11.07.2012, 14:46 ДОМ: Природата ја казнува ароганцијата на капиталот
Од партијата посочуваат дека веќе неколку години наназад нивните укажувања за состојбите на Водно се игнорираат
ДОМ смета дека со уривањето на потпорниот ѕид на Водно, лизгањето на земјиштето и евакуацијата на станарите, вклучен е црвениот аларм за запирање на неконтролираната урбанизацијата на Водно.
Од оваа партија посочуваат дека веќе неколку години наназад нивните укажувања за состојбите на Водно, не наишле на разбирање кај институциите и инвеститорите и оти се покажало дека со ароганцијата на капиталот не може да се потчини природата, туку крајно време е да почнеме да ги почитуваме природните законитости.
- Трката за престиж го д��веде во опасност животот, здравјето и безбедноста на луѓето. Денеска се евакуирани само десетина семејства, утре може да бидат илјадници, а можни се и големи човечки жртви. Кој ќе ја сноси одговорноста, велат од ДОМ и предлагаат, меѓу другото, итно стопирање на носењето на спорните урбанистички планови, преиспитување на дадените дозволи за градба на сите објекти на падините на Водно, запирање на работата на објектите во изградба кои не ги исполнуваат стандардите, и конечно, да се постави горната граница на урбанизацијата на планината. |