12.07.2012, 09:22 Пoради поплавите во Кина евакуирани 200.000 луѓе
Над 200.000 луѓе се евакуирани од југозападната кинеска провинција Сечуан, поради поплавите што ја погодија областа, откако веќе десетина дена траат обилните дождови.
Од поплавите се загрозени повеќе од 580.000 жители во овој регион.
Локалните власти соопштија дека се уништени над 3.000 домови, а поплавени се и големи површини обработливо земјиште.
Нивото на водата на реката Кјуџијанг, која тече низ регионот на Сечуан, го надмина за 3,7 метри нивото кое се смета за ризично.
Локалните власти во погодените области испратија храна, медицинска помош и вода за пиење. |