Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
13.07.2012, 18:18

Иницијативноста на Владата не влева оптимизам за името

Дали некои идни разговори со Грција може да добијат поголема доза на искреност и реалност, наспроти досегашните средби исполнети со премногу виртуелни елементи


Наум Котевски



Дали фрлената ракавица од македонската влада до Грција за динамизирање, не само на комуникацијата, туку и на соработката на повеќе нивоа, како и реакцијата од Атина дека е време за суштински напредок, а не само за фотографирање, можат да го тргнат од рингот фрлениот пешкир од двете страни. Или дали некои идни разговори меѓу двата соседа за проблемот со името можат да добијат поголема доза на искреност и реалност, наспроти досегашните средби усложнети со премногу виртуелни елементи.

Размислувањата на поупатените одат во насока на тоа дека секоја иницијатива, во период на драстично нарушени односи, е добре дојдена, иако, навидум, спектакуларноста што ја содржи оваа најновата не може да донесе кој знае каков оптимизам за брзо решение на спорот.

Експремиерот Владо Бучковски вели дека покажувањето добра волја од страна на македонската влада не треба да се дочека на нож и дека несомнено треба да следи период на градење меѓусебна доверба. Тој во придвижувањата меѓу Скопје и во Атина, всушност, гледа поместување зад официјалната сцена.

„Не сум оптимист, но добра е каква било иницијатива. Мислам дека последните случувања покажуваат дека притисокот од меѓународниот фактор, особено од Вашингтон, е посилен и кон Македонија и кон Грција“, посочува Бучковски.

Предлогот на македонската Влада за потпишување декларација за пријателство и соработка, основање заеднички образовно-историски комитет, потпишување рамковен предлог за унапредување на билатерални��е односи, основање заеднички комитет кој ќе биде составен од претставници на министерствата за внатрешни работи на двете земји, регулирање на економската соработка преку склучување договор за одбегнување на двојното оданочување... за Бучковски е спектакуларен и со него, како што вели, практично се нуди нешто што треба да го задоволи интересот на оние кои го туркаат процесот.

Амбасадорот Ристо Никовски смета дека постојано треба да поставуваме прашања, особено по самитот во Чикаго, каде, како што додава, ни е поставен јасен ултиматум - првин името, па влез во НАТО.

„Секоја иницијатива е позитивна. Мора да бараме нови патишта и начини за решавање на спорот, иако мора да се води сметка дека нема решение додека Грција е во криза“, смета Никовски.

Во однос на ставот на Бучковски дека меѓународниот фактор го зголемува притисокот, Никовски вели дека Грција не е под притисок. „За разлика од нив, ние сме во едно менгеме и оставени сме во безизлез, практично самите да капитулираме“.

Во својот одговор на предлозите на македонската влада, портпаролот на министерството за надворешни работи на Грција, Григорис Делавекурас, свесно, или не, направи граница меѓу конструктивноста на вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи и, како што ги нарече, бескомпромисните политики на Груевски.

„Од посетата на вицепремиерката Арифи во Атина е почната соработка меѓу двете држави на технократско ниво за европски прашања. Освен посетата на Арифи и актуелниот шеф на дипломатијата, Димитрис Аврамопулос, додека беше министер за одбрана во владата на Лукас Пападимос се сретна со неговиот македонски колега Фатмир Бесими. Овие средби се показател дека кога Грција гледа соговорник подготвен за суштински разговори и напредување покажува спремност за соработка и презема иницијативи за средби и разговори“, рекоа од грчкото МНР.

По изјавата на Делавекурас, вчера дојде реакција од македонското МНР: „Македонија е заинтересирана за водење директен, суштински и конструктивен дијалог со Грција, со цел надминување на сите реални и наметнати бариери што ги оптоваруваат односите меѓу двете земји. Во тој контекст, Македонија изразува целосна подготвеност и добра волја за искрен и содржаен пристап во дијалог на секое ниво, секое место и во секој контекст ја реафирмира македонската позиција за дијалог со Грција“, се наведува во изјава за МИА на портпаролот на МНР, Борче Стамов.

Според Бучковски, јасна е тенденција на Грците да го насочат проблемот кон ВМРО-ДПМНЕ и Груевски и да покажат дека во владата, сепак, има министри кои се конструктивни.

„Можеби и не се далеку од вистината. Јас кога бев премиер немаше никакви проблеми во комуникацијата и имаше далеку попозитивна клима и во секој поглед наоѓавме партнер во Грција. Инаку, таму од поодамна е создадена перцепција дека Груевски е националистот со кого не може да се преговара“, вели Бучковски.

Никовски, пак, во овој контекст на драматичен начин побара внимателност од Владата. „Тоа претставува подметнување кукавички јајца. Доколку постои предлог за нова средба со албанскиот дел од владата, треба енергично да се одбие. Работата е едноставна како, да речеме, во фудбалот. Ако имате слабо лево крило, противникот ќе се обиде од таа страна да ве напаѓа и да поентира. Крајно време е да не бидеме наивни на тие пионерски дипломатски игри“, резонира Никовски.


Статијата е прочитана 748 пати.

Испрати коментар



СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ
ДУИ
ВМРО-НП
Над 176.000 гласачи се вишок во Избирачкиот список
Атина



Коста Стоименовски, 14.07.2012 00:58:22
Македонската страна треба дефинитивно да се определи дали е навистина заинтересирана за решавање на спорот со Грција околу името, а тоа може да се постигне само со „разумен компромис“ (Горѓе), односно со прифаќање на придавка/додавка во името или и натаму ќе истапува со разни „иницијативи“ за решавање на спорот, а при тоа упорно опстојува на ставот дека нема промена на уставното име на нашата држава! Домашната јавност може лесно да се замајува, но не и меѓународната јавност! Многу сум изненаден што македонските новинари упорно бараат мислење од „експертот“ за дипломатија Р. Никовски кој секојдневно ги менува ставовите со цел да и се додвори на власта, не водејќи сметка дека со тоа нанесува штета и на власта и на државата!
pile, 14.07.2012 06:59:08
...Инаку, таму од поодамна е создадена перцепција дека Груевски е националистот со кого не може да се преговара“, вели Бучковски.Za kakov toa nacionalist zboruvate G-dine Buckovski, za borec za kauzata na Makedonskiot narod, pa i Vie li sine brute, spomen obelezjjeto da ne e naracano veke.Politikata od tipot karma kasa kako na vnatresen, so partizacija na instituciite, vo beskurpuloznata borba protiv sekoj sto ne e slep poslusnik a za politickite protivnici da ne spomenuvame,sekoj sto ne e so DPMNE e protiv niv,so donesuvanje na Avtenticnoto tolkuvanje na Zakonot za amnestija so nemanje rezultati vo borbata protiv organiziraniot kriminal,nesloboda na mediumite, nevladeenje na pravoto kako i neprifakanjeto na VS od 1995 godina so izjavi od tipot VS e zjiva katastrofa,i prifakanje na ime Republika Makedonija (Skopje),e Nacionalist NO CIJ.Vo Krivicniot Zakon na Republika Makedonija pokraj deloto Velepredavstvo ima odredbi i za pottiknuvanje na takvoto delo,vnimavajte obelezjjeto neka ja n
jak diplomat, 14.07.2012 07:41:53
e mori majko koj vodi drzava. si kazuva grujo kako bi odel toj vo atina, pa da sednat so samaras na kafe vo nekoja zaharoplasteo itd, itd. muabet kako zenite na pazar. onoj pa minister sakal da odi vo voden da pie kafe. i tamu da pravi muabet za imeto. jadna diplomatija. tie ne gi pustaat vo seloto. ovie ja baraat na popot kucata.
ФЕЛИКС, 14.07.2012 09:06:41
И кога има било каква иницијатива од страна на владата визави проблемот со името веднаш се испорачува скепса тука од типот,,абе дали се има искрени намери од страна на владат,,. Можеби некому овдека му се бендисува искрениот став на јужниот председател Папуљас,,да се нема ништо во врска со Македонизмот,во спротивно вратите за влез во ЕУ и НАТО се затворени за вјеки вјеков,,Инаку станува предосадно да се коментираат промашени или недокажани ексдипломати кој ,,солат памет,,за барање решение за проблемот,а никогаш не се осмелуваат да понудат сопствен начин како тоа би се решило.Дури и се критикуваат оние кој велата да треба да бидеме крајно препазливи,а се од аспект на професионална завист.
informiran, 14.07.2012 10:25:20
nasive treba strogo da se drzat do mandatot na rezolucijata na Sovetot za Bezbednost. Pogotovo vo situacija koga Grcija ne e zainteresirana so nas da razgovara OZBILNO za iznavodjanje resenie.Pozdrav
Mirko, 14.07.2012 10:43:48
Mislam, deka treba da svatime, deka sme, kako drzava rodeni 1992 godina i kako novorodeno bebe, treba da imame i ime. Kumasini ima na site strani.Problem moze da bidne samo, po moe mislenje, indetitet i nisto poveke. Ako ne priznaat kako makedonci i jazikot makedonski, vo sto e sega problem? Od grcka strana problem e samo ime i nisto poveke? Sto smeta, ako bidneme imenuvani po geografska odrednica?
nacional-patriot, 15.07.2012 06:12:21
Se soglasuvam so stavovite na Nikovski osven vo ona deka dodeka Atina e vo kriza nema da ima dogovor.I eventualnoto izleguvanje od krizata,nema da ima dogovor so Atina.I koga Atina ne bese vo kriza ne mozese da se dojde do dogovor.So ili bez kriza vo Atina,nikogas nema da ima dogovor.Ovoj spor sto go pocna Atina e ili-ili.Koga e vaka vo nekoj spor,nevozmozno e dogovor.Ili Makedonija ke smeni ime,ili Atina ke prifati deka za sekade vo svetot ke bide imeto Macedonia.No nitu Makedonija ke smeni ime,a nitu Atina ke go prifati imeto Makedonija i ke prodolzi Atina da se inati.Atina osven promena na imeto na drzavata,bara i promena na imeto na identitetot i na imeto na jazikot.Toa nekolkupati go izjavija politicari od Atina.No nekoi od pobornicite za kompromis(predavnici)vo Makedonija,tie izjavi iako gi slusaat,ne sakaat da veruvaat vo ona sto go slusaat od Atina i glumat ludilo.Istoto im se slucuva i na nekoi komentatori ovde.Neka stavi Francija dodavka na nejzinoto ime ako dodavk ne smeta.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 12°C

Вторник
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 11 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Првите олимпијци пристигнуваат денеска во Лондон
На аеродромот Хитроу пристигнуваат првите 335 спортисти и нивните тренери, меѓу кои се наоѓаат олимпијци од САД, Канада,...
Лондон ја почна борбата против допингот
Анти-допинг центарот на ОИ ќе тестира 6.000 спортисти плус сите освојувачи на медали, се' до деветти септември...
Киднапиран претседателот на „Олимпискиот комитет“
Креветите во Олимпиското село долги само 172 см
Игри со 5.000 допинг-тестови и 150.000 кондоми
Темната страна на Олимписките игри

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |