12.07.2012, 15:01 Басеску ја обвини владејачката партија за тоталитаризам
Трајан Басеску, кому романскиот Парламент му ги одезеде овластувањата минатата недела, поради кршење на основните закони, изјави дека негова цел е да победи на референдумот на 29 јули. Басеску притоа истакна дека не го заштитува својот интерес или позиција, туку европска Романија.
На 29 јули Романците се повикани да гласаат за поддршка или против конечното отстранување од функцијата на Басеску, кој беше суспендиран со гласање во Парламентот на 6 јули.
Владејачкото левоцентристичко мнозинство го обвини конзервативецот Басеску за надминување на надлежностите и нарушување на Уставот.
Басеску доцна синоќа ја одржа првата прес-конференција откако ја напушти претседателската палата Котрочени. Тој изјави дека многу��ина сметаат на фактот дека поддршката за него е намалена како последица на проблемите, преку кои поминал заедно со владата во период на економска криза.
Во заклучоците Басеску изрази уверување дека Романците ќе бидат чесни кон својот претседател. |