12.07.2012, 15:22 Тодоровиќ: Ѕидот на Водно беше нестручно изведен
„Лично не ми се допаѓа тоа што таму, наместо дрвја има згради, но постојат процедури и има систем според кој се носат урбанистичките планови. Инвестицијата на ѕидот, односно надминувањето е од страна на граѓаните и ѕидот паднал затоа што нестручно го извеле, а беше надмината и планираната големина. Дали има општината тука удел, во лошо изведен ѕид?“, изјави денеска градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, потенцирајќи дека истото претходно го навел и директорот на Институтот за земјотресно инженерство и сеизмика, Михаил Гаревски.
Таткото на Центар смета дека експертизата ќе ги утврди причините за паѓањето на ѕидот во писмен документ. „Има процедури и закони, има приватна сопственост. Ако имате приватна сопственост, ќе дојдете стотина пати за да изградите што поголемо и што повисоко. А во тоа, ако ви го дозволува законот, не може никој да ве спречи“, дополни Тодоровиќ. (Б.Ш.)
|