11.07.2012, 12:10 Земјината популација надмина седум милијарди луѓе
Бројот на населението на Земјата достигна 7.057.608.000 лица, изјави портпаролката на германскиот Фонд за светско население, Уте Шалмајстер.
- Двигател на растот на населението на планетата се земјите во развој, истакна Шалмајстер.
Во Африка бројот на населението во 21. век ќе се зголеми до 3,5 милијарди луѓе. Најголем раст на бројот на жители на Црниот континент се очекува во регионите јужно од Сахара, каде секоја жена во просек раѓа по пет деца.
Портпаролката на Фондот го истакна заострувањето на проблемите, кои се поврзани со зголемувањето на населението.
- Иако, голем број африкански земји постигнаа успех во борбата со гладот, процентот на гладни во земјите во развој останува 16 отсто. Владите на овие земји не можат да го ��рехранат населението, нагласи Шалмајстер.
Проблем претставува и недостигот на вода, што веќе е причина за голем број конфликти и војни. Годишно населението на Земјата се зголемува за околу 80 милиони лица.
Денеска е Светскиот ден на населението, кој е прогласен од ОН во 1989 година. |