravo od toa sozaluvanje i toj inaet, nekoi mu nudat reshenie so Rusija, nekoi do Ind, a nekoi bogami i preku Ind. Aferim! Shto ludje se toa koga ne mozat da najdat zaednichko reshenie i sozivot so svoite komshii, pa ke sorabotuvaat so nekoi dalechni. Ne svatlivo! |
| do Nano, 17.10.2012 16:58:50 | Koga povtorno nema da pocnat pregovorite so EU i koga jasno ke bide staveno do znaenje sekomu deka nema da se menuva imeto,ke cekam da ti go vidam tvoeto razocarano lice i bas me interesira sto ke pisuvas i zboruvas togas.Nekomu ne e sfatlivo kako ne mozeme da se razbereme so sosedite i sakame sorabotka so dalecni drzavi.Kako da imame dobrososedski odnosi koga baraat da smenime ime,baraat da go obezlicime identitetot,nekoi baraat da se zagrozi unitarniot sistem na drzavata.So takvi sosedi nevozmozno e dobri odnosi.Podobro da bideme vo ruskite igri otkolku vo turskite ili amerikanskite. |
| Do Miki, 17.10.2012 20:54:34 | Svajcarija na Balkanot mozese da se ostvari so eden drug lider, vo edno drugo vreme i so mnozinstvoto na narod so identitet razlicen ot denesniot. Za zal vo 21 vek mora samo da imame Ilirida plus anticko-slavo-asnomovski kanton so pola pasosi na eden od sosedite. Sekjavas li se za sto ide zbor? |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 6°C
Ведро
|
Петок
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 8°C
|
Сабота
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 11°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (29)Јованка се обидува да го дискредитира Тито. Специјално за своите читатели „Утрин��ки весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|