10.07.2012, 09:41 Шпанија доби помош од 30 милијарди евра
Министрите за финансии на земјите од еврозоната постигнаа согласност на синоќешниот состанок во Брисел за финансиска помош на Шпанија, која за спас на банкарскиот сектор ќе добие прва транша од 30 милијарди евра кон крајот на месецот, изјави шефот на Еврогрупата Жан-Клод Јункер.
- Постигнавме согласност за политички договор за проектот на меморандум. Ќе го објавиме договорот во втората половина на месецот и ќе исплатиме 30 милијарди евра до крајот на месецот, нагласи Јункер.
Според него рокот за исплата на кредитот може да достигне до 15 години, додека вкупниот пакет помош за Шпанија ќе достигне 100 милијарди евра.
Министрите за финансии одлучија да и дадат на Шпанија уште една година, до 2014 година, за намалување на дефицитот до 3 проценти од бруто домаш��иот производ. |