10.07.2012, 13:10 Струен удар усмрти 21-годишна девојка
Дваесет и едногодишна девојка од крушевското село Норово загина од струен удар. Несреќата, како што соопшти МВР, се случи во понеделникот околу 15 часот кога Ѓулан А. заминала во бањата од семејната куќа да пере алишта. По кратко време, нејзината јатрва ја пронашла на подот без знаци на живот. Лекарите во Медицинскиот центар во Прилеп констатирале дека смртта настапила како последица од струен удар. По наредба на истражен судија, телото на починатата девојка е предадено за обдукција. (Г.А.)
|