Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
10.07.2012, 14:10
Тревога за топлотен бран во 10 града



Министерството за труд и социјала на 25 фирми им изрече забрани за работа на отворено, бидејќи не ги почитувале препораките

Здравствените власти од денеска вклучија тревога за топлотен бран за 10 града во државата. Топлотниот аларм кој ќе трае и утре и задутре, е вклучен за Скопје, Куманово, Свети Николе, Велес, Штип, Струмица, Радовиш, Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија, кои се зафатени со топлотниот бран. Ова значи дека во овие градови ќе има дневни температури кои се невообичаени за јули. Министерот за здравство Никола Тодоров им порача на работодавците од овие градови, деновиве да ги ослободат од работни обврски бремените жени и лицата постари од 60 години, но и да го реорганизираат работното време за градежните работници кои работат на отворено во период од 11 до 16 часот. Во овој период од денот, и на градинките им се советува да не ги изнесуваат децата на отворено. За полесно справување со горештините, Министерството за здравство заедно со лекарите од Здравствен дом „Скопје“ од 18,30 до 21,30 часот отворија превентивни едукативни здравствени пунктови, и тоа во Скопје, Штип, Кочани, Струмица, Неготино, Велес. За останатите градови во земјава и натаму важат општите препораки.

За работа на отворено на плус 40 Целзиусови степени, денеска се изречени и првите казни за газдите.

Министерството за труд и социјална политика на 25 фирми им изрече решенија за забрана за работа на отворено, бидејќи и покрај препораките од државата, работниците ги терале да работат во критичниот период од денот од 11 до 17 часот. Најголем дел се, пред се', градежни фирми кои биле ангажирани од скопските општини. Поради забраните, стопирани се градежните работи на новиот објект на „Водовод и канализација“, потоа на кружниот тек во „Ѓорче Петров“, фирмите кои работат на уредување на булеварот „Климент Охридски“, на изградба на катните гаражи на булеварот „Крсте Мисирков“ и кај Цветниот пазар. Кои се фирмите, министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски не сакаше јавно да ги обелодени. Но, тој најави дека ако не се почитуваат забраните, ќе следуваат поголеми санкции и казни.

„Моментно во надворешни услови нема елементарни услови за работа во период од 11 до 17 часот и ќе продолжиме да го спроведуваме законот без разлика кој е работодавецот и на каков проект се работи“, потенцира Ристовски.

Тој лично контактирал со градоначалници на неколку скопски општини каде што се реализираат проекти на отворено и добил поддршка за забраните. Некои од нив веќе и самите им сугерирале на компаниите да ја намалат активност во периодот од 11 до 17 часот. „Бидејќи неколку пати е јавно кажано, од денеска нема да ги криеме субјектите кои ќе извршуваат работни задачи во тој период“, нагласи Ристовски.

Забраните уследија под притисок на јавноста дека ресорното министерство само дава препораки, а ги остави работниците на милост и немилост на газдите. Работниците беа принудени да работат на отворено, иако надворешните температури се искачуваат и до 40 Целзиусови степени. Од Министерството за труд и социјална политика се правдаат дека пред десетина дена прво настапиле со препораките до работодавците за да ги заштитат работниците кои работат на отворено, но откако инспекциите согледале дека не се почитуваат, се решиле да изрекуваат забрани за работа.

Инаку, и при претходниот топлотен бран препораките за заштита на работниците од високите температури не се почитуваа, но тогаш немаше забрани за фирмите. Останува нејасно, зошто дури сега министерството настапи со предупредување до несовесните газди.

И нашата снимка на теренот по Скопје, исто така, покажа дека градежните фирми ги олабавија своите активности. Веројатно заканата на ресорното министерство вроди со плод, па фирмите се исплашија. Најочигледно беше на зградата на парламентот каде што околу 12 часот немаше ниту еден работник кој работи на фасадата, иако претходниот ден на големо се работеше. (Ј.Ј.)





Статијата е прочитана 2023 пати.

Испрати коментар



Од октомври се укинуваат уште 12 квоти на лекови
Дрекслер Мајер ќе отвори 4.000 работни места
Во Сирија за два дена убиени 146 луѓе
СДСМ викендов во Богданци, Дојран и Валандово
Локализирани пожарите во Тетово, Ресен и Берово
Ѓорѓиев - 176 км локални и 74 км регионални патишта годинава
Линиќ - Хрватска се соочува со вондредна состојба
Седумстотини кандидати ги минаа тестовите за нови полицајци
Пронајден мртов маж кај поранешен автопазар
Јанкулоска на тестирање на идните полицајци
Во самоубиствен напад во Авганистан загинаа 22 лица
Од денеска сезонски воз за Солун
Топлотен аларм за половина држава
Јанчевски - Голем интерес кај фирмите за кредитите од ЕИБ
ВМРО-НП
Македонска помош за пожарите во Бугарија и Грција
Хакирана „Јаху“, 450.000 лозинки станаа јавни
За три години, државата вработила 9.000 Албанци
Стартува изградбата на облакодерите во Аеродром
Бесплатно лекување за пензионерите со пониски пензии
Место пресуда, одложување за „Метастаза“
Деветмина полицајци повредени во Северна Ирска
Мртва жена најдена во својата куќа
Зона за забранети летови над Лондон
За Кипар, Македонија е одговорна за спорот за името
Во Скопје прегазена 80-годишна жена
Деветнаесет загинати во судар на воз и камион во ЈАР
Ќе се приватизира „Кроација осигурување“
Продадена фабриката за стакло во Параќин
Аврамопулос - Ја поддржуваме евро-атлантската интеграција на Македонија
(ОБНОВЕНО) Убиениот во Струга настрадал во акција на полицијата
Триесет повредени во судар на три автобуси во Белград
Грците не веруваат дека Владата може да се справи со проблемите
Дете загина во Тетово од силното невреме
(ФОТО) Повеќе интервенции во Скопје по синоќешното невреме
Cончево и многу топло
Загина скутерџија во Охридското Езеро
Вангеловски се откажа од трката за претседател на Врховен суд
Ќе нема награда „Киро Глигоров“
Груевски - Сум и ќе бидам предводник на македонизмот!
Грција бара суштински преговори
(ФОТО) Го истетовираа Тодор Александров
(ВИДЕО) Измамник земал пари од граѓани лаж��јќи дека работи во Влада
Тодоровиќ - Ѕидот на Водно беше нестручно изведен
Од сабота сезонски воз до Солун
(ФОТО) Изгоре магацин на „Агроплод“ во Ресен
Басеску ја обвини владејачката партија за тоталитаризам
Ратко Младиќ пренесен во болница
Уште две затворски казни за оружје во случајот „Монструм“
Достапни нови 10,7 милиони евра за македонските компании
Арифи - Дијалогот на високо ниво ќе го раздвижи и граѓанскиот сектор
Вкупно 54 станбени објекти ќе ги обноват фасадите
Казнети 83 фирми со забрана за работа на отворен простор
Можни катастрофални промени на времето
Шестмина алпинисти загинаа на Монблан
„Пежо-Цитроен“ ќе укине 8.000 работни места
Стапува во сила забраната за движење на скутерите
Пoради поплавите во Кина евакуирани 200.000 луѓе
Изгоре борова шума во Осломеј
Cончево и многу топло
(ФОТО) МПМ добитник на награда за филантропија
Владата препорачува работно време од 7 до 15 часот
Пешевски - Решението е во програмата на Владата
Полицискиот синдикат со вода ќе ги разладува своите колеги
Берлускони подготвува камбек
Државната матура положена со просечна оценка 3,10
ДОМ - Природата ја казнува ароганцијата на капиталот
Кај Старо Градско пронајдени гранати од Првата светска војна
Затвореник им избега на полицајци во Куманово
Се самоуби сопственикот на рестораните „Кај Злате“
Лагард - ММФ не е вреќа со пари само за Европа
(ФОТО) Кавадарчанец освои бронза на натпревар за генијалци
Франсоа Оланд е за Европа со различни брзини
За инцест - седум години затвор
Бучавата го зголемува ризикот од срцев удар
Летаа покриви на училишта, градинки и домови во Штип
Нападнат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола
Индија сака посилна соработка со Македонија
Јолевски - Македонија е подготвена за подобрување на односите со Грција
Земјината популација надмина седум милијарди луѓе
Седумнаесет години од геноцидот во Сребреница
Почина девојче од Финска од прекумерно конзумирање вода
Мињон - За Грција претставува чест ако го прекине спорот за името
Вдовицата на Арафат ќе поднесе тужба во Франција
Министерот Попоски ќе се сретне шефот на индиската дипломатија
„Анонимните“ објавија податоци на стотици педофили
Пад на ценaта на нафтата на светските берзи
Cончево и многу топло
Повредени 27 припадници на АРМ во сообраќајка
(ФОТО) Се урна потпорен ѕид на Водно, жителите на зградите евакуирани
Ставрески
Минималец за земјоделците од 8.080 денари
Потпишан договорот за српска влада
(ФОТО) „Вранец спешл селекшн“ на „Тиквеш“ влезе во светската винска елита
Сто милиони денари за 550 нови вработувања
Браќата молчат зошто претепаа тетовец до смрт
Жена убиена во центарот на Струга
Нов контингент на АРМ замина во Авганистан
Николиќ - Потребен е консензус за Косово
Сметка за телефон од милион долари
Струен удар усмрти 21-годишна девојка
Стo милиони евра достапни за македонските компании
Девојче повредено од скутер на плажа во Струга
Британците читаат на Интернет, Германците во весници
Австрија и Словачка ќе лобираат за преговори
Братоубиство во сервис за миење возила во Скопје
Солунскиот градоначаланик го критикува Груевски
Приведени осомничените за нападот врз тетовецот Стерјоски
Лајчак и Шпинделегер во посета на Македонија
Шпанија доби помош од 30 милијарди евра
Уставниот суд го потврди отстранувањето на Трајан Басеску
Изминатава година најтопла во историјата на САД
Времето сончево и многу топло
Откриена криминална група која фалсификувала документи
Во Аеродром се легализираа уште 150 објекти
НЛБ Тутунска банка најдобра банка во Македонија за 2012 година
Тадиќ - Ракувањето со Хашим Тачи беше симболично
Опозицијата не дојде на координација кај Велјаноски
Грчкиот парламент и изгласа доверба на новата Влада
Нова Бела книга на одбраната за 20 години од формирањето на АРМ

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Ведро

Недела
Сончево
Макс: 41°C, Мин: 18°C

Понеделник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) Повеќе интервенции во Скопје по силното невреме
Противпожарната единица во текот на ноќта интервенирала на 28 места...
(ИНТЕРВЈУ) Сузан Сарандон: Се уште сум хипи-девојка
Моите синови десет години не ги гледаат моите филмови и немаат интерес за тоа, ни изјави холивудската актерка во Карлови...
(ФОТО) МПМ добитник на награда за филантропија
Во име на вработените на Медиа Принт Македонија наградата ја прими Виктор Доневски, извршен директор во компанијата...
(ФОТО) Го истетовираа Тодор Александров
На околната ограда со црн спреј е напишано „Грујо носи си го“, а петметарската бронзена скулптура е испрскана со бела бо...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |