13.07.2012, 18:10 Едиторијал
Нападите врз Глигоров
Александра М. Митевска
На Денот на независноста нема да се доделува државна награда „Киро Глигоров“. Таков е епилогот од дводневната исцрпувачка расправа во парламентот, во која на говорницата беа извадени доста валкани алишта, додека со многу страст, а со малку издржани аргументи се дебатираше за историските текови од антиката до денес, а пратениците не штедеа епитети за меѓусебна дисквалификација... Некои ја преоценуваа и улогата во поновата македонска историја на Глигоров, кому му симнаа капа многумина светски политичари и дипломати - негови современици, на кои не им беше потребна „временска дистанца“ за да ги сфатат заслугите на првиот претседател на независна Македонија.
Една позитивна иницијатива за воведување државна награда произведе многу негативна енергија во законодавниот дом и сосема ја измести дискусијата од лежиштето. Но, жолчната расправа за ликот и делото на Глигоров не смени ништо суштинско (државна награда во чест на првиот шеф на државата немаше и ќе нема, барем уште догледно време), освен што исфрли на површина многу фрустрации и уште повеќе ја изостри перцепцијата за длабока поделеност во политичко ткиво на Македонците, особено за прашања што го допираат минатото.
За одлуката на владејачките пратеници да го осуетат предлогот на опозицијата за нова државна награда која би го носела името на Глигоров може да се каже дека беше очекувана. Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема туку така да излезе од својот код на однесување и да прифати иницијатива што потекнува од политичкиот противник, особено ако таа се однесува на личност која не припаѓа на нивниот идеолошки табор. Во најдобар случај, имајќи предвид дека во плурално општество н��чии дела се поважни од политичката определба, можеше да се очекува владејачката гарнитура да настапи со некоја паралелна иницијатива, што и се' случи со неуспешниот обид името на Глигоров да го носи булеварот кој почнува од мостот „Тодор Александров“...
Од аспект на таа вечна политичка битка, да речеме дека одлуката на владејачкото мнозинство да ја отфрли идејата за нова државна награда е легитимна, како што е легитимен и предлогот на опозицијата. Може да се прифати и аргументацијата дека предлогот бил избрзан и дека е потребна историска дистанца за делото на Глигоров. Но, тешко е да се најде разбирање за желбата, по секоја цена, да се влезе во дискусија за првиот шеф на државата и при тоа да не се избираат зборови за себевеличење, а за минимизирање на неговата улога. Како што, на пример, тоа го направи пратеничката Силвана Бонева, која едно време говореше какви заслуги имале нејзини роднини и членови на нејзиното семејство, и тоа неколку колена наназад, во борбата за самостојна Македонија, а потоа го поврза Глигоров со некакви сили кои биле против независноста на државата. Бонева искористи прилика да каже дека поранешниот претседател верувал во опстанок на Југославија и не го спречил регрутирањето на македонските војници во ЈНА, додека таа во Струмица лично изразила револт и го повикувала Глигоров да излезе, но тој „се криел во глувчешка дупка“....
Првиот македонски претседател по отцепувањето од СФРЈ, почина во јануари, на 94 години. Семејството му ја исполни последната желба - неговото испраќање да биде без државни и црковни почести. На погребот немаше претставници на Владата. Многу странски државници испратија телеграми со сочуство, истакнувајќи ја важната улога на Глогоров во разрешувањето на југословенската криза и во осамостојувањето на нашата држава по мирен пат, а поранешниот американски амбасадор во Македонија, Кристофер Хил, напиша: „Ќе помине време пред при��онесите на Глигоров да бидат признаени во неговата проблематична татковина“. |
|
Статијата е прочитана 1915 пати.
|
Испрати коментар
|
|
demokrat, 14.07.2012 02:32:38 | Zaslugite na Gligorov vo procesot na osamostojuvanje se jasni I neosporlivi. No vo politickata biografija na Gligorov stojat 45 somnitelni godini na politicko dejstvuvanje koi frlaat edna golema crna damka vo negovata politicka kariera. Dodeka edni za istata taa ideja za nezavisna Makedonija bea lesno i efikasno zatvarani a vo nekoi slusai i fizicki likvidirani, toj uzivase so udobnite fotelji vo Belgrad od kade sekojdnevno ne ubeduvase so ispravnosta na socijalistickoto samoupravuvanje i voopsto vo politickiot sistem koj mu ovozmozi komotna politicka sigurnost i vlast. Makedonija od osamostojuvanjeto napravi mnogu greski no najsustinskata e taa sto dozvoli temelite novoto demokratsko opstestvo na go udrat ,,reformirani,, komunisti koi preku nok stanaa ,,najgolemite demokrati,,! Pogolem paradoks od ova zdravje... |
| Mi se machi od takvi kako Boneva, 14.07.2012 07:10:00 | Silvana e posle Gruevski naj sposobnata i naj zasluznata osoba vo ponovata makedonska istorija. A po nea sleduvaat Bichikliski i onoj predsedatelot na centarot na DPMNE za dezinformacii. Ete tolku e zasluzen da ne mozev nitu imeto da mu go zapamtam. Stvarno na choveka da mu se smachi. Shto (ne)ludje se ovie znam, ama shto se onie shto gi biraat, navistina ne znam. Neka ni e Gospod na pomosh. |
| Istocna Makedonija, 14.07.2012 08:18:07 | Tie sto histericno go blatea od Sobraniskata govorni
ca Kiro Gligorov, treba da sfatat deka toj e veke
istoriska licnost,so definiran zivoten pat,dela,mesto i
uloga.Nekoi bea tolku nevkusni,a se i samite promo
viraa deka vo nekoi vreminja bile revolucionerni.
Zaboravaat kako slucajni statisti na aktuelnava politi
cka scena,vecno ke ostanat marginalci i vo sluzba na naracani agendi,a sekogas degutantni koga napagaat istoriski licnosti. |
| kris, 14.07.2012 08:25:06 | Последната реченица на Хил кажува се...... само јас би додал Проблематична татковина која група тупамароси ја водат во пропсат............. |
| Miki, 14.07.2012 09:25:34 |
A zosto e problematicna???????Ako e tolku zasluzen trebalo da ja napravi da ne bide takva...rabotel za nea neli poveke od 50 god..Ako e problematicna,togas negova zasluga e..... |
| kanagjanka, 14.07.2012 09:38:30 | Најголем срам за Македонија ќе бидат токму овие години на владеење на ВМРО. Во историјата овие години ќе влезат како години на најстрашното назадување на нашата татковина, кое би можело многу лесно да резултира и нејзин распад. Бонева и сите од нејзиниот табор се смртна опасност за сите нас. Вистински патриоти ГИНАТ, а не се само-рекламираат од народни пари. Не постои ниеден кадарен во МК да го критикува/оспорува делото на Киро Глигоров. Мора да е или луд или добро платен. Но и в�� двата случаи изостанува било какво сознание за етика и морал! |
| vladimir, 14.07.2012 17:25:52 | Zalno e da se se priznavaat zaslugite na prviot pretsedatek,b sigurno za nekoi bil dobar za nekoi ne, no sepak bil prv prretsedatel na Makedonija i uspeal da ja socuva za site nas na bilo koj nacin.
|
| ODNADVOR, 14.07.2012 18:46:23 | Nikoj nema pravo na Pretsedatelot Gligorov *da mu go odzema onoa, sto nemoze da mu go dade*;dostoinstoto i blagorodnosta koi go krasea i gi noseshe vo sebe. Taka i zamina; dostoinstveno, *so kjralska smrt*. Ja vodese drzavata kako prav umetnik vo diplomatija,sto mu bese priznaeno od svetskata politicka elita .Vo negovo vreme imase Makedonija daleku poveke prijateli podrzuvaci, odosto deneska so *tolkav broj patrioti* koi mozea so uspeh da go koristat negovoo ime, bez da go valkaat i zloupotrebuvaat .Da go ostavime da pociva vo mir, taka kako sto zamina mirno, ne barajki nikakva pompeznost i politicko profiterstvo od svojata smrt. A nie, za sram, ne sme kadarni da mu najdeme edno dostojno mesto kade nema da bide pomeshan so bilokakvi predavnici, unistuvaci na Makedonija, licnosti so nerazjasneto somnitelno minato koi sakaat *mizi-butaj* da ni gi sprovnat preku spomenici i muzei....
|
| Зоран, 14.07.2012 19:37:27 | Можеби не им се допаѓа зошто е дојден како словен во VI век. |
| chicago, 15.07.2012 02:27:15 | Silvana boneva i grujo treba da mu palat sveka na G-dinot KIRO GLIGOROV i site ostanati MAKEDONCI zasto ako ne bese toj i negovata mudra politika vo 1990-1991 sega polovina od site nas ili ke bea izbeglici ili 2 metra pod zemja i koj znae sto ke bese od Makedonija. Ako ne se sekavaat ima video od intervjuto na Gligorov za JNA i za general Adjic pa neka se potsetat. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 20°C
Ведро
|
Понеделник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 12°C
|
Вторник
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 12°C
|
|
|
|
|
|