10.07.2012, 12:43 Британците читаат на Интернет, Германците во весници
ЛОНДОН - Американците сакаат јавно да расправаат за вестите, Британците ги читаат на Интернет, па за нив главно не плаќаат, додека Германците сакаат да ги прочитаат во весници или да ги слушаат на радио... Тоа се резултатите што ги покажале истражувањата за консумација на медиумите објавена во понеделникот, на 9. јули.
Истражувањето е спроведено во Велика Британија, САД, Германија, Данска и Франција и открило дека во најголем број случаи, главен извор на информации се телевизијата и медиумите на Интернет.
Новинарот Ник Њуман, со седиште во Лондон, кој ја напишал студијата, рекол дека речиси 8 од 10 испитаници, во текот на една седмица ги прегледувале вестите онлајн, но преминот од печатени на дигитални медиуми е многу побавен отколку во други европски земји.
Германците покажале најголема верност на традиционалните облици на медиуми, така што само 6 од 10 луѓе, користеле извори на Интернет, во споредба со 8 од 10 во другите земји. Речиси 7 од 10 испитаници ги чита весниците или слуша вести на радио.
Во Британија, само 4 одсто од испитаниците некогаш плаќале за дигитални вести, во споредба со 12 одсто во Данска и меѓу 6 и 8 одсто во другите земји каде што е спроведено истражувањето.
Истражувањето е спроведено од YouGov за Ројтерсовиот институт за студии по новинарство на универзитетот Оксфорд. Истражувањето е спроведено на примерок на повеќе од 6000 луѓе, во текот на април.
|