11.07.2012, 09:36 Министерот Попоски ќе се сретне со шефот на индиската дипломатија
На средбата се очекува да стане збор за изнаоѓање начини за унапредување на билатералната соработа
Државниот министер за надворешни работи на Република Индија Пренит Кор која престојува во дводневна посета на Република Македонија денеска ќе се сретне со македонскиот колега Никола Попоски.
На средбата се очекува да стане збор за изнаоѓање начини за унапредување на билатералната соработа во сите сфери од заеднички интерес, посебно во економијата, културата, образованието, науката и внатрешните работи.
Министерката Кор е придржувана од економска делегација. За време на престојот индиските бизнисмени ќе се сретнат со претставници на Агенцијата за странски инвестиц��и и промоција на извозот на Република Македонија, како и со претставници на Стопанската Комора на Македонија, Сојузот на Стопански Комори на Македонија и Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија.
Планирано е и потпишување меморандум за разбирање меѓу трите стопански комори во Република Македонија од една страна и Конфедерацијата на индиската индустрија. |