10.07.2012, 10:07 Лајчак и Шпинделегер во посета на Македонија
На средбите со македонскиот државен врв ќе стане збор за европските и евроатланските интеграции на Македонија
Шефовите на дипломатиите на Словачка и на Австрија, Мирослав Лајчак и Михаел Шпинделегер денеска ќе престојуваат во официјална посета на Република Македонија.
За време на престојот ќе разговараат со својот домаќин, министерот за надворешни работи Никола Попоски, а ќе бидат примени и од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
Од Кабинетот на претседателот информираат дека на средбата со двајцата министри за надворешни работи, ќе стане збор за европските и евроатланските интеграции на Република Македонија и можностите за нивно што поскоро деблокирање. |