10.07.2012, 22:39 Повредени 27 припадници на АРМ во сообраќајка
Несреќата се случила околу 16.25 часот на 20 километри од Штип, на раскрсницата кај Криволак
ФОТО: „Вест“
Триесетина лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на патото Штип - Радопвиш, кај крстосницата за Неготино.
Портпаролот на СВР Штип Снежана Санева изјави дека несреќата се случила во 16 часот и 25 минути помеѓу автобус „Санос“ сопственост на „Струмица експрес“ во кој се наоѓале 32 патници вработени во АРМ и патничко моторно возило „Ауди“ со штипски ознаки управувано од Д.В. (1974) од Кочани, а во коe биле и Н.В. (2001) и уште едно лице од Кочани.
- Патниците од автомобилот Д.В. и Н.В. се здобиле со тешки телесни повреди и поради сериозноста се пренесени во Клинички центар Скопје, а другиот сопатник од возилото се наоѓа во Клиничката болница Штип, рече Санева.
Повредените 27 патници од автобусот се пренесени во струмичката болница. Кај едно лице се констатирани тешки телесни повреди, а останатите патници поминале со лесни повреди.
Првична штета се проценува на околу 600.000 денари.
Полицијата, истражен судија и јавен обвинител ивршија увид на местото на несреќата и ги утвгрдуваат причините за несреќата.
Повредените пуштени на домашно лекување
Дваесет и седум лица повредени во сообраќајнатa несреќа што се случи на патот Штип - Радовиш, кај крстосницата за Неготино, синоќа биле примени во хируршката амбуланта во струмичката болница.
Според дежурниот лекар Тимо Данчев, кај примените патници се работело за полесни повреди и исекотени, а само во еден случај е побарано дополнителна проверка на ренген.
По укажаната прва помош патници се упатени на домашна нега, бидејќи не биле констатирани потешки повреди.
|