09.07.2012, 13:35 Во Аеродром се легализираа уште 150 објекти
Уште 150 решенија за легализација на дивоградби се поделени во општина Аеродром. Градоначалникот Ивица Коневски денеска ги додели решенијата и како што кажа, над стотина семејства повеќе нема да стравуваат дека нивните куќи, изградени пред 30-40 години ќе бидат урнати. „Исто така, со решенијата што ги добија, не само што конечно го решаваат правниот статус на своите куќи, туку и официјално стануваат сопственици на градбите“, дополни Коневски.
Инаку, во Општина Аеродром досега се поднесени околу 10.000 барања за легализација на нелегални објекти, на чие легализирање општинската администрација работи интензивно и со забрзано темпо со цел да се завршат во разумен рок.
|