11.07.2012, 13:41 Лагард: ММФ не е вреќа со пари само за Европа
Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, се налути на се' почестото користење на парите од фондот од европските држави и ги потсети дека неодамнешното зголемување на расположливите средства за помош на државите во криза не се наменети само за државите од Европа, туку и за сите членки на Фондот. Иако е јасно дека неколкумесечната акција на ММФ од своите членки да собере дополнителни средства за зголемување на капацитетот на фондот била првенствено наменета за создавање „резерви“ за санација на Европа, таа се обидува да ги смири донаторите со тезата дека за секој ќе има по нешто. „Тие средства кои ги издвоија многу држави од светот не се подарок, ниту субвенцијата. Тие и понатаму остануваат од државите за државите членки на Фо��дот“, истакна Лагард.
Според неа, средствата може да се користат само како помош во ситуација на нужност и се доделуваат декларативно и селективно на одредени делови од светот. „Тоа не е голема вреќа со пари наменета само за Европа“, додаде Лагард. Таа објасни дека ММФ брои 188 држави членки и дека никој не е имун на економската криза. „Моја должност е да создадеме услови за да можеме да ги задоволиме потребите на државите со низок или просечен доход, државите со економија во пораст, но и развиените држави. ММФ е тука за се'“, нагласи Лагард. (Ек.Р.)
|