09.07.2012, 13:26 Опозицијата не дојде на координација кај Велјаноски
На поканата се одѕваа Силвана Бонева, Талат Џафери, Имер Алиу, како и министерот за информатичко општество, Иво Ивановски
Опозициските партии од македонскиот блок не дојдоа и на денешната редовна координација кај претседателот на собранието, Трајко Вељаноски. Со него се сретнаа само координаторите на владејачките партии и на Демократската партија на Албанците. Координаторите од СДСМ, НСДП и ПЕИ не дојдоа кај спикерот, иако како што најавија од неговиот Кабинет, намерата била денеска да се договара барањето на опозицијата за организирање на надзорни расправи.
Собранискиот спикер жали што опозицијата не дошла на координација и ја повика да се воздржи од селективна примена на Законот ��а собрание.
„Од моја страна значи имаат поддршка секогаш кога е некое прашање поврзано со јакнењето на законодавната власт, но никако не смеат надзорните расправи да бидат во функција на поткрепа на некои митинзи или на блокирање на работата на Собранието“, рече Вељаноски.
На поканата на Вељаноски се одѕваа Силвана Бонева, Талат Џафери, Имер Алиу, како и членот на Владата, министерот за информатичко општество, Иво Ивановски, но не и претставник на пратеничката група на СДСМ.
Опозицијата предупредува дека претседателот на Собранието не може да го толкува законот како што сака, а уште помалку да го крши. Од опозицијата велат дека во законот јасно стои дека доколку 15 пратеници бараат надзорна расправа, таа задолжително се закажува.
|