10.07.2012, 13:23 Сметка за телефон од милион долари
Американскиот претприемач Мајкл Смит води судски спор со телекомуникациската компанија „АТиТ“ бидејќи му доставила сметка од милион долари, која како што вели, е издадена со измама.
Смит рече дека во 2009 година некој влегол во телефонскиот систем на неговата компанија и направил сметка од речиси 900.000 долари со повици во Сомалија.
„АТиТ“ бара од Смит 1,15 милиони долари, колку што заедно покриваат трошоците за телефонски повици и Интернет.
Смит рече дека ако биде принуден да ја плати сметката, неговата компанија ќе биде затворена и неговите 14 работници ќе ја изгубат работата. |