09.07.2012, 13:33 НЛБ Тутунска банка најдобра банка во Македонија за 2012 година
НЛБ Тутунска банка е прогласена за најдобра банка во Македонија за 2012 година од угледниот финансиски магазин „Еуромани“. На свечената церемонија, која се одржа на 5 јули во Лондон, угледниот финансиски магазин ги додели глобалните и регионалните награди за најдобрите во банкарството во 2012 година.
Наградата за најдобрите во банкарството се базира на постигнати финансиски резултати, квалитет на продуктите и услугите на банката, иновативност во работењето и лидерство во банкарскиот сектор во 2011 година. (Ек.Р.)
|