10.07.2012, 13:56 Николиќ: Потребен е консензус за Косово
Српскиот претседател Томислав Николиќ денеска изјави дека на Србија и е потребен консензус за Косово, што значи заземање заеднички став околу прашањето до која мерка косовските институции можат да ја извршуваат власта и кои се границите зад кои државата може да застане.
- Мислам дека повеќе никогаш нема да бидам претседател во Приштина, ниту пак претседателот на привремените власти во Приштина никогаш нема да биде претседател во Косовска Митровица, истакна Николиќ.
Според него, потребно е да се постигне консензус за тоа „што е Косово“ и како државата ќе се однесува кон Косово.
Николиќ додаде дека треба да се разгледа и во кој облик кон приштинските институции можат да бидат Српската православна црква на Косово, енклавите во кои Србите се мн��зинско население и што Србија застапува на меѓународните собири, под кои услови учествува, а под кои не.
- Треба да утврдиме дека Косово е наше и да имаме единствен став на власта и опозицијата, бидејќи дури тогаш можеме да бидеме силни, нагласи Николиќ.
Запрашан дали постојат нови услови поврзани со Косово, Николиќ истакна дека не треба да се очекуваат нови услови „кога постојано лебди во воздухот дека Србија треба да воспостави добри односи со соседната држава Косово.
- Понатаму од тоа не мораат ништо да ни цртаат ниту да ни зборуваат. Желбата на оние кои ја признале независноста е таа независност да биде целосна, а желбата на нас кои тоа не го прифаќаме, а кои народот не избрал, е тоа никогаш да не се оствари, нагласи српскиот претседател. |