12.07.2012, 09:04 Изгоре борова шума во Осломеј
Големиот шумски пожар кој вчера попладне зафати борова шума на подрачјето на општина Осломеј, е локализиран. Авионите на Дирекцијата за заштита и спасување со осум прелети, успеаја денеска да ја изгаснат огнената стихија и да го спречат нејзиното ширење кон населените места. Во огнот кој ја зафати шумата меѓу селата Стрелци, Ново Село и Србица, според првичните проценки се изгорени околу 15 хектари претежно борова шума.
Пожарот избувна вчера околу 15.30 часот меѓу селата Стрелци и Ново Село.
Вработени од шумското стопанство „Лопушник” како и месното население правеле обиди за гаснење на пожарот, заедно со територијалната противпожарна единица, но не биле во можност да се справат со огнот кој брзо се ширел.
Поради тоа локалната само��права побарала побарала помош од Дирекцијата за заштита и спасување за дејствување од воздух. „Дирекцијата за заштита и спасување веднаш стави во дејство два свои противпожарни авиони, а вработените од Подрачното одделение за заштита и спасување - Кичево се наоѓаат на лице место и ја координираат целокупната акција за гаснење на овој пожар“, соопштија од дирекцијата. (Х.Р.)
|