12.07.2012, 21:38 Загина скутерџија во Охридското Езеро
Животот го загуби лице од тетовско Дебреште, кое било на повремена работа во Данска. Се работи за момче на естрадната ѕвезда Биг Мама
Едно лице загина, а едно е во состојба на шок поради несреќата со скутер на вода што се случи доцна попладнево на Охридското езеро, еден километар од Струга кон селото Калишта.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, животот го загуби лице од тетовско Дебреште кое било на повремена работа во Данска. Неговата девојка, според првичните информации, естрадната ѕвезда Биг Мама, од претрпениот стрес се уште е неконтактибилна.
Очевидци го пријавиле случајот во полицијата, а веднаш била повикана и брза помош. На местото каде се превртел скутерот бил пронајден мртов м��ж, а жената што со него била на скутерот е тешко повредена, поради што е пренесена во струшката болница каде лекарите се борат за нејзиниот живот.
На местото на несреќата во тек е полициски увид кој треба да ги разјасни причините за трагедијата.
|